Maturska parada katalog 2014

Page 1

М ај

20 14


Во 2007 година на иницијатива и во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Танцовиот клуб „Ритам плус” од Скопје, а со поддршка од Агенцијата за млади и спорт и Градот Скопје за првпат во Република Македонија беше одржана манифестацијата „Матурска парада”.


Матурската парада е: - празник на матурантите со свечено дефиле низ улиците на градот - истовремено играње на танцот квадрил во стотина европски градови - музика и танц, радост и опуштање, дружба и забава на матурантите Матурската парада е меѓународна манифестација која е покрената во 2001 година во Словенија. Идеен творец на манифестацијата е Томаж Амброж од Танцовата школа „Уршка“ од Љубљана.

Носители на ексклузивното право за организација на „Матурската парада“ во Македонија се Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Танцовиот клуб „Ритам плус“ од Скопје, благодарение на огромниот ангажман на Тодор Миладинов и Никола Глигоров. Ексклузивноста на манифестацијата е во тоа што на неа активно може да учествуваат само актуелните матуранти, тоа е само нивна манифестација.


„Матурската парада” овозможува на едно место, во исто време да се сретнат и да бидат видени матурантите не само од едно училиште туку сите матуранти во градот. Матурантите да бидат сите заедно, да се дружат, да танцуваат, да слават и да се радуваат пред нивните родители, роднини и пријатели, граѓаните и јавноста воопшто. Самото одигрување на танцот и манифестацијата која во таа пригода се одржува претставува заокружување на еден подолготраен процес. Само врв на сантата лед која претставува процес на обука и подготовки на матурантите за одигрување на танцот, организација и подготовка на самата манифестација, обезбедување на сите неопходни потреби.

Организациско техничките детали се едниот сегмент на овој проект, вториот, оној суштинскиот е работата со младите луѓе, со матурантите. Во про­цесот на обука за одигрување на танцот младите луѓе не само што се учат да ги совладаат соодветните чекори и движења, тие истовремено подлабоко се запознаваат со танцовата култура, со музиката. Тие покрај „квадрилот” учат и други танци со што се стекнуваат со вештини, кои остануваат како нивно знаење за целиот живот, за секоја соодветна пригода и место.


Покрај ова, составен дел на подготовките и на самата завршна манифестација е кажувањето на изјавата – „заклетва” за ненасил­ство од страна на учесниците во сите градови во земјите во кои се одржува „Матурската парада”. На тој начин не само што во исто време на иста музика во различни градови танцуваат младите, тие, генерациите кои ќе го градат светот во иднина, во исто време од различни делови на светот ја испраќаат пораката за ненасилство, толеранција и соработка.


Матурска парада низ годините 2001 - 3.128 танчери во Љубљана (прва „Матурска парада“) 2007 - 23.408 танчери во 45 градови во 5 држави (Македонија за првпат учествува на „Матурската парада“) 2008 - 27.040 танчери, во 44 градови во 6 држави 2009 - 26.924 танчери, во 60 градови во 7 држави 2010 - 26.064 танчери, во 59 градови во 8 држави 2011 - 25.812 танчери, во 57 градови во 7 држави 2012 - 28.044 танчери, во 58 градови во 8 држави 2013 – 34.000 танчери, во 61 градови во 8 држави


„Матурска парада“ во Македонија: 18 мај 2007 - 692 танчери во Скопје и Охрид 16 мај 2008 -1.404 танчери во Скопје, Велес, Охрид, Струмица 15 мај 2009 - 1.472 танчери во Скопје, Струмица, велес, охрид, Валандово 21 мај 2010 - 1.090 танчери во Скопје, Струга, Охрид, Кавадарци, Велес 20 мај 2011 - 1.840 танчери во Скопје, Струга, Охрид, Струмица 18 мај 2012 - 2.380 танчери во Скопје, Охрид, Ресен, Гевгелија, Струга, Струмица 17 мај 2013 - 2.392 танчери во Скопје, Охрид, Струмица, Куманово, Струга, Гевгелија


Завршниот дел на манифестацијата секогаш е проследено со присуство на специјални гости: највискоки претставници од градот и државата, амбасадори, како и бројна публика. Официјалниот почеток на манифестацијата го означува Градоначалникот на градот, а првите официјални честитки до матурантите на самото место се упатени од страна на Амбасадорот на Европската Унија во Скопје и претставниците на државните институции.


„Матурската парада“ предизвикува огромно внимание кај медиумите, како во најавата така и на самиот ден на одржувањето. Тоа е настан на денот на кој присуствуваат и го одбележуваат новинари, сниматели и фоторепортери од сите медиуми за кои тоа е првата, ударна вест, вест за насловната страница.


Терминот квадрил првпат се среќава во 17 век како дел од воените паради. Самиот збор има шпански корени - cuadrillo, со значење „мал правоаголник“ затоа што тоа е основната форма во која се поставени двата пара и нивните движења кои учествуваат во овој танц. Се смета дека танцот квадрил потекнува од Франција каде се појавува во втората половина на 18 век, а во почетокот на 19 век дури и се предавал во некои училишта со што станал широко распространет и негови модификации се среќаваат многу често и во многу други држави. Тоа е танц во кој учестуваат две двојки односно два пара кои своите движењеа ги изведуваат во просторот во форма на квадрат. Обично се состои од 5 или 6 дела, а за „Матурската парада“ одбрани се 4 дела: Le Pantalon, L’été, La Pastourelle, Finale и самиот танц трае 8 минути. За “Матурската парада” овој танц, кој се игра на музика од Штраусовата опера “Лилјакот”, е така адаприран да биде што поприфатлив за учениците и да можат релтивно лесно да го совладаат. Подготовките односно обуката на матурантите во Скопје за одигрувањето на “квадрилот” се врши од стручни инструктори од Танцовиот клуб “Ритам плус”. Самата обука трае десетина наставни часови кои се одржуваат во средните училишта и во координација со нив во смисла на обезбедување на просторот и времето, со цел да не се нарушува и попречува редовниот наставен процес. Оваа обука обично се одржува во второто полугодие. Секој час започнува со кажување на изјавата за ненасилство.


Елемент кој оваа манифестација ја прави попривлечна и поатрактивна како за самите учесници така и за најшироката јавност е што таа секоја година се прави обид да се постави Гинисов рекорд во категоријата истовремено синхронизирано одигрување на еден иста танц на различни места, односно во различни градови. Во изминатите години учесниците од стотина градови од Словенија, Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Романија, Бугарија, Македонија и Албанија, во шест наврати поставуваа вакви рекорди. Вкупниот број на учесници на “Матурската парада” во изминатите 11 години во сите градови учесници изнесува 269.836 матуранти.


design by:

ROYAL ART

Град Скопје

Дирекција за култура и уметност - Скопје Directorate of Culture and Arts - Skopje бул. „Св.Климент Охридски” 58 б пошт. фах 519 тел/факс: ++389 02 3165 064, 3222 341, 3238 372 e-mail: skleto@unet.com.mk www.dku.org.mk

ТСК Ритам Плус Ул. Борка Талески 12б, Скопје тел. + 389 71 34 64 53 , + 389 70 888 317 e-mail: info@ritamplus.com.mk www.ritamplus.com.mk


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.