Bilten-Zenska Vizija no.02.2011

Page 1

ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР ЗА ЖЕНИ

ЖЕНСКА ВИЗИЈА ОКТОМВРИ—ДЕКЕМВРИ

ГОДИНА 2011, Бр.02

СЕКОЈ ТРЕТ ВРАБОТЕН Е ЖРТВА НА МОБИНГ Психолошки насилства на работно место

СОДРЖИНА Истражување 2 ЕСЕ СООЖ против 3 семејното УНАСМ во Вилнус,

3

Мисла за 3 живот-Теодор Рузвелт

Се почесто ви се случува да одите на работа со чувства кои не можете да ги опишете како позитивни? Добивате задачи за кои не само што не се ваша обврска, туку не сте ни обучени да ги работите, а згора на тоа банкарската сметка на први станува се помала? Или пак, забележувате дека колегите ве избегнуваат и се прашувате каде замина пријателската атмосфера во канцеларијата. Ако сте имале сличен проблем во изминатите шест месеци, не проверувајте ја датата на весникот. Реално, живеете во 21. век, а по дефиниција, вие веќе сте жртва на мобинг. Фактот дека не сте се вратиле во времето на робовладетелството, го потврдуваат резултатите од голем број проучувања. Половата поделба на жртвите, докажуваат дека жените се многу повеќе изложени на мобинг за разлика од мажите. Па така, вкупниот број на жени кои пријавиле злоупотреба на работното место изнесува 68 проценти, додека бројот на мажи е двапати помал – 32 проценти. Според старосната структура најмногу е застапен кај лица од 35 до 50 години, а испитаните жртви имале повеќе од 10 години работно искуство. Најголем дел од малтретираните лица се чувствувале исплашено и размислувале да го н а п у ш т ат работното место. Хоризонталниот мобинг во најголемиот број на случаи се случува меѓу вработени кои се наоѓаат на иста хиерархиска позиција. Стратешкиот мобинг, најчесто се јавува во големите компании, како резултат на потребата да се намали бројот на вработени. Емотивниот пак, се одвива на лично ниво, се јавува од страв, завист и злоба, а најчесто е насочен кон лица кои

се истакнуваат со к в а л и т е т и способност. Во случаите каде што постои сексуално вознемирување кое с е о д в и в а континуирано во подолг период, г-ѓа Дивна ЗМЕЈКОВСКА станува збор за Претседателка на СООЖ мобинг со при УНАСМ елементи на сексуално вознемирување. Во последно време се почесто се говори и за политички мобинг, кој особено е изразен во јавната администрација и државните институции, што пак е потврда за едно поделено општество каде што и работните средини се исполитизирани. Со цел да им се помогне на жртвите на мобинг, во Македонија за прв пат е отворена СОС линија, од страна на Унијата на независни автономни синдикати во Македонија (УНАСМ). „Откако е отворена линијата во март, па се досега бележиме пораст на јавувањата“, вели Дивна Змејковска, Претседателка на СООЖ. Ова го потврдува и примерот на една самохрана мајка која била жртва на сексуално вознемирување од страна на нејзиниот претпоставен, а кога решила да го сподели проблемот со останатите, наместо на помош, наишла на осуда од страна на нејзните колешки дека самата ја предизвикала ситуацијата, бидејќи претходно била во врска со него, а сега кога сака да ја прекине, не може никого да обвини за нешто друго. Жртвата била принудена да го напушти работното место.


ЖЕНСКА ВИЗИЈА

Истражување ЕСЕ во потрага на насилство врз жената на работното место Важен чекор во насока на унапредување на родовата еднаквост, посебно во однос на обезбедување еднакви можности и недискриминација на жената на работното место, е и неодамна спроведеното Истражување за психичкото и сексуалното вознемирување на жената на работното место. Ова истражување за свој предмет на фокус ја има вработената жена од јавниот и приватниот сектор како и видовите и обемот на негативни однесувања и практики со кои таа се соочува на работното место. Во истражувањето беа користени следните методолошки постапки: Спроведување анкета со помош на подготвен анкетен прашалник (809 анкетирани лица) и Организирање на фокус-групи (2). Сознанијата од спроведеното истражување овозможија добивање на сеопфатен преглед во однос на: застапеноста и видовите преку кои се манифестираат овие две појави; зачестеноста на појавите; последен инцидент; реакција на жртвите на психичко и сексуално вознемирување; последици по здравјето, личниот и професионалниот живот; влијание на професионалните карактеристики и организациската култура врз појавата на одделни видови на психичко и сексуално вознемирување како и ставови и мислења на жртвите и испитаничките по однос на: застапеноста, законската регулираност како и потребните мерки за третман и заштита на жртвите. Како резултат на добиените сознанија од двете методолошки постапки произлегоа повеќе заклучоци и препораки, од кои дел се однесуваат на потребата од преземање на превентивни активности за соодветно и сеопфатно информирање на работодавачите, работниците, синдикатот и другите институции (организации) за сериозноста и штетноста на појавата на психичко и сексуално вознемирување, не само за здравјето и професионалниот ангажман на жртвите туку и за ефективноста, продуктивноста и профитабилноста на работните организации. Овие активности ќе резултираат со јавно говорење за појавите, што пак од друга страна ќе резултира со зголемено ниво на пријавување. Воедно, сознанијата укажаа и на потребата од развивање на интерни организациски постапки за третирање на случаите, развивање на соодветни механизми за навремено препознавање, заради понатамошно адресирање, односно иницирање на формални постапка за заштита од

Стр.2

случаи на психичко и сексуално вознемирување.Дел од податоците од спроведеното истражување: - Психичко вознемирување 1. Според податоците од истражувањето, секоја втора испитаничка изјавила дека претрпела одреден вид психичко вознемирување. Имено, од вкупно 809 испитанички, 462 вработени жени (57 %) одговориле дека се соочиле со психичко вознемирување на работното место. 2. Од вкупниот број на жртви кои презеле реакција(280), само 58 жртви презеле некаква формална реакција. Особено е низок степенот на формално пријавување на психичкото вознемирување во синдикат и во трудова инспекција. Од видовите на формална реакција најповеќе е застапено пријавувањето на психичкото вознемирување кај работодавач. За жал, по пријавувањето кај работодавачот тие не превземаат други формални дејствија. 3. Жените- жртви на психичко вознемирување (мобинг) пријавиле дека во најголема мера трпат емоционални и психолошки последици (89, 6 %); по што следи соочување со психосоматски последици кај 70,1 % од жртвите и трпеле последици од нарушувања во приватниот живот (46,5 %). - Сексуално вознемирување 1. Повеќе од две третини од испитаничките (77 %) сметаат дека за сексуалното вознемирување во нашата земја не се говори јавно односно дека тоа е се уште табутема. 2. Овие сознанија ги потврдија и податоците за слабо пријавување на појавата односно само 17,1 % од вкупниот број на испитанички во рамките на нашето истражување пријавија дека биле жртви на сексуално вознемирување. 3. Над 40 % од жртвите на сексуално вознемирување пријавиле дека биле изложени од 3 до 10 пати на однесување на сексуално вознемирување, односно биле изложени на повеќекратно сексуално вознемирување. 4. Жртвите на сексуално вознемирување во нашата земја без исклучок сами реагирале (лично реагирале) и се обиделе да ја разрешат состојбата. Од друга страна пак само една третина се обратиле за професионална помош или презмеале оддредени дејства што резултираат со официјална реакција за решавање на овој вид насилство.


СООЖ во борба против семејното насилство П о п о в о д Интернационалните денови за борба против семејн ото н асил ство, СООЖ при УНАСМ реализира активности во полето на заштитата на жртвите од семејно насилство. Активностите се реализираа во склоп на Прорамата за жени од ПМЕ Програмата поддржана од страна на CNV Internationaal. Улогата на жената во општеството е од големо значење како и за семејството. Се потенцира дека секоја четвртта жена го оправдува физичкото

насилство во одредени ситуации. Но, покрај ова насилство застапени се и сексуалното, психичкото како и емоционалното насилство. Жената како мајка и родител треба многу повеќе да се почитува за нејзино унапредување во општествените текови на живот. Правото на живот е право на секое човечко суштество на планетата. Во Република Македонија се донесоа голем број на законски прописи, стратегии, акти и други методи за заштита на

ГОДИНА 2011, Бр.02

жртвите од семејно насилство. СООЖ при УНАСМ во наредниот период продолжува да работи во полето на унапредување на женските човекови права. Само во последните два месеца од 2011 година имавме случаеви на жртви од семејно насилство кои претрпиле физичко и психичко насилство во нивните семејства. Да го зачувуваме нашиот живот и да не молчиме туку да го пријавиме семејното насилство на 02 15 700!

УНАСМ зеде учество на 12та синдикална школа во Вилнус Во месец Октомври 2011 во Вилнус, Литванија се одржа 12та Интернационална синдикална женска школа организирана од ITUC/PERC CEE и NIS Женска мрежа. На оваа школа учествуваа 50 синдикални организации од 24 земји. На школата се изучуваше за подготовка на проектен циклус како и за достоинствената работа.

Учеснички на женската школа, Вилнус 10.2011

Генералниот секретар на PERC г-дин Григор Градев даде информација за идната програма на PERC каде истакна за предизвиците на синдикалните организации кои треба да се насочат кон жените работници. Учесник од Република Македонија на оваа школа беше г-ѓа Вера Василевска од УНАСМ.

„Воопшто не е важен оној кој гледа отстрана и суди, ниту оној кој посочува каде не успеале големите луѓе или како тој што направил еден подвиг можел да го направи подобро. Заслугата припаѓа на човекот во првите борбени редови, чие лице е извалкано од прав и пот и крв, кој храбро се трудел, кој греши и паѓа и повеќе од еднаш—бидејќи нема напор без грешки и падови, оној кој фактички се обидува да направи нешто, кому големиот ентузајазам и длабоката посветеност не му се туѓу, кој се дава себеси за вредна цел, кој во најлош случај барем славно паѓа обидувајќи се со сите сили. Далеку подобро е да се осмелиме кон големи дела, да постигнеме славни победи иако попатно сме се сопнале многу пати, отколку да се вброиме меѓу оние кутри душички кои никогаш не искусиле ни радост ни страдање бидејќи живееле во сивиот самрак во кој нема ни победи ни порази“. Теодор Рузвелт Стр.3 3


www.ozunasm.weebly.com

СИНДИКАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИ ПРИ УНАСМ

Ул. Васил Ѓоргов бр.39 1000 Скопје Република Македонија

Мисли за животот: • „Животот е долг процес на умирање“—Samjuel Batler

тел. +38923230307 СОС линија за помош на жртвите од моббинг +38923220252

за издавачот: Дивна ЗМЕЈКОВСКА издавач:

• „Да е животот убав, човекот не би се родил плачејќи“—Sand • „Животот е последна навика која би сакале да ја изгубиме, бидејќи е првата што сме ја стекнале“— Dima

СООЖ при УНАСМ

уредува: Рубинчо АРИЗАНКОСКИ Електронски информатор УНАСМ Билтен email. unasmbilten@gmail.com

Почитувани партнери и пријатели Dear Partners and Friends,

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ HAPPY CHRISTMAS AND NEW YEAR


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.