MYG #13 (MK version)

Page 1

#13 Јуни 2019

F O Y T I C S Y E K N MO

AURA

TAKE 5

бесплатен примерок


Хозе санчез

Христијан Николоски

борче аџиески

Антонио Бошковски

Лилјана белакапоска

Севим Џиван

- автор и дизајнер -

- автор -

- автор -

илија биноски - автор -

- дизајнер -

- автор и преведувач -

- автор -

франческо лозупоне - автор -


INDEX 6. DELICATE 9. Феникс задавен во сопстве ната пепел

12. Мојот дневник

13. Фокачата од Бари јот од тунелот 14. Секогаш има светлина на кра

ИГА 16. 2 МЕСЕЦИ ВО Р 17. Еразмус+ љ убовна приказна


Здружението на млади „Инфо фронт – Прилеп“ е младинска невладина организација која има за цел да ги информира младите во врска со програмата Еразмус+ на Европската Комисија, Европскиот Волонтерски Сервис (ЕВС), да стимулира креативност, креативен активизам, мобилност на младите, неформално образование, културни размени и размена на информации. Нашата главна цел е да се обезбедат можности за едукација на младите, како би биле поконкурентни на пазарот на труд. Здружението организира меѓународни семинари, тренинг курсови, младински размени, дебати, преку кои младите се информираат за можностите за мобилност на млади и неформално образование. Проектите кои ги имаме организирано и кои ги припремаме во иднина се на тема претприемништво, родова еднаквост, човекови права, уметност и култура, креативност, креативен активизам, креативно пишување, животна средина, Европска свест итн. „Инфо фронт – Прилеп“ е формирана во 2011 год., претставува македонска гранка на организацијата Loesje International и има акредитација за Организација- испраќач, Организација- координатор и Организација- домаќин за Европскиот Волонтески Сервис од 2012 год. - 2015-1-MK01- KA110-002670.


INTRO Curiosity is characteristic for monkeys. Their eagerness is making them discover what is hidden beyond. Some monkeys from Prilep are very curious, so curious that they are discovering new galaxies.


6


Delicate, a flower blooming in a spring field, gracing the world with its presence announcing what is yet to come -Beautiful times from the heart and the sunFighter, defying the winter, time and time again showing us all there is more than the now and then, Precious, a flower’s love in your heart, a wonderful gem to never part. Warmth, what beauty and love you bring to this land, melting the ice from winter’s hand. Love, what you teach us every day, grace the world with your beautiful soul in every way. 7

Лилјана Белакапоска


DELICAT E

NO

W

10

9

12

11 8 7

2

1

6

Dr ea

5

3

4

ms


Feniks zadaven vo sopstvenata pepel

9


Првиот пат кога некој спомна за Македонија, јас не знаев ништо за неа. Едиственото нешто што го знаев е тоа што Македонија се наоѓа над Грција на мапата и искрено начинот на говорење ми звучеше егзотично. Најверојатно не знаеш, но Македонија на шпански значи овошна салата. Мммм вкусно. Замисли јадеш македонија на сред лето со ананас, јаболко, банана, јагоди, лимон и портокал. Се сеќавам кога јас и моите другари правевме шеги како: „На кој јазик зборуваат македонците? Дали зборуваат со овошни кодови како: еј ананасу, денес се чувствувам повеќе како јаболко. Која овошка си денес?“ Во овие два месеци, моето мислење за Македонија не е исто како што беше порано. Запознав многу луѓе и сфатив дека не зборуваат со овошни кодови. Веќе сум бил во повеќе градови, скршив неколку јајца за Велигден и правев шеги на македонски јазик. Македонците се супер со мене и со сите странци, тие се заинтересирани за другите култури и сакаат да учат нови јазици. Па сега треба да го проверам распоредот и да видам со кого ќе пијам кафе денес. Прилеп е еден тивок град каде можеш да видеш тинејџери и стари луѓе. Но каде се луѓето кои имаат 20-30 години? Каде се скриени? Еден од главните проблеми е тоа што минималната плата не им помага на младите да останат во Прилеп и Македонија, па тие одат во странство да откријат нови можности, кои е невозможно да ги пронајдат во нивната држава. Исто така, особено во Прилеп, проблемот е тоа што ова е град на зомби, жив, но во исто време мртов. Во очите на еден критичен волонтер, го гледам Прилеп како феникс кој се задавил во сопствената пепел и кој можел да лета, но сега се распаднал. Сега е само една сива прашина која и дождот не и помага да порасне. Пристигнав тука пред два месеци и не најдов ништо интересно што би можел да правам. Мојата креативност е едиственото нешто што ме прави да правам нешто, да излезам надвор и да го скршам очајот. Можам да ја замислам ситуацијата кога едно младо девојче нетрпеливо чека да го „изеде“ светот, 10


но не може да пронајде можности во нејзината држава. Тоа е исто како лав затворен во мал кафез. На Македонија и треба промена, зашто може да постане една ненаселена територија. Па кои се решенијата? Можеби да се променат политичарите? Да се зголеми минималната плата? Или пак да влезе во Европската Унија? Не би можел да кажам со сигурност, бидејќи не сум ниту социолог, ниту политичар, ниту пак филозоф, но знам дека на Македонија ѝ е потребна промена. Барем луѓето и природата ја прават оваа држава убава. Во пепелта на фениксот, надежта сеуште постои. Тука има еден цвет кој расте во пепелта каде фениксот се распаднал на парчиња и солза на надежта полека го наводнува цветот.

11

Хозе Санчез


Мојот дневник Здраво на сите! Тоа сум јас, Севим, новата волонтерка од Турција. Сега треба да напишам состав за нашето списание, но сакам да напишам нешто поразлично. Со вас ќе го споделам мојот дневник. Бидејќи знам дека сите се нетрпеливи да прочитаат туѓ дневник. Тајните работи се секогаш поинтересни. Ако сте спремни можеме да почнеме! Денес дознав лоши вести од Турција и искрено ме боли срцето. Вчера попладне зборував со мојата братучетка на телефон и ѝ кажав за концертот во Прилеп. Таа сакаше да го гледа концертот со нејзиниот дечко и ѝ реков дека ќе и се јавам. Како и да е, ѝ се јавив, но таа не ми крена. И ова утро дознав зошто. Веднаш после нашиот разговор, дечкото на братучетка ми имал срцев удар и починал. Не можев да поверував кога слушнав за тоа. И искрено ниту сакав да поверувам. За прв пат, јас сум далеку од мојот дом и мојата татковина и тоа многу ме растажи. Сфатив дека животот е многу краток и дека сум далеку од сите што ги сакам. Моето семејство, љубовта на мојот живот, моите најдобри пријатели. Но, од друга страна, животот е прекраток да се откажам од мојот сон. Живеењето овде е живеење на сонот. Мојот сон. Мојот сон е исто така да го видам Сингапур и знам дека ќе отидам таму, но без моето семејство. Понекогаш мора да се откажеш од еден сон за да почнеш да живееш друг. Убаво е да пораснеш и да ги доживееш твоите соништа, но истовремено е и тешко. А сега се обраќам на личноста која го чита ова. Те молам прегрнувај го твоето семејство, твоите пријатели и ТВОЈОТ СОН. Животот е краток - тежок, но прекрасен. Треба да ги сакаме нашите пријатели, да патуваме и да бидеме благодарни за сè. 12 Севим Џиван


Фокачата од Бари Фокачата е налик на леб, мек и вкусен, кој датира од феникинската ера. Таа е родена 3000 години пред пицата, и била тесто направено од просо, јачмен, вода и сол, кои Феничаните го готвеле со големо количество на сало. Во вториот век пред наша ера, Катон Цензор, политичар, историчар, генерал и писател на древниот Рим, пишувал за тесто со кружен облик, варен на камен со маслиново масло, зачини и мед, наречен panis focacius (панис = леб, фокациус = оган ). За време на ренесансниот период, фокачата, дури и ако беше леб наменет за појадок, започна да се јади попратена со добро вино, за време на свадби. Денес, фокачата варира од регион до регион, но Пуља и Лигурија се оние кои го задржуваат стаутсот на местото од каде се започнува, и покрај тоа што фокачата е присутна во низ Медитеранот. Апулијанската фокача е исто така и спомената во документарниот филм “Focaccia Blues”, снимен во Бари во 2001-ва, каде што американскиот гигант Мекдоналдс одлучува да отвори мега ресторан за брза храна, игнорирајќи мал ресторан на истата улица што ја продава познатата фокача од југот. На крајот на играниот филм пекарот, лојален и не-глобален, ги принудува тие да ги затворат вратите. Типичната фокача од Бари е многу честа појава во областите што припаѓаат на провинциите Бари, Таранто, Барлетта-Андрија-Трани. Во типичната верзија, основата на фокачата се добива со мешање: премалиран гриз, варени компири, квасец и вода, со цел да се добие еластично, меко, но не и лепливо тесто, кое по растењето се шири на подмачкан лист со екстра девствено маслиново масло од Апулија. Треба да дојдете во Бари и да ја пробате! 13

Франческо Лозупоне


Секогаш има светлина на крајот од тунелот

Младичот на својата дланка ги држи своите деветнаесет години. Во неговиот ум, владее минатото, а размислувањата патуваат некаде кон иднината. Погледнува во огледалото и ја забележува сегашноста. Таа сегашност е негово царство изградено од минатото, а сè уште недовршено, бидејќи ја чека иднината! Младичот е израз на човек чија насмевка го отсликува недопреното во него и чии мисли кажуваат многу, а сепак за некој толку малку. Несигурност. Едно необјасниво чувство чие дно можеше да го види и се загледуваше во празнината па наеднаш стапнувше во студенило. Но сега на неговиот пат се издигнаа повеќе згради, некоја повисока, некоја пониска. „Збунет сум, помогнете ми! Не знам што да правам“ - рече тој. Во неговата глава слуша како луѓето од секоја зграда му викаат да влезе. Ги слуша, но не може да ги види. И колку и да се труди да види што се крие зад таа магла во далечината, залудно е. Но сепак не престанува да се бори. Наеднаш над неговата глава точно на небото се појави еден темен облак кој ја украде и таа тронка светлина што го осветлуваше патот на младичот. Мрак. Насекаде мрак. Таа темнина го одзеде и тоа парче самодоверба што тој го имаше во себе. Па така тој сфати дека се наоѓа во еден долг и мрачен тунел. И тој тунел го претставува неговиот живот. Ако оди доволно далеку, мислите ли дека ќе ја виде светлината ? Колку и да се трудеше, тој не можеше да види ништо ниту пред себе ниту зад себе. Но на крајот успеа да разликува работи во ништото. Знаеше дека има ѕидови околу него, под како и таван. Откри дека постои празнина и темнина. Во тој момент младичот се почувствува удобно што е таму, посакувајќи да остане таму засекогаш. Но, и покрај овие мисли, дел од него не беше баш сигурен за тоа. Па така продолжи да чекори напред. Од време на време ќе се сопнеше на некој камен или столб, но продолжуваше да се движи. После вечност од одење, се навикна да ги избегнува тие пречки кои го повредуваат, но никогаш не ја пронајде светлината. Но не можеше ниту пак да престане. Одењето напред го направи да се чувствува посамоуверено, а помислата на постоењето на светлината посилен. Како што поминуваше времето почна да се плаши од пронаоѓањето на светлината. Знаеше кои

14

Антонио Бошковски


пречки го повредуваат и кои треба да ги избегне, знаеше што е сигурно, а што опасно, но светлината би променила се. Ќе го повреди ли? Ќе му го одземе ли сето тоа што то изгради во овој тунел? Во тој миг во далечината се појави искра. Беше љубопитен не знаејќи што претставува таа искра која постојано го менуваше својот облик. Му даде ново чувство. Дали тоа беше наде? Или пак страв од непознатото? После долго време, пред неговите очи се појави една госпоѓа, зад чија фигура блискаше светлина, силна да и ги истакне облините, но не доволно силна да го заслепе. Чекорејќи кон тој лавиринт од кој му се чинеше дека нема излез, таа со својот чекор ги обојуваше деловите од патот во сиво. Но дали тоа значи дека госпоѓата сака младичот да потоне во длабочината на непознатото? Или можеби таа пак му го олеснува патот до успехот ? Кој знае! Од таа бледникава светлина која се јавува пред него, госпоѓата од која на почетокот тој беше преплашен, му ја подаде својата рака. Па така одлучи да и верува и да и се предаде целосно. Таа го однесе до единствениот пат кој не беше обоен во сиво. И тогаш знаеше. Тоа е неговиот пат. Пат каде купот од прашината му открива само едно нешто - еден огромен ѕид, на кој пукнатините испишале: „Не дојде на овој свет за да бидеш поразен! Не ги прекривај своите очи со премрежје кое само може да те збуни. Верувај во себе. Не заборавај дека најтешката планина е токму животот, кој истовремено ти ги отвора вратите ширум да ги вкуси сите негови благодети. И запамти, никогаш не го спуштај погледот подолу од твојата висина!“ Со тоа таа му даде до знаење дека колку и да не е сигурен за нештото, одговорот се крие длабоко во него. Само треба длабоко да погледне во длабочината на својата душа, своето срце. И да го ислуша до крај што се има да каже. И тогаш тој знаеше дека таа госпоѓа е неговата светлина која му помогна на младичот да се одлучи за тоа што ќе прави понатаму. Го натера да размисли подлабоко и на некој начин да му даде смисла на неговиот живот. Овие зборови се залепија врз срцето на младичот, како мува на леплива лента. Во главата му кружеше платно од деветнаесетгодишен колорит, започнат со плач, следен со детски смев, а издигнат во расудувања и замисли. Сфати дека сите ние затвораме врати на нешта кои можат да ни донесат победа, а клучот го даваме во погрешни раце кои можат да ни изградат крај. Па така излегувајќи од долгиот и мрачен тунел, младичот ги остави своите солзи и стравови зад себе.

15


2 месеци во Рига Да, точно 2 месеци поминати во Рига. Град што каде и да се завртите- сè си има своја нераскажана приказна која што чека да биде откриена. Сето ова започна со една луда идеа (најчесто лудите идеи се најдобри): “Сакам да одам да живеам надвор од мојата комфрона зона, сам со личности кој за прв пат ги среќавам во мојот живот.” Благодарение на програмата Eramus+, успеав да си ја остврам мојата цел која што ми беше во мојата глава, и за моја среќа, некако се најдов во овај прекрасен град кој се наоѓа во Латвија. На почеток имав мали потешкотiи, но со тек на време и со подршка од луѓето околу мене успеав да го совладам темпото на секојдневието во оваа околина. Мојата цел тука е многу едноставна.Дојдов да ги научам работите кој што ме интересирале од секогаш и кои што ќе ми бидат бидат од корист во иднина. Борче Аџиески

16

Борче Аџиески


Еразмус+ љубовна приказна Сигурно сте слушнале дека за време на Еразмус+ проекти се случуваат љубовни приказни и ако имате среќа може да ви се случат и вам. За несреќа, во повеќето број на случаеви овие приказни завршуваат многу брзо, бидејќи тешко е да се одружува една врска на далечина. Па, дали долгите и среќните Еразмус+ љубовни приказни се возможни ? Да, тие се возможни. Можеби изгледа тешко и на накој начин невозможно, но тие постојат. И една од нив е нашата приказна. Ние сме Илија и Ксенија. Ние се сретнавме пред две години во Шпанија за време на младинска размена. За нас тоа беше прв проект и двајцата бевме многу возбудени, но дефинитивно не очекувавме дека ќе се вљубиме еден во друг. За среќа, токму тоа се случи. Искрено, беше многу тешко првиот пат кога требаше да си кажеме довидување. Тоа беше веднаш откако заврши проектот, најмногу поради тоа што бевме млади и не знаевме дали ќе се видеме повторно. Но конечно најдовме решение - ние одлуливме да напишеме проект, јас и таа. Тоа беше голем предизвик за двајца 16 - годишни тинејџери кои поминуваат низ ова, а воедно и да не се видат еден со друг година и половина. За среќа, проектот беше одобрен и ние се сретнавме повторно, и таа средба претставуваше едно ново ниво на нашата љубовна приказна и оттогаш сфативме дека делечината не претставува проблем. Илија & Ксенија 17 Илија Биноски


McDONALDS RESTYLE loesje@loesje.org www.loesje.org

IT'S LIKE A MONKEY PUTTING ON MAKE-UP AND TRYING TO LOOK LIKE A GIRL BUT IT'S STILL A MONKEY


ЗДРУЖЕНИЕ НА МЛАДИ ИНФО ФРОНТ - ПРИЛЕП Андон Слабејко бб. 7500 Прилеп infofrontprilep@gmail.com facebook.com/infofrontprilep +389 70 719945

Статиите содржани во списанието ги отсликуваат личните ставови на авторите и не ги одразуваат мислењата или ставовите на членовите или на самото здружение.

“Поддршката од Европската комисија за издавање на оваа публикација не се состои во прифаќање на содржините кои ги одразуваат единствено ставовите на авторите и Комисијата не може да биде одговорна за било какво користење коњ може да произлезе од информациите содржани во истата.”



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.