MYG 10 MK

Page 1

10# септември 2018 K

бесплатен примерок


Автори: Батухан Ајрибаш Сара Ди Гироламо Лин Шлине Олга Циврус Антонио Бошковски

Дизајн: Петар Јанкоски Сара Ди Гироламо Христијан Илиоски Христијан Николоски


Index:

Индекс: 4 Info-front Prilep 5 Intro (riassunto myg) 04..Инфо Фронт Прилеп 6 Batuhan Ayribas 05..Вовед Sara Di Girolamo 06..Батухан Ајрибаш Lynn Schliene 07..Сара Ди Гироламо Olga Cyrwus 08..Лин Шлине Alacahoyuk 09..Олга Циврус Turkey in EU 10..Алакачојук Loesje Poster 12..Турција во ЕУ Loesje Poster 14..Лушије постер Photography 15..Арт Фотографија Artist 17..Изгубен во Slum Tourism просторот Loesje Poster 18..Слам Туризам Racism 20..Промо Млад талент Pollution 21..Нееднаквост Diary 1 23..Загадување Diary 2 25..Дневник 1 European Union 26..Дневник 2 27..ЕУ


ИНФО ФРОНТ - ПРИЛЕП Здружението на млади „Инфо фронт – Прилеп“ е младинска невладина организација која има за цел да ги информира младите во врска со програмата Еразмус+ на Европската Комисија, Европскиот Волонтерски Сервис (ЕВС), да стимулира креативност, креативен активизам, мобилност на младите, неформално образование, културни размени и размена на информации. Нашата главна цел е да се обезбедат можности за едукација на младите, како би биле поконкурентни на пазарот на труд. Здружението организира меѓународни семинари, тренинг курсови, младински размени, дебати, преку кои младите се информираат за можностите за мобилност на млади и неформално образование. Проектите кои ги имаме организирано и кои ги припремаме во иднина се на тема претприемништво, родова еднаквост, човекови права, уметност и култура, креативност, креативен активизам, креативно пишување, животна средина, Европска свест итн. „Инфо фронт – Прилеп“ е формирана во 2011 год., претставува македонска гранка на организацијата Loesje International и има акредитација за Организацијаиспраќач, Организација- координатор и Организацијадомаќин за Европскиот Волонтески Сервис од 2012 год. 2015-1-MK01- KA110-002670.

4


Кој сме? Од каде сме? Но покрај се...што сакаме??

Здраво дечки! Ние сме 4 волонтери, сите со различна националност (Турција, Италија, Германија и Полска) и сите имаме иста желба: патување, запознавање на нови луѓе, различни традиции, култури и искуства... Во ова списание ќе зборуваме за тоа кои сме и што очекуваме од ова фантастично искуство во животот!! Многу емоционални проблеми ќе бидат допрени, вклучуваќи расизам, младински активизам и загадување како и работи за фотографијата, уметност и Турска археологија!! Исто така и “Loesje” постери. “Што е Loesje?” “Loesje” е слобода на изразување и интеракција со луѓето. Како и да е “Loesje” е дар кој пробува да ги испирара другите со практични примери на слобода, мислење и комуникација. Постерите се направени од фрази или зборови, лесно достапни на интернет и во црно-бело, што значи тие се лесни за печатење за секого. Клучната порака е да се шират зборови и мислења. 5


Батухан Ајрибаш Моето име е Батухан , имам 20 години и живеам во Анкара . Студирам бугарски јазик и литература на универзитет во Анкара . Зборувам англиски , бугарски и турски . За време на средношколските години студирав програмирање и имам сертификат за сајбер безбедност и мрежа . Познавам 4 програмски јазици и различни програми за веб дизајн . Исто така имам волонтирано во агенција за сајбер безбедност . Во слободното време обожавам да сликам , читам книги , пливам , цртам и да слушам музика , но најбитно сакам да програмирам . Аплицирав за овој ЕВС проект во Македонија , бидејќи сакам да зборувам со странци и да им помагам . Исто така сакам да научам да зборувам македонски и да дознаам повеќе работи за културата . Покрај се , јас ги студирам словенските јазици и литература . Времетраењето на овој проект е 6 месеци и после тоа очекувам да го зборувам македонскиот јазик и да бидам отворен . Ми се пружи шанса да бидам волонтер во друга држава и нема да ја пропуштам . Програмот ми овозможи да работам за организацијата долго време и да ги развивам моите вештини извршувајќи ги активностите во кои можам да го дадам својот максимум , притоа нудејќи им помош на оние што им треба . 6


Сара ди Гироламо Здраво на сите !!! Моето име е Сара и јас живеам во Италија . Студирам кино и телелвизија , нажалост само тероија . Јас зборувам малку англиски токму поради таа причина , се надевам да го подобрам англискиот јазик , покрај македонскиот јазик . Во моето слободно време сакам да правам фотографии , видеа и понекогаш сакам да готвам , особено слатки работи и тестенини ... Инаку јас сум Италијанка и сакам тестенини !! Имам добро познавање на социјалните медиуми , интернет и програми за видеа . Знам да работам во неколку полу професионални програми за видеа . Кога имав 15 години сакав да цртам , но сега сум надов од пракса . Во врска со фотографиите , тоа за мене е добар јазик за коминукација со емоциите ... изгледот на пејсажите или некои предмети можат да комуницираат со различни сензации . Се вклучив во овој прокет за да комуницирам со други луѓе , да научам други култури и да стекнам нови искуства ! Се надевам ќе научам нови работи и ќе дадам подршка !!

7


Каролина Шлине Моето име е Лин Каролин , неодамна ја напуштив старата и ладна Германија и слетав тука во Македонија во невладината организација “ ИнфоФронт ”. Ќе волонтирам 6 месеци во ова сончево место наречено Прилеп . Но што точно правам тука ? Сеуште се навикнувам овде , на луѓето , на јазикот и со сигурност на организацијата . При волонтирањето исто така помагам и во училиште каде правиме проекти поврзани со графички дизајн и други работилници . Исто така со останатите волонтери пишуваме списаније кое излегува секој месец . O ваа година успешно ги завршив моите студии на “ ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА ВО ПРИМЕНЕТИ СЛОБОДНИ СТУДИИ ” во универзитетот во Бремен . Студиите ми овозможија шанса да ја усовршам теоријата со практика и исто така се поттикнувам себеси со целосни студии . Посебно бев заинтересирана во културни и практични модули како слободен и културен менаџмент . Различните одлики на сегашните политички и ликовни предмети ми дадоа инспирација и пробудија во мене други идеји и ентузијазам . Исто така ме интер e сира културата и пејсажот на Македонија и тоа е всушност уште една причина да волонтирам тука . Во овие шест месеци најпрвин очекувам да ја запознаам културата , луѓето што живеат тука и со сигурност организацијата . Исто така сум многу среќна што учествувам во училишниот проект бидејќи ми се допаѓаше идејата за тој проект . Наредната година ќе ги започнам магистерските во полето на медиуми и културни науки во Лајпциг , Германија . Се радувам што знаењето стекнато од моите претходни студии можам да го надополнам со предметите во магистерските . Што уште ? Освен што сум тука обожавам да шетам околу супермаркети без никаква причина , посебно кога сонцето ти свети право во лице . 8


Олга Циврус Здраво дечки . Јас сум Олга . Пишувам од убавиот и сончев град Прилеп во Македонија . Тука стажирам во Институтотот на Стара Култура веќе два месеци , благодарение на можностите кои Еразмус + ги пружа на младите луѓе . Ја започнав мојата авантура со Балканците точно пред една година кога морав да одберам што ќе студирам во Полска . Многу сакам да научам нови јазици и култури , па така одлучив да пробам да студирам на Балканот што значи дека ќе ја учам македонската , хрватската и турската историја , литература и фолклорот на Балканските територии . Моето патување на Балканот започна во мај оваа година во Хрватска со моите пријатели од универзитетот на младинска размена за уметност во Србија ( Јуни ), потоа младинска размена за културната разновидност во Хрватска ( Јули ) и цел август и септември на стажирање тука . Сеуште не можам да поверувам . Може ќе ме прашаш што правам тука , па мислам дека најдобриот одговор ќе биде дека учам нови работи за животот . Бидејќи културата , луѓето , искуствата , настаните , храната и се друго се само делови од нашиот живот . Ние сме единствените создавачи на тоа и од нас зависи што ќе направиме и што ќе одбериме . Јас одбрав култура и литература , па затоа сум тука . Во институтот работам со книги , документи , се трудам како да работам со тестови и преводи . Ја завршив првата година на универзитет , па сеуште не можам да ги зборувам тие јазици течно . Среќна сум што имам шанса да го научам сето тоа тука , со сопствено искуство , а не седејќи во училница и слушајќи или читајќи за тоа . Дојдов тука без никакви очекувања , но сега знам дека сакам да дадам 100% од себе и да ја споделам својата култура , искуство и да помогнам при работата со луѓето како што очекувам и тие да ми помогнат . Среќна сум што можам да бидам дел од јавниот простор и да бидам мал дел при градење на нешто поголемо . Ми се допаѓа идејата за тоа како луѓето стануваат поблиски со споделување и реализација на тие идеи . Се надевам дека ќе споделам се што ќе научам тука со моите пријатели од универзитетот за да ги охрабрам да станат дел од тие проекти како и да создаваат свои . Верувам дека секој ден е добар кога се започнува со нешто ново што ќе ти го смени животот , но треба и да верувате во себе . Дури и ако изгледа тешко или невозможно . Јас го направив тоа и сега сум тука со сите овие прекрасни луѓе покрај мене . И можам да кажам дека сум 100% среќна што го направив првиот тежок чекор кон нешто ново и непознато бидејќи се пронајдов во тоа .

9


ТУРЦИЈА

А Л A Џ А Х О Ј У К

Насипот (турски höyük) во Алаџахојук беше населба со сцена во континуиран редослед на развој од времето на халколитот, кога се појавија рани бакарни алатки заедно со употребата на камени алатки. За време на раното бронзено време, насипот бил центарот на просперитетна култура на Хаттијан. Оттогаш, до денес населбата во форма на мало село, постојано е окупирана. Но, Alacahöyük, сепак, останува да стои и да разликува, меѓутоа, како што е "Портата на Сфинкс", датираат од Хетејскиот период што следи од Хатти, од XIV век п.н.е. Тринаесетте "кралски гробови" (EBII, околу 2350-2150 п.н.е.) и Алакахојук ги содржеле мртвите во фетусна положба на југ. Тие беа богато украсени со златни фибули, дијадеми и токи на ремени и златни листови. "Постои теорија дека патниците на гробовите не биле од родната Хатјанска популација во централна Анатолија, туку биле Кургански имигранти од регионот на Мајкоп во јужна Русија, кои зборувале на индоевропски јазик и можеби станале владетели на локалната Хатијска популација."

10


Aлакачојук, Турција Модерната проценка открива дека местото продолжува како протрска заедница до крајот на доцното бронзено доба. Исто така, имаше значителна окупација во фригиски времиња. Браната, која датира од 1240 п.н.е., беше објавена повторно да биде отворена за употреба на 23 септември 2006 година. Браната била наредена од кралот Тудалија IV во името на божицата Хебат. Според старите хититски таблети, сушата ја погоди Анадолија во 1200 година п.н.е., поради што царот увезува пченица од Египет, така што неговата земја ќе избегне глад. По ова, кралот наредил да се изградат бројни брани во централна Анадолија, сите освен еден од нив да стане нефункционален со текот на времето. Оној во Алакахојк преживеал, бидејќи изворот на вода се наоѓа во резервоарот на браната

Многу од артефактите откриени во Aлакачојук, вклучувајќи ги и прекрасните Хатајско злато и бронзени предмети пронајдени во Кралските гробници, денес се сместени во Музејот на анатолските цивилизации во Анкара. Меѓу овие артефакти се и златни и електрумпирани чаши и други садови. Најнеобични се бронзените стандарди на Alacahöyük; бикови или штитови на постаменти чија цел останува предмет на дебата. Стандардите се фрлаат во бакар во форма на рамни кругови, полукругови или квадрати кои се полни со мрежа на отворени шипки, централни крстови и свастики. Леонард Вули открил дека кралските гробови "се чини дека припаѓаат на крајот од еден период, како што е обележан со стратум на уништување и горење на тврдината. Културата што ја илустрираат гробницата не продолжува во следната историска фаза, во Kültepe ".

Автор: Батухан Ајрибаш

11


ТУРЦИЈА ВО

ЕВРОПСКА УНИЈА Најпрвин би сакал накратко да ви ја претставам Турција, а потоа ќе ви одговорам на потенцијалните прашања. Турција: Турција е нација што ја зафаќа источна Европа и западна Азија со културни врски со античките Грчки, Персиски, Романски, Бизантиски и Отомански империи. Космополитанскиот Истанбул, на Босфорскиот теснец, е дом за иконата Аја Софија, со нејзината зголемена купола и христијанските мозаици, масивната Сина Џамија од 17от век и околу 1460 Палатата Топкапи, бивш дом на султаните. Анкара е Турскиот моден главен град. Дали Турција е во ЕУ или Азија? Истанбул е мост кој ги поврзува Европа и Азија. Тоа го прави Истанбул дел од двата континенти. Дистрибуцијата на земја, политичката клима и историјата на државата, сите заедно го подржуваат нашето верување дека Турција, како и Русија, е истовремено дел од Европа и Азија. Дали е Турција членка на ЕУ? Турција е една од главните партнери на Европската Унија на Блискиот Исток и двете се членови на Турската Царинска Унија. Турција била на листата за да пристапи кон ЕУ веќе од 1987, но до 2016 преговорите за пристапување се одолговлекувале. Дали Турција треба да се придружи во ЕУ? Турција сака да се придружи во ЕУ, но 28-те држави членки на ЕУ имаат помешани чувства за партнерството. Турција аплицирала да влезе во Европската Заедница за Економија пред 30 години. Во 1997, државите и овозможија влез на Турција во ЕУ и во 2005 предговорите за влез започнаа.

12


На Турција и беше ветена шанса да влези во ЕУ на Хелсиникиот самит во 1999 година ,кога нејзината кандидатура после три децении на упорни барања од Турција беше прифатена. Очигледно е дека економските и политичките реформи се неопходни ,но тоа е така за сите членки на ЕУ и не треба да се користи како изговор за да се откажеме. Почетните преговори ќе бидат фокусирани на тоа што треба да се направи пред Турција да влези во ЕУ ,можеби за една деценија , како што е во Централна Европа во последните неколку години. Ако ЕУ не достои на својот збор кон Турција може да ја претвори од потенцијален пријател и партнер во сомнителен и непријателски сосед. Пристапувањето на Турција во ЕУ може да биде најголемиот предизвик од сите процеси ,минати и потенцијални. Но исто така ќе има придобивки и ќе биде значајно

Автор: Батухан Ајрибаш

13



Фотографијата може да се смета како уметност? Да откриеме заедно. Да почнеме со објаснување на поимот уметност ; уметност е секое нешто што ти овозможува да создадеш нешто што не било издадено досега ,притоа да се искажеш себеси ,нивната визија за светот која ја посматраат и од која цртаат инспирација. Тие ги искажуваат своите чувства заедно со останатите. Постојат различни видови на уметници: оние кои своите дела ги изложуваат во музеи и оние чии дела луѓето сакаат да ги поседуваат. Но сите работат на една цел: да комуницираат, споделуваат и ги продаваат своите дела. Главната причина при сликањето е да им покажеме на другите што веќе сме виделе, како што сме го "слушнале". Некогаш да го запамтиме и да го направиме да запамти кога ќе се направи фотографија за да се сподели нејзината визија и чувства и не за да се промовира продажбата на производот ; кога фотографијата ќе дојде до до срцата и тој што ја создал се надева дека некој ќе ја купи, па дали ова е УМЕТНОСТ? Ова е прашање што многу луѓе го поставуваат. Како и секој уметник, дали е тоа скулптурист или сликар фотографијата може да допре до душата на луѓето кпчку што и цртежот. Како и уметноста и фотографијата може да се наплати при изложување на слики во галерија. 15


Во денешно време, со развојот на технологијата можеме да направиме слика со обичен смартфон и да им ја испратиме на нашите пријатели. Ова е уште еден доказ дека фотографијата може да комуницира и допре до нас. На пример, во одреден момент од животот сакаш да го споделиш своето расположение или чувство, само направи слика да сфатиш што чувствуваш во тој момент. Друга карактеристика што покажува дека фотографијата е уметност е времето на сликање. Па дали можеме да кажеме дека фотографијата е уметност? Се разбира дека да!

Автор: Сара Ди Гироламо

16


Изгубени во просторот Замисли се како единствената црна точка во светлината. Замисли ако луѓето околу тебе те гледаа поинаку. Замисли се како да не припаѓаш таму. Ете токму така јас се чувствував на почетокот. Исплашен, сам и тажен. Ниту мал плач не би помогнал. Се чувствував ужасно. Сѐ што сакав да направам е да се вратам дома не вртејќи се назад. Да се вратам дома и да заборавам на сѐ и на секого. Но, наскоро тоа се промени. Бидејќи јас бев токму како тебе: не ги прифаќав луѓето само затоа што се дел од LGBT заедницата, ги одбегнував и ги сметав како ментално-болни луѓе. Но, кога ќе ти се пружи прилика да го поминеш времето со нив, сѐ се менува. Дури и предрасудите што си ги имал претходно. И токму тоа се случи со мене. Бидејќи сè што сакаат е да бидат прифатени од "нормалните луѓе". Да се чувствуваат слободно да прават сешто без никој да ги осудува. Затоа што пред сѐ сите сме луѓе и LGBT правата се и човекови права. Кога некој ќе ми пријде и ќе ми рече: "Ах, твојот пријател е геј, ајде да го зафркаваме", јас му одговарам: "Зошто? Бидејќи тој е различен од другите? Или бидејќи верувањето на модерното општество кажува поинаку?". Ајде луѓе...живееме во 21 век. Сите имаат право да прават сѐ што сакаат. И мислењето на таканаречените "нормални луѓе" треба да се промени. И тоа е всушност поентата на овој вид на проекти. Докажувајќи им на сите дека покажувањето на вистинските бои воопшто не е лошо. Бидејќи единственото нешто што не можеш да го промениш е тоа што си. Автор: Антонио Бошковски

17


СЛАМ ТУРИЗАМ ПОТРЕБАТА ОД СОПСТВЕНА РЕАЛИЗАЦИЈА И ВОАЈЕРИЗМОТ ЧЕСТО Е СОСТАВНА КОМПОНЕНТА НА ТУРИЗМОТ, ОСОБЕНО КОГА БОГАТИТЕ ЗАПАДЊАЦИ ОДАТ КАЈ АФРИКАНСКИТЕ ПЛЕМИЊА ИЛИ ВО ВИЕТНАМСКИТЕ СЕЛА ЗА ДА ГИ ПРОШИРАТ СВОИТЕ „АНТРОПОЛОШКИ СОЗНАНИЈА“ И ДА ДОЖИВЕАТ НЕШТО „АВТЕНТИЧНО“, ПОИНАКВО ОД ОНА ШТО ГО ВИДЕЛЕ РАЗГЛЕДУВАЈЌИ ГИ УРЕДЕНИТЕ УРБАНИ ПЕЈЗАЖИ. ОНА ШТО Е ЕСЕНЦИЈАЛНО ПОИНАКВО Е ВСУШНОСТ СИРОМАШТИЈАТА НА ТИЕ ЗАЕДНИЦИ. ДЕНЕС ИМА СÈ ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ КОИ ПАТУВААТ ЗА ДА СВЕДОЧАТ ЗА ТУЃИТЕ МИЗЕРНИ УСЛОВИ ЗА ЖИВОТ, ИАКО – НАВИСТИНА – НЕ МОЖЕМЕ ДА ТВРДИМЕ ДЕКА ТОА Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРИЧИНА. МНОГУМИНА ЌЕ КАЖАТ ДЕКА СООЧУВАЊАТА СО ДРУГИТЕ И СО ПОИНАКВИТЕ ГО ПОДИГНУВА НИВОТО НА СОЦИЈАЛНА СВЕСТ, ЈА ЗАСИЛУВА ДОМАШНАТА ЕКОНОМИЈА, А НЕКОИ И ГИ ПОТТИКНУВА ВИСТИНСКИ ДА ДЕЈСТВУВААТ КОГА ЌЕ СЕ ВРАТАТ ДОМА – ДОНИРААТ СРЕДСТВА, ВЕТУВААТ ДЕКА ЌЕ ГО ФИНАНСИРААТ ШКОЛУВАЊЕТО НА НЕКОЕ ДЕТЕ,

18


СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ТРЕТИОТ СВЕТ ИЛИ БАРЕМ КУПУВААТ ПРОИЗВОДИ ОД СИРОМАШНИТЕ КРАИШТА КОИ СЕ ДЕЛ ОД ПОЛИТИКАТА НА ЧЕСНА ТРГОВИЈА. НО, ТАКВИТЕ СЕ РЕТКИ. ПОЧЕСТО СТАНУВА ЗБОР ЗА СОЖАЛУВАЧКО ОДМАВНУВАЊЕ СО ГЛАВАТА ЗАРАДИ ТЕШКИТЕ ЖИВОТНИ СУДБИНИ, ФОТОГРАФИРАЊЕ, ВРАЌАЊЕ ДОМА СО ДОБРА ПРИКАЗНА ЗА ПРИЈАТЕЛИТЕ, ПА ПОТОА ЗАБОРАВАЊЕ НА СÈ. ТАКА СИРОМАШТИЈАТА СЕ СВЕДУВА НА ТУРИСТИЧКА ПОНУДА. НАМЕСТО НУРКАЊЕ НА КАРИБИТЕ, МОЖЕТЕ НА НЕКОЛКУ ДЕНА ДА ВИДИТЕ КАКО Е ДА СЕ БИДЕ СИРОМАШЕН. ЗАТОА СЛЕДНИОТ ПАТ КОГА ПАТУВАТЕ БИДЕТЕ СИГУРНИ ДЕКА ДРУГИТЕ ЛУЃЕ НЕ СЕ АТРАКЦИЈА Автор: Лин Шлине

19


Промо на Млад талент Здраво ! Јас сум Христијан Илиоски имам 18 години и сум тинејџер кој живее во Прилеп , Македонија . Учам Графички дизајн во средното општинско училиште Ристе Ристески Ричко од Прилеп и сум 4 та година . Премногу го сакам Графичкиот дизајн , а за инспирација се обраќам кај музиката . Креативноста што ја добивам слушајќи музика има позитивно влијание врз моите дизајни , како што можете да забележите и јас сум дел од ова списание и се надевам ќе ви се допадне кога ге излезе од печат за читање . Се гледаме во можеби следното издание ! Поздрав

20


Нееднаквост Нееднаквост Нееднаквоста постои каде и да одеш, нееднаквоста е насекаде во светот. Посебно во образовните установи и во секојдневниот живот, младите често предизвикуваат ситуации во која главна тема е нееднаквоста. Дали некогаш ви се случило да бидете жртва на нееднаквост ? Бидејќи многу млади луѓе биле жртви на рацистички говори или напади. Нееднаквоста е менталитет, идеологија посветена на луѓето кои се поделени и осудувани поради физички карактеристики. Има разлика помеѓу две форми на нееднаквост: отворен и затворен.

21


Што можеш да направиш против нееднаквоста во твоето школо? е с и ч у л Вк Покаж и ја тв ојата х рабро ст!

! т с о в к а н д е е н в и т о р п Биди

! и ц и н с р в е т и о в т о с ј а Зборув Не зб орува ј за лу ѓето з нивни а д от грб !

Ин фо рм ира ј го

в и т о р п и е д и т к е о р ! п а о и т л с и См

про фе сор от! 22


Загадување Загадување на средината е голем проблем кој влијае врз целиот свет. Ајде да научиме некој правила за тоа како да ја намалиме штетата. На пример лето. Тоа е најпогодното време од годината за одење на одмор со семејството или пријателите, но истовремено е извор на загадување на средината. Кои совети се корисни и притоа го спречуваат загадувањето? Да почнеме со пластични кеси; најчесто се користат за транспорт на различни продукти, како крпи и други сопствени продукти. Бидете внимателни да не оставате пластични кеси наоколу, бидејќи во време на екстремно загадување, па дури и 100 години назад, сеуште претставуваат закана за биосферата. За несреќа, животните можат да дојдат во контакт со нив и да проголтаат дел од нив, притоа барајќи храна, но и заплеткувајќи се во нив што често се случува во море или океан. Како може да се реши овој проблем? Едноставно, после нивна употреба, ставете ги на безбедно место (на пример во ранец) и кога ќе си отидете дома, фрлете ги во контејнерот. Непотребно трошење на храната, пикавци и огномет на плажа; Истото важи и за пикавците: за да се осигурате дека Вашата навика за пушење не му смета на другите, не ги оставајте во песокот. Животните понекогаш може да ги помешаат пикавците со инсекти или плен и да ги изедат. Исто така можете да ја избегнете идејата за класичното палење на оган на плажите во ноќно време, бидејќи ветрот може да предизвика непредвидлива опасност. Доволно се само неколку искри кои би можеле да предизвикаат пожар. Важно е да не се третираат лошо животните кои се населени на островот. На пример раковите или рибите не треба да станат играчка за децата. При сурфање и некои други слични спортови на вода, Вие треба да ги почитувате законите за брзина и да го почитувате ограниченото место. Со ова би се избегнала повреда со остри предмети или повреда на другу морски животни како делфини.

23


"I believe that having the earth and not ruining it is the most beautiful art form you could wish for." Cit. Andy Warhol

Автор: Сара Ди Гироламо

24


Драг дневнику Време е за нашата повторна средба навистина сум љубопитна да продолжам со пишување на мојата приказна за младинскиот активизам. Најтешкиот дел го напишав како вовед во мојата последна статија, па оваа статија ќе биде малку поинаква, но сепак во рамките на темата. Во последната статија исто така спомнав дека го почуствував тоа на сопствената кожа неодамна. Еве да ви објаснам. Би сакала да почнам со интернет, дигитална медија и сите работи поврзани со технологијата како огромно оружје во денешно време. Сите ние имаме мобилни телефони со интернет. Преплавени сме со информации и реклами, но како да дојдеме до вредни информации, каде да ги побараме и што да направиме да не полудуваме во дигиталниот свет. Како да користиме фејсбук, твитер, инстаграм или сопствени блогови за да најдеме тоа што ни треба? Мислам дека главното нешто е да се фокусираме и придржуваме на темата што ја бараме. Така јас бев вклучена во програмите за млади луѓе. Пронајдов оглас за младинска размена организирана од Еразмус+. Беше последен повик па веднаш одлучив да аплицирам и благодарение на технологијата го направив тоа за 5 минути. Подоцна се заинтересирав во организациите кои ги создаваат овие проекти за младите и за оние кои овозможуваат финансиска поддршка кога сакате да направите свој проект. Не е толку тешко колку што изгледа. Постојат многу фондови како Еразмус + и невладини организации кои се тука да ни помогнат младите луѓе да ги преземат и остварат нашите идеи! Се заљубив во Еразмус+ бидејќи нуди многу можности да добијам интернационално искуство при патување, запознавање на нови култури, подобрување на јазикот (или учење на нов јазик). Исто така се однесува и на клучни способности направени за да ни покажат како правилно да се развиеме и колку нештата можеме да ги подобриме при вклучување во проекти. Интересно е тоа што при вакви проекти стануваме дел од тим за „градење на интернационален мост.“ Се е поврзано со различниот начин на живот, нели? Но најважната работа е тоа што треба да запамтиме дека тие контакти и контрасти на различности се многу важни и придонесуваат за новиот поглед кон светот и носат светлина во нашите животи. И запомнете со запознавање на нови пријатели, станувате дел од „човечка мрежа“ на заедничко помагање, споделување и грижа, нели? Те сакам и се надевам дека ќе се вратам најскоро! Од мене до мојот најдраг дневник!

Автор: Олга Циврус

25


Драг дневнику Помина долго време од нашата последна средба но ветувам дека ќе надокнадам. Денес сакам да ти кажам за еден тренд наречен „младински активизам“. Едноставно можам да ти објаснам за иницијативата на младите со која би се направиле промени во општеството, прикажувајќи му дека тие имаат влијание на секое поле од животот и исто така да пронајдат начин да се надополнуваат себеси. Не е важно дали припаѓам на секоја социјална група. Ако имаш 19 или 26 години. Ако си од богато или сиромашно семејство. Ако постои заедничка цел сите може да се здружат, помагаат еден со друг и да имаат поголемо влијание при решавање на секој проблем, бидјќи младите знаат дека што повеќе гласови имаат, толку е поголема шансата да сменат нешто. Убаво е кога ќе ги видиш сите присутни на протест или манифестација. Секогаш можеме да помогнеме во организирањето на ваквите собири. Ние исто така ги надополннуваме сопствените умеења кои по некогаш не сме знаеле ни дека постојат. Некогаш е потребна само мала промена во нас за да вилијаеме на животот на другите. Со споделување на нашето искуство, можеме да влијаеме на нашето општество при волонтирање, организирање на хуманитарни настани или кратки говори во училиштата или универзитетите за да се пробуди свеста на луѓето за најважните проблеми. Како помлади, можеме да забележиме повеќе проблеми отколку постарите луѓе. Човековите права, глад, политика, конфликти, толеранција и родова еднаквост. Загадување на средината и рециклирање се само некои од проблемите со кои се соочуваме секојдневно. „Мојот збор не важи“ – мисла на повеќе од еден милион луѓе истовремено. Размисли за тоа можеби ти и твоите пријатели сте во тој милион. Можеби твојот збор важи! Тоа е се за денес, но се надевам дека ќе ти го кажам и остатокот од оваа тема. Се гледаме наскоро драг дневнику! Автор: Олга Циврус

26


ЗДРУЖЕНИЕ НА МЛАДИ ИНФО ФРОНТ - ПРИЛЕП Андон Слабејко бб. 7500 Прилеп infofrontprilep@gmail.com facebook.com/infofrontprilep +389 70 719945

Статиите содржани во списанието ги отсликуваат личните ставови на авторите и не ги одразуваат мислењата или ставовите на членовите или на самото здружение.

"Поддршката од Европската комисија за издавање на оваа публикација не се состои во прифаќање на содржините кои ги одразуваат единствено ставовите на авторите и Комисијата не може да биде одговорна за било какво користење коњ може да произлезе од информациите содржани во истата."



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.