bilten znm mart april 2013

Page 1

БИЛТЕН БРОЈ 12

НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА


РЕДОВНО НЕИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНА

24 декември – врата за Најголем дел од членовите сметаа дека ако сега не се инсистира на расчистување на иницидентот, тогаш такви инциденти ќе ни се повторат во иднина Izdava: Zdru`enie na novinarite na Makedonija, Gradski yid blok 13, 1000 Skopje; Tel: (+3892) 3298-139; Faks: (+3892) 3116-447, E-mail: contact@znm.org.mk

2

З

дружението на новинарите на Македонија на 13 април одржа годишно собрание, на кое учествуваа над сто членови на ЗНМ, а се водеше и многу конструктивна расправа. Беше дадена едногласна и силна поддршка за досегашната работа на раководството на ЗНМ и беа дадени насоки за идното дејствување. Собранито го потврди ставот на Управниот одбор на ЗНМ дека без расчистување на инцидентот од 24 декември со новинарите во Собранието, раководството на ЗНМ да не учествува во институционален дијалог со Владата. Најголем дел од членовите сметаа дека ако сега не се

инсистира на расчистување на иницидентот, тогаш такви инциденти ќе ни се повторат во иднина. Освен тоа, со занемарување на тој иницидент, ќе се легализира кршењето на Уставот и законот. Сличен став имаше и претседателот на ЗНМ Насер Селмани, кој во неговиот говор истакна дека со исфрлањето на новинарите од собраниската галерија власта прати многу опасна порака до сите новинари дека нивните права може да се прекршат и дека нема институција во земјата која ќе ги заштити. “Таков преседан против слободата на изразувањето, ние како ЗНМ и како новинари не смееме да легализираме“, рече Селмани.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

АРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

а преговори со Владата

Тој рече дека и покрај обидот на Владата да ги извртува фактите, раководството на ЗНМ успеа да го објасни ставот за прекинување на разговорите на странскиот фактор. “Тој ден во Собранието не беа жртви новинарите, туку слободата на изразувањето. На многу пластичен начин се демонстрира односот на власта кон новинарите и медиумите. Тоа беше демонстрација на сила и на моќ. Однос на нетолеранција и застрашување“, потенцираше тој. Во дебатата колегите покажаа огромен интерес за иницијативата на Владата да донесе закон за медиуми. Најголем дел од нив инсистираа прво да се расветли инцидентот со новинарите во Собранието, а дури потоа да продолжи дијалогот со Владата. Но дел од нив изразија загриженост дека ваквиот став може и одговара на власта и со тоа ќе ги изолира ЗНМ и новина-

рите. Затоа колегите побараа раководството да не стои настрана, туку да организира дебата со сите заинтерсирани страни, за да се чуе гласот на фелата. Во дебатата, која ќе се организира во Скопје и во сите шест регионални центри на Здружението, ќе се детектираат слабите страни на законот и ќе се изготват забелешки со кои ќе се продонесе за подобрување на текстот на законот. Во врска со законот, претседателот на ЗНМ порача дека ако новинарите бидат обединети, солидарни и активни, можат да влијаат врз подобрувањето на законот. “Не треба да се дозволи да го донесат законот без да се слушне гласот на новинарите. Бараме да се продолжи рокот за да имаме доволно време да организираме дебата со новинарите, да се анализира нацртзаконот и заеднички да се изготват забелешки.

3


Имаме гаранции од нашите партнери од ЕУ, САД и ОБСЕ дека ќе го користат нивното влијание Владата да ги вгради нашите забелешки“, додаде Селмани. Тој повика на единство за да се заштитат интересите на новинарите. “Сега е време кога сите новинари, без разлика дали се членови на ЗНМ или не, сите новинарски и медиумски организации да застанат во одбрана на слободата на изразувањето“, порача првиот човек на ЗНМ. Собранието едногласно го усвои и извештајот за работата на ЗНМ во 2012 година, во кој како најголеми остварувања се истакнуваат декриминализацијата на клеветата и навредата, за што беа вложени многу напори, трпение и истрајност, но беше потребна и поддршка од членството, меѓунардониот фактор, но и конструктивност на Владата. Новиот закон ги задоволува барањата на новинарите, како што се амнестија на тужбите, укинување на казна затвор за овие дела, ограничување на надоместокот за нематеријална штета и каскадна одговорност меѓу новинарот, уредникот и медиумот. Претседателот на ЗНМ предупреди дека сега претстои најтешкиот дел од работата, примената на законот. “Целта на законот беше да им помогне на судиите да ја применат судската пракса од Европскиот суд за човекови права. Загрижува фактот што јавните личности продолжуваат со леснотија да поднесуваат тужби за клевета и навреда против новинари, а се стравува дека македон-

4

ските судови не се доволно обучени да го следат духот на судот во Стразбур. ЗНМ го следи процесот и алармираме за ризиците. Ќе реагираме во случај процесот да тргне во погрешен правец“, истакна Селмани. Во извештајот како посебен резултат се истакнува и примената на членот 11 од Законот за


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

радиодифузна дејност, кој не се применуваше 15 години. Со неговото применување неколку национални медиуми ја променија сопственичката струкура, а еден сопственик на национална телевизија поднесе оставка од функцијата пратеник за да излезе од конфликт на интереси. ЗНМ во 2012 година успеа да анимира и за решавањето на владините кампањи, кои влегоа во извештајот на Европската комисија за 2012 година, а Владата во Патоказот за реализација на приоритетните цели усвоени на пристапниот дијалог на високо ниво, ветува дека ќе го реши тоа прашање за да се зајакне слободата на медиумите. Како посебно остварување за 2012 година се истакнува и процесот на саморегулација во медиумите, како важен инструмент за зајакнување на примената на професионалните стандарди и етика и за заштита на медиумите од надворешни притисоци. ЗНМ минатата година имаше интензивна комуникација со сите медиумски актери. Во два навратa беа посетени шесте регионални центри каде што беа организирани одвоени средби со

сопствениците на локалните медиуми и новинари. На овие состаноци, каде беше промовирана идејата за саморегулација, присуствуваа вкупно 260 новинари и сопственици на медиуми. Во истиот период во Скопје беа организирани 23 состаноци со сопственици и менаџери на национални електронски и печатени медиуми, како и со директорите и уредниците на јавниот сервис, Македонската радио-телевизија. Ревидиран е нацрт-статутот на Советот за етика и се изработени осум нацрт-процедури за работата на Советот. Минатата година раководството на ЗНМ успеа да зачлени над 100 новинари во рамките на напорите за зголемување на новинарската солидарност. Собранието, исто така, го усвои финансискиот извештај за работата на ЗНМ во 2012 година. За таа цел беше направена ревизија од надворешен ревизор, а позитивно мислење даде и Надзорниот одбор на ЗНМ. Беше изгласана и годишна програма за работата на Здружението во 2013 година.

5


ЕВРОКОМЕСАРОТ ШТЕФАН ФИЛЕ СЕ ВИДЕ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЗНМ

Европска поддршка за сло

E

6

врокомесарот за проширување Штефан Филе во почетокот на април дојде во Скопје и имаше многу критично излагање пред Советот за евроинтеграции. На влезот во салата, еврокомесарот Филе се виде со претседателот на ЗНМ Насер Селмани, на кого му го пренесе ставот на Европската комисија за состојбата со слободата на изразувањето во Македонија и изрази подготвеност за соработка. Претседателот Селмани го повтори ставот на Здружението дека за продолжување на дијалогот, Владата треба да ги исполни домашните работи преземени со договорот од први март. По враќањето во Брисел, еврокомесарот на неговиот твитер профил пишуваше за видувањето со претседателот на ЗНМ и за поддршката на каузата за слободата на изразувањето. ЕК не прифаќа никакво објаснување за бркањето на новинарите од собраниската галерија на 24 декември, бидејќи тие без нивна вина беа вмешани во инцидентите. Загриженоста за состојбата со медиумите еврокомесарот ја искажа и пред пратениците. “Срамно е што конкретниот напредок којшто се направи преку дијалогот меѓу Владата и новинарите минатата година беше прекриен со сенката на скорешните настани. Од суштинско значење е Владата повторно да го продолжи овој дијалог со новинарите, а новинарите ќе треба да се вклучат во реформите на ова поле, а тоа треба да се направи на инклузивен, транспарентен и отворен начин“, истакна Филе пред членовите на Советот. Според него, слободата на изразувањето е навистина мошне важна и таа треба да се брани посебно во младите демократии. “Нивото на оваа слобода некогаш станува единственото огледало во коешто се гледа квалитетот на демократијата“, подвлече Филе. Тој најави дека забелешката за медиумите ќе биде нотирана и во извештајот на ЕУ кој треба да биде изготвен за една недела. Во врска со договорот на политиките за решавање на политичката криза, Филе порача дека сега е најважно да се формира анкетна комисија што е можно побрзо за да ги разгледа настаните од 24 декември. “Го поздравувам тоа што локалните избори беа добро спроведени, конкурентни, а кандидатите имаа можност за водење кампања. Сепак, има бројни забелешки на ОДИХР коишто ќе мора да бидат разгледани и кои се однесуваат на недоволната одделеност

Еврокомесарот Филе на претседателот на ЗНМ му ја пренесе загриженоста на ЕК за состојбата со слободата на изразувањето и понуди соработка на државата од партијата, а тука беа вклучени и наводи за злоупотреба на државните ресурси за изборната кампања, како и улогата на медиумите“, истакна еврокомесарот. Загриженост за влошувањето на состојбата со слободата на изразувањето и слободата на медиумите на седницата на Националниот совет за евроинтеграции изрази и претседателот на ЗНМ Насер Селмани во својство на член на НСЕИ. Селмани ја поздрави оценката на комесарот Филе за влошената состојба на слободата на медиумите во 2012 година. “Жалиме што Владата од позиција на моќ ги користи сите средства кои и се на располагање да ги контролира медиумите. Преку медиумите што ја поддржуваат се пресметува и ги дискретидира сите оние што имаат поинакви ставови од Владата. Потребен е нов почеток со кој секој од нас, новинарите, медиумите и Владата ќе го преиспитаме нашето однесување и ќе се соочиме со нашата одговорност“, истакна Селмани. Тој смета дека е добро што Владата го објави тесктот на нацрт-законот за медиуми и дека нема да се брза со донесувањето без да се отвори за предлози коишто ќе го подобрат текстот на законот. Според него, сите новинарски организации се многу заинтересирани за законот, бидејќи тој ќе ја одреди судбината на македонските медиуми. “Со овој предлог не се вградува само Европската директива за аудиовизуелни услуги, туку е и можност, ако има политичка волја, да се решат акутни проблеми со кои се соочуваат новинарите и медиумите. Ние го поддржуваме вградувањето на Директивата, но мора да бидеме многу внимателни со опфатот на законот, посебно за регулирањето на печатените и Интернет медиумите, за што нема унифицирано европско законодавство“, предупреди Селмани.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ободата на изразувањето

Тој очекува Владата во законот да понуди решенија за владините кампањи и сериозен пристап кон реформата на МРТВ, каде што новинарите се третираат како јавни службеници што не помага за автономијата и уредувачката независност на јавниот сервис. Селмани ја изрази подготвеноста на ЗНМ да се вклучи во процесот на донесувањето на законот, ако се продолжи рокот за дебатата до шест месеци, за да се консултираат новинарите, да се анализира законот и да се изготват забелешки. Повика на формирање на анкетната комисија која треба во договоре-

ни рокови да ја заврши работата. “ За поефикасна работа предлагаме Комисијата прво да дискутира за инцидентот со новинарите, кој е поедноставен. Ние сме подготвени да сведочиме пред Комисијата, ако бидеме повикани. Со тоа многу ќе се придонесе за враќање на заемната доверба и заеднички да го подобриме текстот на законот“, предложи Селмани. На крај тој предупреди дека ако судиите не ја применат судската пракса од Европскиот суд за човекови права, целта за декриминализацијата на клеветата и навредата нема да се постигне.

7


ПИСМО НА ЗАГРИЖЕНОСТ ДО ДИРЕКТОРОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ

ЗАПРЕТЕ ја Владата без дебата да донесе закон за медиуми Претседателот на ЗНМ Насер Селмани, во писмото до директорот Стефано Санино, тврди дека Владата сака да донесе закон за медиуми во спротивност на сите претходни договори во рамките на дијалогот

8


П

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ретседателот на ЗНМ Насер Селмани, кон крајот на март, му испрати писмо на загриженост на директорот на Директоратот за проширување на Европската унија Стефано Санино, каде го изнесува несогласувањето со намерата на Владата за помалку од два месеца и без сериозна дебата да донесе закон за медиуми. Во писмото, кое беше испратено и до сите земји- членки на ЕУ, ОБСЕ и до амбасадата на САД во Скопје, Селмани смета дека ваквиот пристап на Владата е неконструктивен. Прво, затоа што новинарите нема да имаат доволно време да го прочитаат, да го анализираат и да изготват забелешки за подобрување на текстот на законот. Второ, затоа што Владата го крши договорот од први март за разрешување на политичката криза каде се обврзува дека ќе преземе мерки за градење доверба со Здружението и дека ќе го продолжи дијалогот со ЗНМ. Трето, дека Владата не го почитува Меморандумот за соработка со кој беше воспоставен дијалогот на Владата со ЗНМ, во кој беше предвидено дека со процесот ќе раководи Работна група, која во случајот се заобиколува. Четврто, Владата го крши договорот постигнат во Работната група во декември 2011 година каде заеднички било заклучено дека медиумското закондавство треба да се измени во правец на вградувањето на Европската директива за аудиовизуелни услуги и препораките на Советот на Европа. Место тоа, сега Владата со закон сака да ја проширува регулацијата и на печатените и на Интернет медиумите. Петто, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски не го

исполни ветувањето дадено кон крајот на февруари на седница на Работната група дека на следната средба ќе го претстави концептот на законот. Шесто, министерот за информатичко ошпшетсво и администрација Иво Ивановски не го исполни ветувањето дадено на седницата на Работаната група во ноември 2012 дека за десет дена тесктот на законот ќе го објави на веб страница. Селмани во писмото ја објаснува и поврзаноста на инцидентот со новинарите во Собранието и законот за медиуми. Точно е дека ние ќе се воздржиме од директни разговори со Владата се додека не се разреши инцидентот од 24 декември, пишува Селмани, затоа што Здружението не може да легализира кршење на Уставот, со што во иднина може да се предизивикаат уште потешки последици по слободата на изразувањето. Но во интерес на деблокирање на процесот, Селмани предлага Владата да го објави текстот на законот, и додека Анкетната комисија не излезе со извештај за инцидентот со новинарите, новинарската заедница да организира интерна дебата за содржината на законот. Кога Комисијата ќе го достави извештајот, тогаш ЗНМ ќе биде спремно да го продолжи дијалогот со Владата за законот. На крај, претседателот на ЗНМ предупредува дека без отворена јавна дебата нема да се донесе квалитетен закон за медиуми и со тоа ќе завршат сите обиди да се решат проблемите со кои се соочуваат медиумите во Македонија. Освен тоа, во законот нема решение за владините кампањи, за кои Владата во рамките на дијалогот на високо ниво ветила дека ќе постапува.

9


РАБОТЕН РУЧЕК СО АМБАСАДОРИ НА ЗЕМЈИ НА ЕУ, САД И ОБ ЗНМ вети дека ќе организира дебата со новинарите за нацртзаконот за медиуми, а меѓунардониот фактор ќе ја убеди Владата да го објави законот и да го продолжи рокот за дебатата

Се бара су за законо

В

10

о обид да се спречи Владата за брзо време и без дебата да протурка закон за медиуми, кој може сериозно да ја загрози слободата на изразувањето и слободата на медиумите, Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Центарот за развој на медиумите, во почетокот на април, организираше работен ручек со амбасадори и заменици-амбасадори на земји-членки на Европската унија, САД, ОБСЕ и на Делегацијата на Европската унија во Скопје. На оваа работна средба присуствуваа амбасадорот на САД Пол Волерс, на Велика Британија Кристофер Ивон, на Холандија Мариет Шруман, на Швајцарија Стефано Лазарато и на ОБСЕ Ралф Брет, како и заменикамбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Скопје Роберт Лидл, на Германија Карин Фостнер, и заменик-амбасадорот на Франција Карен Рошет. Целта на состанокот беше да се појаснат и да се бара поддршка за ставовите на новинарските и медиумските организации во врска со законот за медиуми. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани пред амбасадорите изрази сериозна загриженост за намерата на Владата за помалку од два месеца да донесе закон за медиуми без отворена, сеопфатна и суштинска и аргументирана расправа. “Ние сметаме дека прво треба да се дискутира за потребата за ваквите измени, а после да се пристапи кон пишување на законот“, потенцираше Селмани. Тој рече дека ЗНМ е многу заинтересирано за законот и сака да даде придонес за подобрување на текстот со цел да се решат проблемите со кои се соо-

чуваат медиумите. “Ние би се вклучиле во дебатата под услов Владата да ни даде доволно време за да можеме да извршиме интерни консултации со новинарите и да го анализираме законот во рамките на органите на ЗНМ. Ние би изготвиле аргументирани забелешки за


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

БСЕ

уштинска дебата от за медиуми

подобрување на текстот на законот пред да влезе во владина процедура“, појасни Селмани. Споре него, законот не е битен само заради вградување на Eвропската директива, туку и да се најде решение и за владините кампањи, да се реформира МРТВ, да се зајакне регулаторното тело. Освен тоа,

тој се пожали дека Владата не ги почитува постигнатите договори од досегашниот дијалог со ЗНМ. Селмани го повтори и ставот на ЗНМ дека нема да има дијалог со Владата се додека не се расветли инцидентот со новинарите во Собранието на Македонија.

11


12

“Ако институциите немаат капацитет да го расветлат тој инцидент, ние не смееме да бидеме соучесници во легализирањето на таквиот преседан против слободата на изразувањето, бидејќи без утврдување одговорност за 24 декември постои голема опасност во иднина да ни се случат уште подрастични прекршувања“, подвлече тој. Во разговорот, во кој се вклучија сите присутни амбасадори и заменици- амбасадори, заеднички беше заклучено дека е многу битно новинарската и медиумската заедница да најде начин да даде придонес во рамките на дебатата за нацрт-законот за медиуми за да се подобри текстот. Да се искористи присуството на претставникот на ЗНМ во Националниот совет за евроинтеграции во Собранието за да се искажат јасно позициите на новинарите. Да се потсети Владата за потребата во рамките на законот да најде решение и за владините кампањи, реформата на МРТВ, како и зголемувањето на транспарентноста на сопственоста на медиуми и конфликтот на интереси. Нивниот совет беше дека новинарската заедница мора да се вклучи за да може да ги брани нејзините интереси. Според нив, ако новинарите не бидат вклучени, ќе ја изгубат можноста да направат промена на законот и ќе изгубат уште на почеток на процесот. Претставниците на новинарските и медиумските организации тврдеа дека имаат обврска пред колегите да ги слушнат нивните ставови за законот и да направат се да се чуе нивниот глас во јавноста. Беше понудена експертска помош, посебно од ОБСЕ, преку Високиот претставник за слободата на медиумите Дуња Мијатовиќ. Претседателот на ЗНМ во текот на разговорот тврдеше дека нема ниту еден аргумент за регулацијата на печатените и Интернет медиумите затоа што тоа може да се реши со вклучувањето на овие медиуми во системот за саморегулација, за кој има поддршка кај медиумската заедница. Амбасадорите ветија дека ќе побараат од Владата да го објави нацрт- законот и да го продолжи рокот за дебатата. Освен тоа, кога новинарите ќе ги имаат забелешките на хартија, меѓународниот фактор ќе инсистира Владата сериозно да ги разгледа и најбитните да ги вгради во законот. Рамка: Писмо на благодарност до амбасадорите Претседателот на ЗНМ Насер Селмани, по работната средба со амбасадорите од земји-членки на ЕУ, САД и ОБСЕ, упати писмо на благодарност, во кое им честита за нивната посветеност да помогнат во решавањето на проблемите со слободата на изразвањето. Во писмото Селмани ги потсетува амбасадорите на заклучоците од средбата дека: - Новото законодавство треба да биде во со-

гласнот со европските стандарди и со него да се решат проблемите на новинарите и медиумите. - Важноста дека дебатата за законот треба да биде сеопфатна. - Потребата дека новинарските и медиумские организации треба да се вклучат во дебатата преку организарање интерни дебати со заинтересираните страни. - Ставот на Европската унија дека за законот нема временски лимити, туку побитен е квалитетот на законот. Во тој правец и потребата за продолжување на рокот на дебатата најмалку за два месеца, со цел да се анализира и да се изготват забелешки за подобрување на текстот. - Се појасни дека дигитализацијата не може да биде алиби за брзањето околу донесувањето на законот за медиуми.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

Амбасадори на работна средба во ЗНМ Амбасадорите ги охрабрија претставниците на ЗНМ, ССНМ, МИМ и ЦРМ да продолжат со дебатите и во нив да ги покнат сите заинтересирани страни како и да учествуваат во дебатите што други ќе ги организираат

Д

ве недели по работниот ручек со амбасадорите на земји членки на ЕУ и амбасадорите на САД и ОБСЕ, ЗНМ органзиираше нова работна средба со амбасадорите во канцеларијата на Здружението. На средбата присуствуваа американскиот амбасадор во Македонија, Пол Волерс, амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Рлаф Брет, заменик амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Роберт Лидл, заменик амбасасор на Велика Британија, Кристин Винтербурн, како и претставници на францската, германската и холандската амбасада во Скопје. На состанокот присуствуваа и претставници на ССНМ, МИМ и ЦРМ. Претстедателот на ЗНМ, Насер Селмани, им се заблагодари на амбасадорите што се одзвале на поканата за да се направи оценка на работниот ручек од пред две недели, кој го оцени отворен и многу корисен. Селмани како резултат од претходниот состанок го исткана продолжувањето на рокот на дебатата, одвојувањето на дигитализацијата од останатиот дел од законот за медиуми, како и заложбата на новинарските и медиумските организации да организираат дебата, да го анализират и да изготват забелешки за законот. Тој рече дека од првичното читање на законот општиот впечаток е дека тој не гарантира, туку ја ограничува слободата на изразувањето и дека место да решава проблеми, создава нови преку проширувањето на регулацијата на интернет и на печатените медиуми. Според него, со законот владата не постапува по ниту една забелешка од ЕУ за лошата состојба со слободата на изразување, а законот има проблематично решение за Агенцијата за медиуми и прави обид етиката да го озаконува. Селмани на крај заклучи дека законот е толку лош што е тешко да се корегира, но сепак новинарските организации ќе организираат дебата, ќе го анализираат законот и ќе достават забелешки. Амбасадорите ги охрабрија претставниците на ЗНМ, ССНМ, МИМ и ЦРМ да продолжат со дебатите и во нив да ги покнат сите заинтересирани страни како и да учествуваат во дебатите што други ќе ги организираат. Освен тоа забелешки од новинарите и од медиумските работници да ги достават до владата. Повторија дека по завршувањето на јавната дебата ќе се заложат забелешките сериозно да ги разгледа владата и најбитните да ги прифати.

13


ШЕФОТ НА КАБИНЕТОТ НА ЕВРОКО

З

14

дружението на новинарите на Македонија во март и април имаше интензивна комуникација со различни претставници на Европската комисија со кои се разговораше за расветлување на инцидентот со новинарите во Собранието и за можноста за продолжување на дијалогот со Владата. По кратката средба со еврокомесарот Штефан Филе, во Делегацијата на ЕУ во Скопје, претставници на ЗНМ имаа средба и со шефот на кабинетот на еврокомесарот Филе, Леос Јавурек, на која беше изразена поддршка за напорите на ЗНМ да се продолжи рокот за дебатата. Ако од дебатата произлезат конкретни забелешки ЕУ ќе побара од Владата да ги вградат тие забелешки. Јавурек соопшти оти добиле ветување од Владата дека рокот за дебатата ќе се продолжи за два месеца до крајот на мај. Тој, иста така, информираше дека Европската комисија инсистира партиите да ја формираат Анкетната комисија која треба да ги утврди фактите од инцидентите со новинарите. ЕУ инсистира Владата да најде начин да го вклучи ЗНМ во консултациите за законот, рече Јавурек. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани ја поздрави одлуката на Владата да го продолжи рокот за дебатата

Владата го продолжи рокот за дебатата за законот за медиуми

и се придружи на повикот на ЕУ брзо да се формира Анкетната комисија за да се расветли инцидентот. Со тоа ќе се отвори патот за продлжување на дијалогот со Владата. Селмани потврди дека новинарите ќе сведочат пред Анкетната комисија ако бидат повикани. Тој смета дека односот на власта кон слободата на медиумите треба да биде внимателен поради чувствителноста на прашањето. Тој медиумите ги спореди со гулабот в раце, ако ги пуштиш ќе ви летнат, но не треба да стегнете премногу затоа ќе ви се в раце. Според него, односот на власта е груб што ги убива медиумите. Селмани ја исклучи можноста да продолжи дијалогот со Владата без расчистување на инцидентот, затоа што лошиот однос на власта кон медиумите никогаш нема да се менува. Ако се реши инцидентот, ќе се смени и односот на власта кон слободата на изразувањето, потенцираше тој. НЕМА ПОТРЕБА ОД БРЗАЊЕ СО ЗАКОНОТ ЗА МЕДИУМИ На 13 март во ЗНМ престојуваше Дејвид Кулен од Директоратот на Европската комисија за проширување одговорен за Македонија, кој извести


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ОМЕСАРОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ Претседателот на ЗНМ Насер Селмани ја исклучи можноста да продолжи дијалогот со Владата без расчистување на инцидентот со новинарите за подготовките за објавување на пролетниот извештај и ја понуди помошта на Европската комисија да се надминат проблемите во релацијата меѓу ЗНМ и Владата. Претставниците на ЗНМ појаснија дека дигитализацијата не може да биде алиби за брзањето за донесување закон за медиуми, затоа што тој процес може да се заврши само со измени и дополнувања на постојниот Закон за радиодифузна дејност. Заблуда е тврдењето на Владата дека ако се менува над 30 отсто од законот мора да спороведат постапка како да се донесе нов закон. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани појасни дека законот може да биде нов, но власта нема никаква потреба регулацијата да ја прошири на печатените и на Интернет медиумите. Селмани повтори дека новинарската заедница е подготвена да дискутира за законот, но дијалог со Владата ќе биде можен само откако Анкетната комисија ќе излезе со извештајот за инцидентот со новинарите во Собранието. ПРВО ИЗВЕШТАЈ ОД АНКЕТНА ПОСЛЕ ДИЈАЛОГ ЗА ЗАКОНОТ Во изминатите два месеца претставници на ЗНМ два пати се сретнаа со заменик-амбасадорот на Делегацијата на Европската комисија во Скопје Робрт Лилд, со кој се разговарше за расветлување на инцидентот со новинарите во Собранието и за законот за медиуми. Заменик-амбасадорот Лидл рече дека ЕУ е заинтересирана што е можно најбрзо да се формира Анкетната комисија, која треба да го расветли иницидентот со новинарите. Тој рече дека од Владата бараат податоци за причините зошто се исфрлени новинарите од галеријата. Според него, ако до средината на април нема напредок околу истрагата за инцидентот, тогаш тоа ќе влезе во извештајот. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани, на средбата со заменик- амбасадорот Лидл соопшти

дека дијалогот со Владата е замрзнат се додека Анкетната комисија не утврди зошто новинарите беа исфлени од галеријата. Селмани објасни дека Владата нема проблем со ЗНМ, туку со Уставот, а новинарите не смеат да го легализираат тој преседан против слободата на медиумите. Според него, новинарите ќе сведочат пред Комисијата ако бидат повикани. Тој рече дека ЗНМ го поддржува вградувањето на Европската директива за аудиовизуелни услуги и препораките на Советот на Европа во постојниот Закон за радиодифузна дејност. За се друго прво треба да се разговара и сите решенија треба да бидат во согласност со европските стандарди. До јуни, кога е крајниот рок да се изготви извештајот за инцидентот, Владата може да го објави законот, а ЗНМ ќе организира внатрешни консултации со новинарите за содржината на законот. На втората средба со заменик-амбасадорот Лидл, која се одржа во почетокот на април, се разговараше за постпаката за донесување на законот за медиуми. Лидл го потврди ставот на ЕУ која инсистира на инклузивна дебата за законот каде ќе се вклучат сите заинтересирани страни и ќе се земат предвид забелешките за подобрување на текстот. Претставниците на ЗНМ ја повторија загриженоста што во нацрт-законот е предвидено да се регулираат печатените и Интернет медиумите. Интернет медиумите сами треба да одлучат ако сакаат да бидат третирани како медиуми, а не да им се наметне со закон. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани истакна дека ако законот нема поддршка од новинарите, медиумите и странскиот фактор, Владата не ќе може да го игнорира тоа и нема да го донесе законот. Тој смета дека на ЗНМ му е потребно повеќе време за да организира дебата со новинарите, да го анализира и да изготви забелешки за законот. “Меѓународниот фактор треба да даде гаранции дека нашите забелешки ќе се земат предвид“, истакна Селмани.

15


ДЕБАТА ЗА НАЦРТ ЗАКОНОТ ЗА МЕДИУМИ

Поголема регулација помалку слобода на

Н

16

овинарите се против донесување на закон за медиуми во форма како што е предложен од Министерството за информатичко опшетсво и администрација. Ова е заеднички заклучок од дебатата на новинарите и медиумските експерти организирана од Здружението на новинарите на Македонија, за нацрт законот за медиуми и адуиовизуелни услуги, одржана кон крајот на април во хотел Роматик во Велес. Најчеста забелешка на колегите беше дека законот место да ја гарантира, ја ограничува слободата на изразувањето. Како илустриција на нивното тврдење го спомнуваа членот 4 од нацрт законот, кој, според нив, се коси со Уставот и Европската конвенција за човековите права и слободи. Тамара Чаушидис рече дека законот предвидува цензура, која е забрането со Уставот, а Мира Костиќ од Македонското радио рече дека законот ограничува, а не нуди повеќе слобода на изразување. Законот беше критикуван и поради тоа што е преобемен и што се обидува да ги регулира сите видови на медиуми, јавен сервис, радиодифузни, печатени и интернет медиуми, кои по нивната суштина се разлилни. Новинарите посебно се противеа на идејата на Владата да воведе регулација на печатените и интернет медиуми. Колешката Тамара Грнчаровска рече дека законот создава конфизија бидејќи се става на едно место, а Тодор Пендаров рече дека во овој закон се споени најмалку три закони. Зоран Ричлиев рече дека интернетот е неограничен ресурс за разлика од телевизиите каде треба да се распределат национални фреквенции. “Со бидот да се регулираат интернет медиумите тие ќе се префлрат на блог или на странски хостинзи“, смета Ричлиев. Според него, ако се донесе законот ќе важи само за доменок мк, а останатите ќе можат да се регистрираат каде сакаат, пмал проблем ќе им бидат рекламите. Заблуда е дека законот нуди мека регулација, предупреди новинарот Ердем Ахмед и додаде дека законот е проблематичен затоа што сите медиуми ги става под ист регулатор.

Новинарите беа едногласни околу поставеноста и ингеренциите на Агенцијата за медиуми, чиј состав е високо политизиран и која ќе има улога да ги плаши и да ги казнува медиумите. Нема никаква логика Заедницата на единиците на локалните заедници да предлага членови во Агенцијата за медиуми, забележа новинарката на 24 вести, Билјана Арсовска. Соња Делевска предложи нова структура на Агенцијата во која Собранието и ЗНМ ќе предложат по двајца членови, а останите три ќе членови да се изберат на јавен оглас меѓу лингвисти, адвокати и истакнати поединци од нивните области. Посебно критични колегите беа и околу решенијата на законот за Македонската радиотелевизија, поставеноста на јавниот сервис, составот на Советот и финансирањето. Во врска со составот на Советот на МРТВ, Тодор пендаров рече дека тој е проблемати-


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

а за медиуми

чен и предложи да се преземат решенијата во словнечкиот закон, во кој има долга листа на лица кои не смеат да бидат членови на Советот на словенечкиот јавен сервис. Филјана Кока изрази задоволство што сите новинари отворено зборуваат за МРТВ и да ват конструктивни предлози. Според неа, новинарите не смеат да бидат јавни службеници. За финансирањето на МРТВ колегите дадоа различни решенија. Зоран Фидановски и Гордица Величковска предложија еден процент од акцизите да се одвојат за финансирање на јавниот сервис. Насер Селмани рече дека законот не ги исполнува декларираните цели на Владата. Освен директивата, нема решение за ниту една забелешка на Европската Унија, не го исполнува ветувањето дека ќе утврди критериуми за владините реклами. Тој појасни дека за законот нема експериза, освен де-

Новинарите тврдат дека нацрт текстот на законот за медиуми спротивно на уставот европските стандарди ја огранилува слободата на изразување, се противат на регулацијата на интернет и печатените медиуми и го спорат составот на Агенцијата за медиуми и Советот на МРТВ и финансирањето на јавниот сервис

лот за Директивата. Според него, саморегулацијата е широко прифатена од медиумите, освен една телевизија и еден дневен весник. Столе Наумов рече дека решавањето на проблемите на медиумите Владата не треба да ги бара во поголемата регулација, туку во стриктна примена на постојното законодавство. Димитар Буковалов, раководител на секторот за медиуми и радиодифузија во Министерството за информатилко опшетство и администрација ги пофали некои од предлозите од дебатата и очекува тие да бидат доставени писмено. Буковалов најави дека експертот на таекс пвторно ќе дојде во Скопје и повторно ќе го анализира текстот на законот. На почетокот на дебатата раководителите на работните групи на ЗНМ дадоа воведни излагање за првилните забелешки по текстот на законот. Александар Дамовски ги претстави забелешките од групата за општите одредби и печатените и интернет медиуми, Климе Бабунски од групата за Агенцијата и МРТВ, а професорката Снежана Трпевска забелешките од групата за начинот на имплементирање на Европската директива за аудиовизуелни услуги.

17


ДЕБАТА ЗА ПОТРЕБАТА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА НОВА МЕДИУМСКА

Новинарите против закон за медиуми

Ц 18

ентарот за развој на медиумите на 22 април во Скопје организираше дебата за потребата за донесување на законот за медиуми, на која учествуваше и претседателот на ЗНМ Насер Селмани. Во своето излагање Селмани рече дека Владата со содржината на предложениот нацрт-закон не ги исполнува нејзините цели. Освен имплементацијата на Европската директива за аудиовизуелни услуги, во законот нема решенија за забелешките на Европската комисија искажани во годишните извештаи за напредокот на Македонија во последните три години. Селмани рече дека во законот не само што нема решение за намалување на политичкиот и економскиот притисок врз медиумите, туку

тој се засилува. Не им забранува на лидерите на политичките партии да имаат медиуми, а нема ограничување на медиумите да даваат донации за партиите. Тој рече дека во законот нема ниту еден член за владините кампањи што е постојана загриженост на ЕУ, бидејќи кампањите се распределуваат нетранспарентно и без критериуми и се насочуваат кон провладините медиуми. Со тоа се поткопува уредувачката политика на медиумите и се нарушува медиумскиот пазар. Според него, Владата во законот нема одговор ниту за Македонската радио-телевизија, која, според ЕУ, не ја исполнува мисијата на јавен сервис и нема одржливо финансирање. Четврта забелешка на ЕУ е за нарушената независност и отсуството на одрлжливо фи-


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

РЕГУЛАТИВА

предложениот

ЗНМ смета дека содржината на предложениот нацртзакон за медиуми не ги исполнува ниту целите на Владата и нема решенија за забелешките на ЕУ за проблемите во медиумите

нансирање на регулаторното тело, Советот за радиодифузна дејност. Селмани рече дека со законот се зајакнува политичкото влијание во регулаторот. Од седум члена на Советот, шест се предлагаат од политички институции. Учесниците на крајот на дебатата заклучија дека ваков закон не може да ја има поддршката на новинарската и медиумската заедница. Тој не ги решава проблемите на новинарите и медиумите, туку создава нови. Ако тој биде донесен во предложената форма, тогаш сериозно ќе ја ограничи слободата на изразувањето и слободата на медиумите. Тие изразија подготвеност да го анализираат законот и да изготват забелешки, но сметаат дека тој е толку лош што не може да се поправи со какви било забелешки.

19


НЕФОРМАЛНА СРЕДБА НА ЗНМ СО МИНИСТЕРОТ ИВО ИВАНОВСКИ

Владата набрзина сака да донесе закон за медиуми

Д

20

елегација на Здружението на новинарите на Македонија кон крајот на март имаше неформална средба со министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, на која беше информирана за намерата на Владата после вториот круг од локалните избори да се отвори дебата за нацрт- законот за медиуми. Министерот Ивановски соопшти дека намерата е да се организира поголем настан на кој ќе се повикаат сите заинтересирани страни за да се разговара за содржината на законот. Тој најави дека дебатата ќе трае десетина дена после што тој ќе се пушти во владина и собраниска процедура и најдоцна до 31 мај да се донесе. Причината за ваквото брзање на постапката тој ја обајсни со потребата од вградување на Европската директива за аудиовизуелни услуги и воведувањето на дигитализацијата во електронските медиуми. Тој откри дека за новинарите има околу 5 члена, кои, според него, се многу поволни. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани го запозна министерот Ивановски со ставот на Управниот одбор на ЗНМ дека институционалниот дијалог со Владата е замрзнат се додека не се расчисти инцидентот со новинарите од 24 декември во Собранието. Селмани повтори дека ЗНМ ја поддржува имплементацијата на Европската директива за аудиовизуелни услуги и препораките на Советот на Европа, но се противи на проширувањето на регулацијата на печатените и на Интернет медиумите. Тоа прашање може да се реши со саморегулација, тврдеше Селмани. Тој рече дека новинарите се многу заинтересирани за содржината на законот и затоа е потребно тој да се објави на веб страница. Според него, во кратки рокови не може да има суштинска дебата, затоа треба да се разгледа можноста рокот да се продолжи. Претставниците на ЗНМ побараа од Иванов-

ЗНМ поддржува вградување на Европската директива за аудиовизуелни услуги и се противи на регулација на печатените и на Интернет медиумите

ски да го повикаат во Скопје експертот на ТАЕКС Сандра Башич Хрватин да го брани текстот на законот. Исто така, потсетија дека во агендата на дијалогот со Владата беа и владините кампањи и реформата на МРТВ, за кои законот треба да понуди решенија.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

СТАВ НА ЗНМ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРВИ МАРТ

Дијалог по расветлување на инцидентот со новинарите Здружението на новинарите на Македонија во почетокот на март излезе со реакција во врска со договорот на политичките партии потпишан на први март. Во договорот, со кој се стави крај на политичката криза, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ изразуваат подготвеност да се продолжи дијалогот со Здружението на новинарите на Македонија. Во реакцијата ЗНМ уште еднаш го реафирмира ставот сите предизвици поврзани со слободата на изразувањето да ги решава со дијалог со институциите низ еден транспарентен и инклузивен процес. „Во една земја негувањето на отворен дијалог за справување со големите предизвици претставува најдобра легитимација на нејзините демократски капацитети и европски стремежи. ЗНМ, како легитимен претставник на новинарите, е подготвено да го обнови дијалогот штом надлежните институции ќе го расветлат инцидентот со новинарите и ќе ја утврдат одговорноста за оној што го наредил нивното исфрлање од собраниската галерија. Со тоа ќе се покаже дека во Македонија се почитува слободата на

ЗНМ го повтори ставот дека ќе го обнови дијалогот штом надлежните институции ќе го расветлат инцидентот со новинарите и ќе ја утврдат одговорноста на наредбодавачот изразувањето и дека секое прекршување ќе се казни“, стои во реакцијата на ЗНМ. Здружението на крај ги потсетува политичките партии дека целта на дијалогот беше да се зајакне слободата на изразувањето и во никој случај не може да биде покритие за нејзиното прекршување.

21


ФИНАЛНА КОНФЕРЕЦНИЈА ЗА МЕДИУМСКА САМОРЕГУЛАЦИЈА Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Македонскиот институт за медиуми на 30 април организираа финална конференција под наслов “Медиумска саморегулација - За одговорни и професионални медиуми“. Овој настан беше организиран во рамките на проектот за саморегулација, кој се спроведуваше во изминатите пет месеци поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Саморегулација мест

Н 22

а отворањето на конференцијата поздравно обраќање имаше амбасадорот на Велика Британија во Македонија Кристофер Ивон, кој рече дека новинарите и независните медиуми се најважен сегмент на демократијата во едно општество. “Во Британија кога луѓето зборуваат за слободата на медиумите се мисли на етиката во новинарството, зборуваат за морал, за балансирано известување“, рече амбасадорот Ивон. Тој упати порака за одговорност и ги охрабри сите граѓани да се заложат за етичките стандарди, бидејќи слободата на медиумите не им припаѓа само на новинарите и на владата, туку на сите граѓани. На новинарите им порача дека „на саморегулацијата не треба да се гледа како на лимит, туку како на можност која своите предности ќе ги покаже на подолг рок“. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани рече дека новинарите, уредниците и сопствениците на медиуми ја поддржуваат идејата за саморегулација во медиумите, како важен инструмент за примената на про-

фесионалните стандарди и етика и за заштита на медиумите од политички и економски притисоци. “Подготвени сме да ги продолжиме консултациите околу номинирањето на кандидатите во телото за саморегулација, за да можеме најдоцна до крајот на годината да го формираме Советот за етика во медиумите“, истакна Селмани. Тој смета дека грижа за почитување на професионалните стандарди не треба да водат само новинарите, туку и уредниците и сопствениците на медиумите. “За нас нема дилема дека без новинарска етика нема ни слобода на медиуми. Слободата, пред се, значи одговорност. Колку повеќе сме етични во нашата работа како новинари, толку повеќе имаме право да се повикаме на новинарската слобода“, подвелече Селмани. Според него, политиката и бизнисот успеале да го дискредитираат новинарството затоа што регрутирале новинари кои се подготвени да ги прегазат етичките норми во името на личните интереси.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

то закон за медиуми Претседателот на ЗНМ рече дека саморегулацијата нема да ги реши сите проблеми со кои се соочуваат медиумите, но тоа е јасен патоказ каде треба да се бара излезот од сегашната бездна. Селмани понуди саморегулација на медиуми место регулација каква што е идејата на Владата со законот за медиуми. „Со новиот закон за медиуми се прави обид етичките норми во новинарството да се озаконат, а таму каде што државата се меша во етиката завршува слободата на новинарството. Ќе имаме талибанизација на медиумскиот простор ако помине ваков закон“, изјави Селмани. Претседателот на МИМ Мирче Адамчевски говореше за искуствата со саморегулацијата во земјите од регионот, подвлекувајќи дека само уште во Македонија досега не е воведен ваквиот начин на справување со прекршувањето на етичките стандарди во новинарската работа. Претставникот на Советот за етика од Косово

Нехат Ислами ги пренесе искуствата од тамошната имплементација на саморегулацијата, чиј успех го илустрираше со податокот дека овој Совет одбил над 20 претставки против новинари од министри и заменици-министри во косовската Влада, кои очекувале дека можат да извршат притисок врз телото за саморегуалиција. Во рамките на проектот идејата за саморегулација беше промовирана меѓу новинарите, уредниците и сопствениците на локалните и националните медиуми. На состаноците во шесте регионални центри на ЗНМ присуствуваа над 260 новинари и сопственици на медиуми, а во Скопје беа организирани 23 состаноци со сопственици и менаџери на национални електронски и печатени медиуми, како и со директорите и уредниците на јавниот сервис, Македонската радио-телевизија. Во рамките на проектот беше ревидиран и нацрт-статутот на Советот за етика и се изработени осум нацрт-процедури за работата на Советот.

23


ПРОЛЕТЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЕУ ЗА МАКЕДОНИЈА

Брисел со лоша оценка за сл ЕУ е незадоволнa што Владата не го вратила дијалогот со новинарите и што не нуди решение за владините кампањи и за реформата на МРТВ, а за законот за медиуми инсистира дебатата да биде инклузивна и транспарентна

Е 24

вропската комисија кон средината на април го објави извештајот за напредокот на Македонија во рамките на дијалогот на високо ниво, во кој е констатиран прогрес во реформите, но и неспроведување на договорот од 1 март за решавање на политичката криза. “Анкетната комисија треба да се формира, власта и опозицијата треба да усвојат меморандум за разбирање за евроинтеграциите и прашањето со новинарите да се реши, бидејќи, за жал, тие станаа дел од овој проблем, иако не направиле ништо лошо“, изјави комесарот Штефан Филе во Брисел на прес-конференција дента кога се објави извештајот. Во извештајот, ЕК ја потсетува Владата дека не ја исполнила обврската преземена од договорот од први март да го обнови дијалогот со новинарите. “Довербата треба да се поврати со цел останатите точки од агендата на Работната група за медиуми (вклучувајќи го зајакнувањето на јавниот радиодифузен сервис, подобрување на

професионалните стандарди и етиката на новинарите и воспоставувањето систем на саморегулација) да се решат“, стои во извештајот. Во врска со донесувањето на новиот закон за медиуми, Европската комисија истакнува дека од суштинско значење е процесот на усвојување на секое законодавство поврзано со медиумите и слободата на изразување да биде инклузивен и да ги вклучува сите заинтересирани страни. “Не е постигнат напредок во однос на зголемувањето на транспарентноста на владиното рекламирање, кое, исто така, беше дел од агендата на Работната група“, констатира ЕК.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

лободата на изразувањето

Брисел е загрижен за присуството на автоцензура во медиумите, за тоа дека работничките права на новинарите се слабо заштитени и дека на јавноста и е ускратено правото да има пристап до објективно известување од медиумите. “Згора на тоа, за време на локалните избори во март, набљудувачите забележаа недостиг од избалансирано медиумско покривање од јавниот сервис и приватните телевизии“, стои во извештајот. Покрај напредокот околу декриминализацијата на клеветата и навредата, ЕК ја повикува Владата да преземе дополнителни напори за да

се осигура дека судовите го спроведуваат новиот закон согласно барањата на Европскиот суд за човекови права. И високиот претставник за надворешни работи и безбедност на ЕУ Кетрин Ештон за време на престојот во Скопје ја повика Владата на дијалог со медиумите и граѓанскиот сектор. “ЕУ внимателно го следи спроведувањето на договорот од 1 март, особено формирањето на анкетната комисија и дијалогот со медиумите. Ги охрабрувам политичките лидери да ги надминат поделбите и да креираат нов политички дух на соработка“, изјави Ештон.

25


ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА АМЕРИКАНСКАТА ВЛАДА ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВО МАКЕДОНИЈА

Владата се меша во работата на медиумите

А

26

мериканскиот Стејт департмент во најновиот годишен извештај за човековите права упатува жестоки критики на адреса на македонската Влада дека не ја почитува поделбата на власта и дека се меша во работата на медиумите. Сериозни критики има и во делот на извештајот кој зборува за слободата на изразувањето каде што се потенцира дека и покрај тоа што Уставот ја гарантира слободата на говорот и на медиумите, Владата не секогаш го почитува тоа право во практиката и врши постојан притисок врз медиумите. “Владата е најголемиот огласувач во медиумите и ги фаворизира медиумите и новинарите кои таа ги смета за блиски. Имаше извештаи дека Владата ги притиска медиумите и ги присилува новинарите на самоцензура. Новинарите велат дека имаат многу поголема самоцензура кога известуваат за теми кои се осетливи за Владата “, стои во извештајот. Како илустрација за притисок на власта врз медиумите се споменува примерот на затворањето на А2 телевизија, поради наводно неисполнување на програмската шема и оставката на главниот уредник на дневниот весник “Дневник“ Зоран Андоновски. “Ова беше првпат телевизиска станица да биде затворена врз таа основа. Многумина сметаа дека затворањето е политички мотивирано“, се констатира во извештајот. Добар дел од извештајот за слободата на изразувањето е посветен и на активностите на Здружението на новинарите на Македонија. Се забележува претставката на ЗНМ за однесувањето на собраниското обезбедува на 24 декември, која МВР ја отфрли оценувајќи ја како неоснована. “Во текот на годината ЗНМ критикуваше специфични случувања во медиумите, како што се затворањето на А2 телевизија, и севкупниот пад на слободата на медиумите. ЗНМ ги повика јавно властите на дијалог за справување со кризата во медиумите“, се нотира во извештајот. Во него внимание е посветено и на инцидентот од 24 декември, кога собраниското обезбедување насилно ги исфрли новинарите од галеријата спречувајќи ги да ја следат седницата за буџетот. “Инцидентот предизвика реакции од граѓаните и меѓуна-

Добар дел од извештајот за слободата на изразувањењто е посветен и на активностите на ЗНМ, на инцидентот со новинарите во Собранието, критиките до власта за затворањето на А2 телевизија и за севкупниот пад на слободата на медиумите родната заедница, вклучувајќи ја и Меѓународната федерација на новинари и Европската федерација на новинари“, потсетува извештајот . На крајот на извештајот се споменува и договорот на ЗНМ и Владата за декриминализација на клеветата и навредата и за највисоките надоместоци за нематеријална штета. Некои уредници и сопственици на медиуми изразиле загриженост дека казните ќе предизвикаат самоцензура.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија ИЗВЕШТАЈ НА ОБСЕ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2013

Медиумите пристрасни кон власта

Н

абљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДХР во извештајот за локалните избори во Македонија констатираше пристрасност на медиумите кон владејачките партии во текот на кампањата и во квантитет и во квалитет. „Сите следени електронски медиуми, освен ТВ Телма, редовно известуваа за владините активности, но не правеа разлика помеѓу државни активности и активности на изборната кампања. Јавниот сервис МРТ не обезбеди изедначено покривање на кампањата. МРТ 2, која нуди програма на јазиците на малцинствата, известуваше најчесто со неутрален тон 33 отсто за ДУИ и 16 отсто за ДПА”, стои во извештајот. Во извештајот се вели дека приватните канали Сител, и во помала мерка Канал 5, во вестите биле пристрасни кон Владата и биле многу критични кон СДСМ, додека Телма и Алсат-М понудиле урамнотежено покривање. Освен тоа, во извештајот се забележува дека мо-

Сите следени електронски медиуми, освен ТВ Телма, редовно известувале за владините активности и биле многу критични кон СДСМ ниторингот на медиумите спроведен од СРД констатирал неизбалансираност во вестите кај најголем дел од електорнските медиуми во полза на владејачките партии. Меѓутоа, СРД одлучил да реагира на овие прекршувања дури по вториот круг, стои во извештајот.

27


ЗНМ НА СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА ГЕРМАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Дигитализацијата може да го загрози плурализмот на медиуми

28

Раководството на Здружението на новинарите на Македонија кон крајот на април имаше средба со германската амбасадорка во Македонија, Гудрун Елизабет Штајнакер, со која разговараа за актуелни теми што ги препокупираат новинарите и медиумите. Претставниците на ЗНМ, претседателот Насер Селмани, неговиот заменик, Кристина Мачкиќ и извршниот директор, Драган Секуловски, ја запознаа амнасадорката Штајнакер со ставовите на Здружението за нацрт законот за медиуми. Тие се пожалија дека посебно загрижува опфатот на законот кој е преширок и дека во него се опфатени сите видови на медиуми, јавниот сервис, електронски, пелатени и интернет маедиуми, кои по ништо не можат да се изедначат. Претседателот на ЗНМ истакна дека законот е толку е лош што прашање е дали воопшто може да се корегира. Според него, најдобро решение е законот да се повлече и во постојниот Закон за радиодифузна дејност да се вгради Европската директива за аудиовизулени услуги. Претставниците на ЗНМ побараа од амбасадорката да се заложи анализата на ексертот на Таекс за зако-

Германската амбасадорка Гудрун Штајнакер покажа интерес за ставовите на ЗНМ за нацрт законот за медиуми и изрази загриженост за постојаните негативни извештаи за слободата на изразувањето во Македонија

нот да биде достапна за јавноста. Освен тоа, беше изразена и загриженост за состојбата во Македонската радиотелевизија, каде новинарите се изложени на арбитрарни казни и дисциплински постапки од раководството и уредниците. Амбасадорката Штајнакер покажа интерес за ставовите на ЗНМ за нацрт законот и изрази загриженост за постојаните негативни извештаи за слободата на изразувањето во Македонија, како што беа, извештајот на ОДИХР за медиумското покривање на локалните избори, Репортери без граници и извештајот на Европксата комисија. Според неа, многу е битно новинарите и медиумските организации да ги објават нивните забелешки зошто законот е лош и кои се критичлни точки, кои треба да бидат јасно објаснети. Амбасадорката беше загрижена и за негативното влијание на дигитализацијата, кое може да го загрози плурализмот на медиуми, посебно треба да се избегне згаснувањето на медиумите на јазиците на помалите етнички заедници. Според неа, помалите етнички заедници имаат уставно право да имаат сопствени медиуми.


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија СОРАБОТКА НА ЗНМ СО ФРАНЦУСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ

Експертиза и обуки за новинарите Делегација на Здружението на новинарите на Македонија, составена од претстедателот Насер Селмани, членот на Управен одбор, Тамара Грнчаровска и изврпниот директор Драган Секуловски, кон крајот на март се сретнаа со француска амбасадорка во Македонија, Лоренс Ауер, со која разговараа за лошата состојба со слободата на изразувањето и слободата на медиумите во Македонија. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани ја информираше амбасадорката Ауер за писмото на загриженост кое Здружението го испрати до Европската комисија, директоратат за проширување, во врска со намерата на владата во нетранспарентна постпака, без дебата и на брзање да донесе закон за медиуми. Селмани појасни дека Владата не го почитува договорот со ЗНМ постигнат кон крајот на 2011 година дека Законот за радиодифузна дејност треба да се дополни со Европксата директива за аудиовизуелни услуги и со препораките на Советот на Европа. Тој посочи дека ЗНМ не е против потребата за донесување на ново законодавство за медиумите, туку тоа мора да се направи многу внимателно. Според него, дигитализацијата не може да биде причина законот да се донесе во брза постапка. Амбасадорката Луер изрази загриженост за состојбата со слободата на изразувањето во Македонија и посочи дека од блиску ги следат состојбите во Македонија кое е предуслов за интеграцијата на земјата во ЕУ. Таа изрази надеж дека вла-

Амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Луер вели дека од блиску ја следат состојбата со слободата на изразазувањето кое е клучен предуслов за интеграцијата во ЕУ

дата ќе покаже разбирање за решавање на проблемите со кои се соочуваат новинарите и медиумите, ианку земјите членки на Европската Унија ќе бидат воздржани во јуни да поддржат давање датум за преговори за членство за Македонија. На средбата претставниците на ЗНМ и француската амбасадорка разговараа и за можноста за организирање на обкуки за судии и новинари за адекватната примена на законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда. Двете страни се согласија дека судиите кога постапуваат за овие предмети треба да ја применат судската пракса од Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Амбасадорката Луер посебен интерес покажа за процесот на саморегулација во медиумите, предводен од ЗНМ и изрази подготвеност во соработка со други амбасади во Скопје да го поддржат процесот на формирање на Советот на етика. Исто така беа разгледани и други форми на соработка, како е размената на новинари преку искористување на ИПА фондовите. Луер рече дека Франција може да понуди добра експертиза за медиумското законодавство и за обуката на новинарите за разни тема од интерес на медиумските работници во Македонија. истата недела директорот на ЗНМ Секуловски се сретна со соработници на амбасадорката во детакли да ги разгледат можностите за взаемна соработка.

29


ЗАМЕНИК АМБАСАДОРОТ НА ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО ВО ЗНМ

Британска поддршка за саморегулацијата во медиумите

30

Претставници на ЗНМ во почетокот на март се сретнаа со Заменик амбасадорот на Велика Британија во Скопје, Кристин Винтербурн, со која разговараа за резултатите од спроведениот проект за саморегулација во медиумите, поддржан од британската амбасада. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани информираше за остварените консултации со сопствениците на националните и локалните медиуми, уредниците и новинарите, кои едногласно ја поддржуваат идејата за формирање на Совет за етика во македоснките медиумиа, со што ќе се зајакне примената на професионалните стандарди и етика и ќе се заштитат медиумите од разни притисоци. На средбата освен за досегашните резултати во процесот на формирање на Совет на етика, беа разгледани и можностите во иднина да се продолжи со проектот за саморегулација, кој треба да заврши со формирање на Совертот до крајот на годината. Исто така, се разговараше за потребата да се создаде коалиција од повеќе меѓународни институции, со цел да се обезбеди финансиска поддршка за завршување на консултациите со сите заинтересирани страни во процесот околу делегирање на кандидатите во органите на Советот, но и за функцинирање на Советот во првите години. Подготвеност да се поддржи финиширање на процесот на саморегулација досега имаат изразено и германската амбасада во Скопје, Унеско и други амбасади. Претставниците на ЗНМ соопштија дека процесот на саморегулација во Македонија е напреднат и дека без разлика дали ќе се обезбеди поддршка од надвор, процесот ќе заврши до крајот на годината, со оснивачко собрание, кое ќе биде свикано од медиумите и новинарските и медиумските организации.

На средбата беа презентирани резултатите од процесот на саморегулација во медиумите и беше изразена подготвеност процесот да се поддржи и во иднина


БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија ПРОМОВИРАН НОВИНАРСКИ ПРИРАЧНИК ЗА ИЗБОРИТЕ

Потсетник за правните и етичките норми за новинарите

Здружението на новинарите на Македонија го претстави Новинарскиот прирачник за следење на изборите, со кој се потсетуваат новинарите и медиумите за нивните права и обврски за пред и за време на изборната кампања. Прирачникот содржи дел посветен на улогата на медиумите за време на изборите, на новинарската етика и изборите, дел за изборни нерегуларности, за јавниот сервис, кодекс на новинарите и изборите, меѓународна правна рамка за слободата на изразување, македонска правна рамка за медиумско следење на изборите и правилници за и пред изборната кампања. Најважно е да се почитува етичкиот кодекс, кој не се однесува само на изборите, туку и воопшто, изјави на промоцијата новинарот и автор на прирачникот Ердем Ахмет. “Целта не е да се научат новинарите како да следат избори, бидејќи тие си ја знаат работата, туку да го имаат прирачникот со себе и да се потсетат на одредени правила“, изјави Ахмет. Претседателот на Здружението Насер Селмани рече дека медиумите играат важна улога во обезбедувањето демократски амбиент за одржување фер и демократски избори. “Изборите не се важни само за политичарите, кои за да ја добијат довербата на граѓаните даваат разни ветувања, туку и за обичните граѓани. Обврска на новинарите е да бидат меѓу нив и да ги пренесат нивните грижи“, рече претседателот Селмани. Издавањето на прирачникот беше поддржано од Фондацијата “Конрад Аденхауер“, канцеларијата во Македонија.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани рече дека медиумите играат важна улога во обезбедувањето демократски амбиент за одржување фер и демократски избори

Zdru`enie na novinarite na Makedonija

НОВИНАРСКИ ПРИРАЧНИК ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИЗБОРИ

31


Ovoj proekt e delumno poddr`an od Ambasadata na SAD. Mislewata, otkritijata, i zaklu~ocite, ili preporakite izneseni ovde se na avtorot(ite), i ne gi odrazuvaat onie na Stejt Departmentot na SAD.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.