UNASM Newsleteer-MK

Page 1

Електронски информатор

УНАСМ Билтен УНАСМ полноправна членка на

Година 2011, БР.04

СИНДИКАЛНА СРЕДБА СО ПРЕМИЕРОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Г-ДИН НИКОЛА ГРУЕВСКИ

СОДРЖИНА: Синдикална средба 1

Активни мерки кон пазарот на трудот

Јуни-Јули 2011

2

3 Преспектива на социјалниот дијалог Еднаквост и солидарност

3

Women Unlimited Macedonia

4

Трибина „Каков белег ќе оставиме“

4

Соработка меѓу НВО и синдикатите

5

Соработка меѓу УНАСМ и МЕСС

5

Безбедност и здравје

6

По иницијатива на синдикатите за утврдување на минималната плата, лидерите на синдикалните о р га ни з а ци и во Р М остварија средба со Премиерот на РМ Никола Груевски на која се дискутираше по оваа тема. Сите синдикати сме подготвени да разговараме со цел да се утврди минималната плата и во нашата држава. Сега со иницијативата што ја поведовме да се утврди минималната плата, ние сме заинтересирани да се зголемуваат и платите во јавниот сектор, истакнаа лидерите на синдикалните организации. Синдикалните лидери ветија заедничка работа со идната влада со цел утврдување на минимална плата на прифатливо ниво со цел поголема материјална сигурност на работниците во РМ. Премиерот на РМ потврди дека „Процесот на утврдување на висината на оваа плата ќе се с п р о в е д е п р е к у институционално преговарање во рамки на социјалниот дијалог помеѓу партнерите: влада, работодавачи, синдикати“, рече Премиерот Груевски додавајќи дека е прерано да се излезе со конкретни пресметки околу износот на минималната плата бидејќи тоа бара подлабока анализа, истражување и преговори меѓу трите социјални партнери.


Година 2011, БР.04

АКТИВНИ МЕРКИ КОН ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ Во текот на последната недела од месец јуни во Софија, Република Бугарија се одржа субрегионалната работилница на тема: „Пристојно вработување, пристојна работа и пристојни услови за работа“. На работилницата присуство зедоа членките на Женскиот комитет на ITUC/PERC од Македонија, Романија, Грција, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Албанија. На работилницата зедоа учество и експерти како и учесничките од синдикатите членки на женскиот комитет. Како теми кои се обработуваат беа МОТ перспектива-движења од несигурно вработување до пристојна работа, Економската криза-пазарот на трудот и ситуацијата на работниците од Балканските земји и Перспективи за пристапување во ЕУ на земјите од Балканот и улогата на синдикатите. Претставничката од Македонија г-ѓа Дивна Змејковска, Претседателка на СООЖ при УНАСМ пред присутните истакна дека ситуацијата во областа на трудот е последица на тешката економска ситуација во земјите каде што имаат неефикасен систем. Воедно исто така истакна дека синдикатите треба да направат анализа на усогласување на сите закони во областа на социо-економската политика, континуирано да се спроведуваат активности на мониторинг и еваулација и примена на законите на сите нивоа на власта, да се доаѓа до најдобри решенија преку соработка заснован на социјална стабилност за брз рамномерен развој и раст, зголемување на санкциите и казните, работодавачите да не ја избегнуваат обврската во пријавувањето на работниците и да плаќаат придонеси. Како заклучок Змејковска додаде дека е потребна и база на информации за родова еднаквост, јавно да се зборува за родовата рамноправност преку различни социјални агенди како и подготовка на мапи за родова рамноправност. Учесничките на работилницата истакнаа дека треба да се има реална претстава за можноста на синдикатите да помогнат во делот на областа на трудот, социјалната политика што е главен фактор за пристапување во Европската унија. Работничките права не се гарантирани јако се опфатени со меѓународни стандарди и конвенции. Кризата ги погоди сите земји, но воглавно не постојат податоци за положбата на жената. Жената е помалку заштитена на пазарот на трудот.!

Стр.2


Стр.3

УНАСМ Билтен

ПРЕСПЕКТИВА НА СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ

„Успешен социјален дијалог е придонес кон намалување на кризата врз политиките на вработување“ УНАСМ

Од 09 до 12 јуни 2011 година во Мамаја, Република Романија се одржа семинар на тема: „Како социјалниот дијалог може да помогне при вработување во криза“. Семинарот го организираше фондацијата F.N. CORESI со поддршка од ЕУ и ЕЗА. Учество на семинарот зедоа и претставници од EZA од Германија, CNS Cartel ALFA, Podkrepa од Бугарија, Solidarnost од Полска, LDF од Литванија, CST од Шпанија, CFTS, DGB од Германија и претставници од УНАСМ, Република Македонија беа Дивна Змејковска, Претседателка на Организацијата на жени и Ивана Лекич од Секцијата на млади. Социјалниот дијалог на глобално ниво е во голема криза. Воедно се истакна дека во скандинавските земји социјалниот дијалог е најдобар, додека конкуретноста е на високо ниво. Социјалниот дијалог е борба против работата на црно како и обид во средување на финансиите во поделбата на капиталот. Приоритет на Европската Унија е да има инвестиции, стабилно земјоделие како и стабилни извори, воедно треба да се прават напори во подобрување на образованието и признавање на квалификациите на кадрите од цела Европа. Младите исто така се приоритет на ЕУ каде не треба да се игнорира на оваа категорија на лица. Треба да се има повеќе доверба во младите и жените за да може да се почувствуваат како дел од општеството. Од младите во иднина повеќе се очекува да бидат политичари, адвокати, активни членови во синдикатите па дури и лидери. Од вкупните дискусии на присутните се дадоа некои заклучоци каде се вели дека не постои модел на Европски социјален дијалог со утврдени цели и задачи како и обврски. Воедно треба да се има еднакви права, почитување на правото, почитување на демократијата, обединување на синдикалните организации како и почитување на конкуренцијата. Експерти на семинарот беа г-дин Bartho Bronk - Претседател на EZA, г-дин Yves Clement - CFTS, г-дин Alfredо Ramirez Nardiz CST од Шпанија, г-дин Joel Decalion од Белгија, г-дин Mathias Flickshu DGB од Германија и други кои дадоа свој придонес во процесот на унапредувањето на социјалниот дијалог во рамките на Европската Унија.

ЕДНАКВОСТ И СОЛИДАРНОСТ МЕЃУ СОЦИЈАЛНИТЕ ПАРТНЕРИ Во рамките на проектот Балканска мрежа за пристојна работа во деновите 16 и 17 јуни во Охрид се одржа тренинг на тема: „Ставање на еднаквоста и солидарноста во срцето на ЕУ интеграциите“ во организација на Институтот за социјална демократија ПРОГРЕС во соработка со OLOF PALME International Centar и SOLIDAR. Целтта на тренингот е да сите социјални партнери бидат на едно место и да разговараат за поквалитетно обезбедување на пристојни работни места. Воедно исто така се истакнаа приоритети за овозможување и подобрување на работни места како и можност за формирање на мрежа со цел на полесно остварување на резултатите. Во текот на тренингот беа разработени неколку теми и тоа: Социјална политика на ЕУ; Лобирање и застапување; Мобилизирање на заедницита; Креирање на јавна порака до целната група. Сите теми беа презентирани пред присутните. На тренингот учество зедоа и претставниците од УНАСМ, Дивна Змејковска и Благоја Иваноски.


УНАСМ Билтен

Стр.4

Формирана нова женска мрежа Women Unlimited Macedonia

Симоне ФИЛИПИНИ Амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија

“Пред две години им ветив на група деловни жени дека ќе помогнм во основањето една мала мрежа на жени. Мојот син беше во Македонија да обезбеди една мрежа на жени каква што е Women Inc е во можност да собере најразлични жени за да разменат идеи и искуства и да добијат инспирација. Нивниот инклузивен став и пристап создава чувство на нешто свежо и примамливо, за жените да сакаат да дојдат, да се чувствуваат удобно и да учествуваат. Благодарение на Women Inc имам сретнато жени што инаку никогаш не би ги сретнала.

Концептот ме потсетува на социјалните медиуми: отворени за секого, недискриминаторски, нема членски картички. Тоа е начин на решавање на прашањата поврзани со зајакнувањето и еманципацијата што одговара на 21 век. Комбинацијата меѓу сериозните содржини и забавните презентации е место што човек посакува да дојде. Сакав и во Македонија да се основа слична мрежа. Оваа пролет конечно се основа "Women Unlimited Macedonia". Бидејќи жените во Македонија поседуваат неограничени капацитети и

таленти. И бидејќи е време тие уште повеќе да ги рашират своите соништа без ограничувања и аспирации. “ изјави Амбасадорката Филипини. "Women Unlimited Macedonia" е нов женски бренд кој заедно со вас ќе успее да најде нов потенцијал и убавина на сето она што сте го правеле досега и сакате да го правите понатаму. На настанот кој се одржа во Мала станица, Скопје на 9 јули придонос даде и СООЖ при УНАСМ со присуство на Претседателката Дивна Змејковска.

ОДРЖАНА ТРИБИНА ВО СТРУГА НА ТЕМА „КАКОВ БЕЛЕГ ЌЕ ОСТАВИМЕ-ФЕР ИЗБОРИ 2011“

Во текот на месец мај 2011 година се оддржа јавна трибина на тема:

„Каков белег ќе оставиме – Фер избори 2011“ во организација на ОНС УНАСМ Струга. На јавната трибина присуство зедоа граѓаните на општина Струга, НВО, претставници од општина Охрид, политичките партии од Струга и Охрид како и претставници од месните заедници и медиумите. На јавната трибина пред присутните говореа кандидатите за пратеници во новиот состав на Парламентот при Собранието на Република Македонија и тоа Александра Нестoроска од СДСМ – Струга, Надица Николоска и Лилјана Затуроска од ВМРО

ДПМНЕ – Струга. Целтта на јавната трибина беше да оставиме белег на фер и демократски избори со унапредување на демократијата и зачувување на човековите права. Присустните дадоа богата дискусија со кои сите посакаа да има фер и демократски избори без на рушување на редот и мирот на денот на гласање. Трибината ја отвори претставникот на ОНС УНАСМ Струга, Драгица Павлеска – Попоска, а нејзин фасцилитатор беше Александра Горческа.


Година 2011, БР.04

АКТИВНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ СИНДИКАТИТЕ И ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОД МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА На 02 јуни 2011 година во просториите на УНАСМ се одржа работна средба со претставнички од Организацијата на жени на град Скопје, СООЖ при УНАСМ, Женска граѓанска иницијатива Антико и преставничките од Канцелариите за техничка поддршка на граѓанските организации TACSO од Македонија и Албанија како и со организациите на жени од Албанија. На средбата се истакнаа задачите и активностите на сите организации кои разменија искуства од реализирањето на активностите од полето на социјалната заштита во заштитата на жената од секој вид на дискриминација, моббинг, семејно насилство и сл. Средбата беше со цел за да се воспостави соработка меѓу овие организации во унапредувањето и промовирањето на женските права преку меѓународна активност од Македонија и Албанија за учество на ЕУ фондовите.

НОВА СОРАБОТКА МЕЃУ УНАСМ и MESS од Република Турција Здружението на турските работодавачи за метална индустрија и Унија на Независни Автономни Синдикати на Македонија на 27 мај 2011 година одржаа работна средба во врска со проектот Европска соработка за мостови за заштита на здравјето и безбедноста ECBOHS. УНАСМ е дел од овој проект. Во проектот учествуваат синдикални организации и организации на работодавачи од западен Балкан како и од ЕУ и тоа (Македонија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Турција и Белгија). Целтта на овој проект е подигање на свеста на организациите на работодавачите и синдикатите како и граѓанските организации преку пренесување на искуства и добри практики од ЕУ за ефикасно работење и поддршка во ефективна и ефикасна имплементација на законодавството на национално и локално ниво. Проектот предвидува да ги вклучи и институциите на системот, синдикалните организации, граѓанските организации, работодавците, експерти и други фактори кои се креатори на јавните политики во општествениот живот. Како очекувани резултати од проектот е да се има зголемено учество на синдикатите и работодавачите во донесување на одлуки, зголемена соработка со граѓанските организации како и со институциите на ЕУ, активна соработка помеѓу работодавачите и работниците преку законодавството на ЕУ и нејзино влијание врз политиките на земјата и охрабрен социјален дијалог во подобрувањето на условите за работа преку усогласување со стандардите на ЕУ. УНАСМ како партнер на проектот даде поддршка за имплементација и промовирање на вредностите на работничките прашања во Република Македонија.

Стр.5


Година 2011, БР.04

Стр.6

БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА Безбедноста и здравјето е интердисциплинарен концепт на добросостојбата на луѓето кои се вклучени во процесот на работа. Но, во исто време, и заштита на работодавачите од непредвидени и неконтролирани економски и материјални загуби, што произлегуваат од штетите настанати од непримената на мерките за безбедност и здравје на работа. Како секундарен ефект се јавува и заштитата на колегите со кои работиме, индиректно нашите семејства, како и пошироката заедница. Според дефиницијата на МОТ (Меѓународна организација на трудот / International Labour Organization) од 1950 година со најновата ревизија од 1995, безбедноста и здравјето при работа цели кон: Унапредување и одржување на највисокото ниво на физичка, ментална и социјална добросостојба на работниците од сите професии; Заштита на здравјето на работниците предизвикано од работните услови; Заштита на работниците при работењето од ризиците кои резултираат од фактори штетни по здравјето; Поставување и зачувување на работникот во работна средина приспособена на неговите физиолошки и психолошки можности; Работата да се приспособи кон човекот, а не обратно. Значи, оваа област подразбира создавање здрава, хумана и безбедна работна средина. Законска регулатива Cпоред Законот за безбедност и здравје при работа (“Сл. весник на РМ“, бр.92/07), работодавачот е должен да ја организира, уредува и обезбедува безбедноста и здравјето при работа во согласност со одредбите од овој Закон, како и во согласност со одредбите на други закони и подзаконски прописи кои се однесуваат на неговата конкретна работна средина. Притоа работодавачот има обврска да обезбеди безбедност и здравје при работа за неговите вработени од секој аспект поврзан со работата, вклучувајќи заштита од професионални ризици, обезбедување информации и обука и обезбедување соодветна организација и потребни средства. Без разлика на претежната дејност, работодавачот согласно чл.17 од Законот, мора да обезбеди мерки за безбедност и здравје при работа особено со: назначување на едно или повеќе стручни лица за безбедност (интерно или надворешно), донесување на безбедносни мерки против пожар во согласност со посебни прописи, донесување мерки за прва помош и евакуација во случај на опасност, обука на вработените за безбедно извршување на работата врз основа на сопствена програма, обезбедување опрема за лична заштита за вработените и нејзината употреба, доколку преземените безбедносни мерки во работната средина не се доволни, вршење повремени прегледи и испитување на работната средина и опрема, следење на здравствената состојба на вработените.

„Да промовираме безбедни работни места!“


WWW.UNASMPP.WEEBLY.COM WWW.OZUNASM.WEEBLY.COM

РЕГИОНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА УНАСМ ДЕЛЧЕВО СВЕТОЗАР МАРКОВИЌ ББ 92000 ДЕЛЧЕВО, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Координатор: Димитар МОМЧИЛОВ Тел: +38933410281 Email: unasmdelcevo@yahoo.com

УНИЈА НА НЕЗАВИСНИ АВТОНОМНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА

РЕГИОНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА УНАСМ ОХРИД БУЛЕВАР ТУРИСТИЧКА ЗГР. РЕМИС 2 – ЛОКАЛ 3 6000 ОХРИД, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Координатор: Благоја ИВАНОСКИ Тел: +38946251077 Email: unasm_ohrid@yahoo.com

ул: „Васил Ѓоргов“ бр.39, 1000 Скопје, Република Македонија Тел: +38923230307 Email: info@unasm.org.mk

РЕГИОНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА УНАСМ ПРИЛЕП Ул: „СОТКА ЃОРЃИОСКИ“ ББ (х.Скопје) 7500 ПРИЛЕП, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

за издавачот: Слободан АНТОВСКИ

Координатор: Гоце БЛАЖЕСКИ

издавач:

УНАСМ

Тел: +38948410999

уредува:

Рубинчо АРИЗАНКОСКИ

Email: unasmpp@gmail.com

Електронски информатор УНАСМ Билтен Email: unasmbilten@gmail.com

РЕГИОНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА УНАСМ СТРУГА ГРАДСКИ ПАЗАР ББ (на спрат) 6330 СТРУГА, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Координатор: Драгица ПОПОСКА Тел: +38946784495 Email: unasmstruga@yahoo.com

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ ОД СОНЦЕТО ? Во текот на екстремно топли денови се препорачува да се останува повеќе во затворени простории, пред се климатизирани. Да се носи светла и лесна облека, а на директно сонце заштитни очила и капа. Исто така се препорачува да се внесува помала количина храна, а посебно помалку мрсна храна, а да се редуцира и евентуалната зголемена телесна тежина. Лекарите советуваат да се внесува голема количина течности почнувајќи од обичната вода за пиење, па до минерализирани безалкохолни пијалаци. Треба да се избегнуваат алкохолните пијалаци, пијалаци кои содржат кофеин и екстремно ладни пијалаци или консумирање на поголема количина шеќер. При неопходен престој на отворен простор во овој период потребно е да се најде можност за почести одмори под сенка и да се избегнува директен престој на сонце. За сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултирате својот матичен доктор.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.