Blues and soul 2017

Page 1

СЕПТЕМВРИ 2017 СКОПЈЕ


Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, со гордост го најавува Blues & Soul Festival 2017, кој ќе се одржи од 22 до 24 септември во познатиот скопски клуб - Станица 26.

Програма: 22.9.2017 (петок) - 21:00

23.9.2017 (сабота) - 21:00

IN THE MOOD BIG BAND (МАКЕДОНИЈА)

TRIPLE FRET BAND (ГРЦИЈА)

Сашо Ѓорѓевски - вокал и усна хармоника Никола Петровски - гитара Горан Попoски - тапани Оливер Јосифовски - контрабас Гордан Спасовски - пијано Бранко Илиевски - тромбон Петар Христов - тенор саксофон Трајче Велков - труба Иво Солдатовиќ - кларинет

Сакис Доволис - вокал и гитара Елиас Заикос - гитара Ник Дунусис - гитара Фотис Доволис - бас Џорџ Цукас - клавијатури Фотис Вакуфцис - тапани

TRICKBAG (ШВЕДСКА) Томи Моберг - вокал Ларс Нeсман - вокал и контрабас Томи Лино - гитара Стивен Вестон - усна хармоника Бјорн Витанен - тапани Фредрик фон Вердер - пијано

24.9.2017 (недела) - 21:00 MÁTYÁS PRIBOJSZKI BAND (УНГАРИЈА) Матјаш Прибојски - вокал и усна хармоника Ференц Сас - гитара Даниел Молнар - тапани Ласло Чизмадиа - бас


IN THE MOOD BIG BAND (МАКЕДОНИЈА) „In The Mood“ - блуз дуо е формирано во ноември 2009 година во Скопје од страна на Сашо Ѓорѓевски и Никола “Џими“ Петровски. „In The Mood“ во изминативе осум години имаат преку 1.500 настапи и освен како дуо, соработуваат и со бројни музичари од Македонија, а специјално за овогодинешниот Blues & Soul Festival ќе настапат во биг бенд состав изведувајќи легендарни блуз теми и заедно со „Trickbag“ ќе се погрижат отворањето на фестивалот да биде вистински спектакл!

TRICKBAG (ШВЕДСКА) Вреќа полна со трикови брзо не се полни. Врвниот Шведски блуз состав „Trickbag“, конкурент за најдобриот Европски блуз состав, го докажува тоа година за година веќе 20 години. Како најдобар доказ за нивното светско име е долгата листа на гости на повеќето нивни албуми, од кои With Friends волумен 1 и 2 го запечатуваат аргументот само со следната листа на Американски имиња: Barrelhouse Chuck, James Harman, John Nemeth, RJ Mischo, Lynwood Slim, Bob Corritore. Оваа листа и фактот дека се број еден состав за подршка на сите тие и повеќе американски блуз звезди кога и да ја посетат Европа, навестуваат дека Blues & Soul 2017 ја нуди уникатната и премиерна прилика да се запознаеме со светските експоненти на Чикашкиот стил на стариот добар, мераклиски начин.

TRIPLE FRET BAND (ГРЦИЈА) Познатиот грчки блуз гитарист, пејач и композитор Сакис Доволис е несоменено еден од најдобрите блуз/рок гитаристи на Балканот. На овогодинешниот Bues & Soul Festival доаѓа заедно со составот „Triple Fret“ и легендарните блуз музичари од Грција кои се присутни на сцената речиси 30 години - Елијас Заикос од „Blues Wire“ и Ник Дунусис од „The Backbone“.

MÁTYÁS PRIBOJSZKI BAND (УНГАРИЈА) Унгарецот Матјаш Прибојски е еден од најдобрите и највисоко квалификуваните свирачи на усна хармоника и пејачи на блуз музика на Европските простори и пошироко. Добитник е на титулата „Златен албум“ за еден од своите единаесет албуми кои досега ги има снимено. Матјас е официјално заштитно лице – артист на „Хохнер“ хармониките. Во текот на својата кариера настапувал во повеќе од триесет држави, на три континенти, пренесувајќи ја пораката на својот сопствен стил на блуз музика. Сцената ја делел многупати со извонредни музичари од својот ранг.

Влезници во продажба во Југотон Рекордс, онлајн на www.jugoton.mk и на благајната на Станица 26. Цена на влезниците: 22.09 – 300 денари; 23.09 – 200 денари; 24.09 – 200 денари.


Организатор: Дирекција за култура и уметност - Скопје Никола Глигоров Мирко Стефаноски Симона Гајдоска Стамат Наумовски Петранка Георгиевска Програмски селектор: Иво Солдатовиќ Издавач: Дирекција за култура и уметност - Скопје За издавачот: Никола Глигоров Дизајн на плакат и каталог: Катја Штркова Кочовска Благодарност до: Д-р Ѓорѓи Паскалов, Бојан Кочовски, Катја Штркова Кочовска и Васја Ивановски Организаторот го задржува правото за измени во програмата.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.