MYG 14 (MK)

Page 1


Special S pecial edition edition Let Let itit

explode ex plode PAG 17-18

Здружението на млади „Инфо фронт – Прилеп“ е младинска невладина организација која има за цел да ги информира младите во врска со програмата Еразмус+ на Европската Комисија, Европскиот Волонтерски Сервис (ЕВС), да стимулира креативност, креативен активизам, мобилност на младите, неформално образование, културни размени и размена на информации. Нашата главна цел е да се обезбедат можности за едукација на младите, како би биле поконкурентни на пазарот на труд. Здружението организира меѓународни семинари, тренинг курсови, младински размени, дебати, преку кои младите се информираат за можностите за мобилност на млади и неформално образование. Проектите кои ги имаме организирано и кои ги припремаме во иднина се на тема претприемништво, родова еднаквост, човекови права, уметност и култура, креативност, креативен активизам, креативно пишување, животна средина, Европска свест итн. „Инфо фронт – Прилеп“ е формирана во 2011 год., претставува македонска гранка на организацијата Loesje International и има акредитација за Организацијаиспраќач, Организација- координатор и Организација- домаќин за Европскиот Волонтески Сервис од 2012 год. - 2015-1-MK01- KA110-002670.

1 / MИГ-Август 2019





Тајните на успешните од Марина Трајковска

Денес имаме одлична можност, да се придружиме, да допринесеме, да се издигнеме заедно и да го направиме светот подобро место со помош на програмата Еразмус, еден од најдобрите подароци што Европската Комиција можеше да им го подари на младите. Но, дефинитивно, не е се така лесно. Да се развие и спроведе еден проект, потребна е огромна посветеност. За среќа, многу од нас целосно уживаат во развивањето и спроведувањето на такви проекти. Многупати учесниците на моите проекти ме прашуваат: „ Но дали постојат некои тајни за успешни проекти?“. Токму тоа стана прашање, за кое одвоив време да

5 / MИГ-Август 2019

анализирам и истражувам, што точно е тајната на добрите проекти. Покрај добриот тим, што проектниот менаџер треба да го одбере, имајќи ги во предвид личните карактеристики на луѓето, не само нивните професионални вештини, активностите, распространувањето на резултатите, видливоста на проектот и резултатите, дефинитивно се едни од најважните аспекти. Осигурајте се дека сте избрале интересни, креативни, иновативни активности, кои ќе им помогнат на учесниците да рефлектираат врз нивните размислувања и однесувања.


Запознајте ја групата, нејзината мотивација, динамика и стилот на учење. Ако имате совршен тим од одлични личности покрај Вас, како што имам јас, а тоа е мојот Лоесје тим, тогаш прокето ќе биде одличен со сигурност. Кога зборуваме за дисеминација, збориваме за распространување на резултати, споделување на интелектуални производи од спроведените активности. Процесот на распространување треба да е претходно планиран и структуриран. Треба да имаме многу јасна стратегија , кој точно треба да ги види, прочита, почувствува резултатите од проектот. И се разбира не заборавајте да ги зачините резултатите со креативност, ќе бидат поефективни.

Видливост... Секако технологијата, особено интернетот, не врза во нераскинлива врска со нашите телефони и компјутери. Тоа значи дека имаме многу можности, каде може да ги распространеме резултатите и да ја осигураме видливоста на нашиот проект. Не заборавајте да ја одберете точната целна група, за која е наменет проектот. И на крај за тајните ... Знаењето комбинароно со енергија и инспирација е најважниот удел што го имате. Тоа ќе го рефлектира успехот на проектот, а учесниците никогаш нема да го заборават тоа прекрасно патување.

MИГ-Август 2019 / 6


Чекор напредУспешна приказна за училишниот проект од Марјан Наумоски

Учениците и наставниците од СОУ „Ристе Ристески – Ричко„ учествуваа во својот прв Еразмус + проект. Проектот беше поддржан од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност. Оваа година 38 ученици и 4 наставници (придружни лица) имаа шанси да учествуваат во Еразмус+ проект, кратка мобилност на ВЕТ ученици. ВЕТ значи стручна едукација и тренинг. Исто така, 3 наставници учествуваа на ВЕТ-СТА – Тренинг на наставен кадар во странство. Имено, во овој проект имаше 2 мобилности на ВЕТ ученици еден во Словенија и еден во Португалија и една мобилност на ВЕТ наставници во Шпанија. Првата мобилност беше во мај и почетокот на Јуни во Велење,

7 / MИГ-Август 2019

Словенија. 19 ученици од Електро – техничката и Машинксата струка придружувани од 2 ментори, во период од 21 ден, имаа можност да здобијат знаење, вештини, компетенции и искуство во школски центар во Велење и исто во компанијата Горење од овој град. За време на ова искуство учениците имаа различни активности во нивните области и тие ги подобрија нивните вештини за работа, јазични вештини, компјутерски вештини и комуникациски вештини. Втората мобилност на ВЕТ ученици беше во Порто, Португалија на почетокот од јуни. Мобилноста беше 21 ден за 19


ученици од Електро – техничката и Машинксата струка придружувани од 2 ментори/ наставници. Учениците имаа можност да стекнат знаења, вештини, компетенции и искуство во нивното поле и да стекнат работно искуство во различни компании. Исто така тие имаа и обуки во посебен тренинг центар. Третата мобилност беше за ВЕТ наставниви тренинг во странство. Во оваа мобилност 3 вработени од училиштето, наставен кадар, имаа можност да ги подобрат нивните

знаења, вештини и компетенции во ИКТ во образовниот систем. Мобилноста беше 7 дена во Барселона, Шпанија. На крајот од мобилностите сите учесници се стекнаа со Еуропас сертификати. Ова беше одлична можност за учениците и наставниците од СОУ „Ристе Ристески – Ричко„ – Прилеп. Во блиска иднина други ученици и наставници од училиштето ќе имаат исто можност да земат учество во различни мобилности и да ги искусат придобивките од Еразмус+ програмата.

MИГ-Август 2019 / 8


9 / MИГ-Август 2019

Па…

коe што о т о т ш е не ЕВС

од Борче Аџиески

секоја млада личност треба да го ис куси во ж иво тот

Зошто ЕВС?


Веќе 4.5 месеци поминаа откако пристигнав во Рига и можам со сигурност да кажам дека за нештата што предходно не сум ги знаел, а сум сакал да ги научам, сега добив шанса да ги научам и се обидувам да “зграбам” колку што може повеќе, и со тоа да си овозможам подобра иднина за мене, а исто така и за околината околу мене.

И секако, кој не би сакал поголем круг на интернационални пријатели?

MИГ-Август 2019 / 10



еден ден имав една мала мисла, се одлучив да ја пренесам на хартијата и да видам каде ќе ме одведи. Сега веќе повеќе од половина од годината е помината, а јас сеуште гледам каде ќе ме одведи поезијата. - Дали поезијата е огледало на твоите емоции претставени на хартија? - Може да се наречи огледало, можеби е подобро прозорец во моите мисли и емоции. Забележувам дека имам најмногу инспирација за пишување поезија кога имам многу работи за размислување, кога имам повеќе одлуки, или евентуално кога ќе сум оставена само јас и моите мисли.

“Природно ги храниме нашиот мозок и тело со она што го побаруваат” - Што мислиш за уметноста? Дали мислиш дека е заборавен дел од нашите животи? - Според мене, уметноста е нешто што се случува откако ги задоволуваме примарните потреби. После задоволувањето и пополнувањето на потребите, нашиот мозок/ум самостојно бара нешто повеќе, некаква уметност, дали тоа е музика, сликање, боење, пишување, танцување или што и да е друго. Природно ги храниме нашиот мозок и тело со она што го побаруваат, слушаме музика, читаме книги, гледаме филмови што не водат на размислување. Верувам дека секој континуиран контакт со некоја форма на уметност е начин на развивање, без разлика дали сме ние свесни за тоа развивање или не.

- Моментално стихови од песните се употребуваат во рап песни, што мислиш за овој музички жанр? - Немам големи знаења и разбирања од рап музиката, исто така никогаш не размислував дека би објавила поема, а не пак истата да е употребена како текст на песна. Малку ќе го изменам прашањето, но веќе ако треба да одберам жанр на музика би одбрала симфониски метал. Само поради тоа што многу често поемите се меланхолични и мрачни, мислам дека стилот на симфонискиот метал најдобро би одговарал. - Зошто пишуваш поезија кога имаш полошо расположение? Дали се чувствуваш како да имаш повеќе инспирација во моментот? - Сите имаат одредени работи на кои што се фокусираат во животот, цели кои сакаат да ги постигнат. Верувам дека само во периодите на потешкотии одделуваме време на рефлексија, вистински да забележиме што се случува, да размислиме дали патот по којшто чекориме е оној вистинскиот за нас. На кратко, верувам дека полошо расположение резултира со повеќе размислување, што е добро нешто размислувањето. Не треба да се плашиме од идејата да бидеме сами со своите мисли. Пишувањето кога не сум расположена ми помага да ги ставам работите во правилна перспектива, да ја забележам мојата вистинска местоположба во одреден проблем. Но најмногу, ми дозволува да се ослободам од стресот и да ги расчистам мислите. MИГ-Август 2019 / 12


Good morning wishes, touch, hugs, the sound of someone’s voice, their scent, their clothes, their shoes, the sound they used to make with every entry in a room, their seat at the dining room their spot in the living room. That very special way a person used to talk to you – and only you – Music you shared, Movies you watched together, Conversations you had, Good night wishes before bed, ‘I love you’s upon departure the ‘See you laters’, we thought would never end. It never was a hole in your heart, the love you have is, was and always will be there. It’s the little things, The little things we never thought about That make the hole in our life just that one bit more visible, just that one part more painful, more undescribable



FEELINGS INVISIBLE CAN ALSO BE POWERFUL

www.facebook.com/loesjemacedonia macedonia@loesje.org


LET IT EXPLODE од MEXAS

MИГ-Август 2019 / 16




MEXAS (МЕЧАС) Е ГРАФИТИ УМЕТНИК И ДИЗАЈНЕР ОВОЈ УМЕТНИК ЌЕ МУ ДАДЕ НА ПРИЛЕП ПАР ПОДАРОЦИ. ОВИЕ ДВА ПОДАРОКА ЌЕ ВЕ НАТЕРААТ ДА РАЗМИСЛИТЕ, НЕГОВИОТ СОВЕТ ЗА ОВИЕ ПОДАРОЦИ Е: НЕКА ПОДАРОЦИТЕ ВИ ГО ЕКСПЛОДИРААТ УМОТ

19 / MИГ-Август 2019


LOVE ON SOCIAL MEDIA WHEN DID WE EXCHANGE KISSES FOR LIKES

www.facebook.com/loesjemacedonia

macedonia@loesje.com


Светско првенство во нуркање на “Ред Бул Клиф”, во Полигано а Маре од Франческо Лоѕупоне

21 / MИГ-Август 2019


возбудливото финале од минатата година, во кое ги забележаа Гери Хант и Рианан Ифланд Вин, посакуваниот King Kahekili трофеј. Ќе учествува и Алесандро Де Роуз, единствениот Италијанец во трката, кој во 2017 година дојде прв во Полигано. Светското првентсво во нуркање „Ред Бул Клиф“,највозбудливиот шампионат за нуркање, се подготвува да им даде адреналин на многуте љубители на овој возбудлив спортски настан. Сезоната на Светската првенство ќе биде полна со новости и пресврти, со календар на неверојатни фази, оддржани на локации и пејзажи со ретка убавина низ целиот свет.

Италија е земја која била домаќин на најмногу натпревари во светот на големи височини, броејќи со се оваа година, девет настани од вкупно 11 изданија, од кои 7 во природната арена на иконското село Апулијан. Всушност, веќе петта година по ред, раскошниот Polignano a Mare се реафирмира како познато италијанско место, по

Нуркањето на Ред Бул Клиф е спектакуларна дисциплина во која спортистите се фрлаат од платформа поставена на 27 метри за мажи и 20 метри за жени (три пати повеќе од Олимписките!), Потпирајќи се на нивниот тренинг, на можноста да го контролираат секој гест до совршенство и на огромната ментална концентрација: во 3 интензивни секунди на падот, тие изведуваат неверојатни, воздушни акробатици, достигнувајќи брзина од 85 км на час!

MИГ-Август 2019 / 22


Од Севим Џиван

Дали сте спремни за мојот втор дневник? Ако рековте ДА, ајде да почнеме. После мојот последен текст, додека јадев во центарот на градот, прекрасна девојка, тинејџерка, ми пријде и зборуваше за мојот последниот текст. Бев во шок, бидејќи не го очекував тоа! Ако го немате прочитано, направете го тоа. Изминативе денови имам мали проблеми со моето здравје, и истовремено се чувствувам под стрес, но и среќна. Сите локални пријатели ми помогнаа, и затоа и ги сакам Mакедонците толку многу. И после оваа недела, како да не сакам да си одам во мојата земја, бидејќи чувствувам како да ја напуштам мојата земја. Ова е мојот последен месец во Македонија, но јас сум сигурна дека не и последен. Ќе се враќам во Прилеп повторно и повторно. Што научив додека траеше мојот ЕВС? Верувај секому, но и никому. Добрите и лошите страни на осаменоста. Ако врската е вистинска, никогаш нема да заврши поради далечината. Исто научив да готвам, но тоа не е целта. Мислам дека пораснав во Македонија, со вас. Од првиот па се до последниот ден, секој ден, јас сум благодарна што бев тука. Можеби сме се сретнале некаде и сме споделиле нешто. Се надевам дека ќе се видиме повторно.

Ви благодарам за сè! Те сакам, мој убав граду, Прилеп! 23 / MИГ-Август 2019


WHERE I’M FROM I JUST LEFT MY BED

www.loesje.org loesje@loesje.org


ПРИКАЗНАТА ЗА ВИНЧИ од Кристина Петреска

IВо срцевината на Италија се наоѓа мало градче наречено Винчи, кое е исполнето со возбудливи приказни. Таму заедно со Дино Антоски имавме можност да поминеме 10 денови каде што имавме можност да го почувствуваме духот на токму ова мало место. Поточно, јас и Дино бевме дел од тренинг курс насловен "In Youth Workers Shoes". Како што налага самиот наслов, ние имавме задача буквално да го заземе местото на еден младински работник и да искусиме што всушност претставува да си младински работник. Задолженијата кои ги имавме за време на тренинг курсот беа доста интересни и беа претставени од авантуристички, забавен и креативен аспект, а воедно беа од едукативен карактер. Тоа единствено беше возможно бидејќи нашите тренери беа навистина спремни и ефикасни и секој од нив имаше јасна претстава за тоа која му е главната цел и која е пораката што сака да ја пренесе. Она што можам лично да го кажам е дека стекнав нови вештини кои лесно ќе можам да ги применам не само во мојот секојдневен живот, ами и во мојот образовен процес. Искрено се надевам дека и останатите учесници се стекнаа со слично искуство. Сакам да изразам благодарност до сите тренери: Laris, Lerio, Maila и Antonio за тоа што постигнаа да научиме нови нешта, а со тоа направија да се чувствуваме одлично.

25 / MИГ-Август 2019


PACKAGING UNWRAP THE PROBLEM ECO-LOGICALLY

www.facebook.com/loesjemacedonia macedonia@loesje.org


ИЛИЈА НЕСТОРОВСКИ, ОД ПРИЛЕП ДО СРЦЕТО НА ПАЛЕРМО од

Илија Несторовски е роден во Прилеп, град во кој моментално живеам, на 12 март 1990 година. Неговата судбина веќе била напишана. Всушност, прилепскиот стадион е многу близу до болницата каде што се родил.Несторовски е фудбалер, македонец, напаѓач на Палермо и капитен и на македонската репрезентација. Тој е напаѓач, левучар, физички активен, и има одлични атлетски и акробатски вештини во постигнување на голови. Искусен финализатор, многу добар дури и кога е преместен надвор од неговата позиција Тој израснал во младинскиот фудбалски клуб Победа во неговиот роден град. Тој се приклучил на првиот тим во 2006 година на 16-годишна возраст, каде останал четири години постигнувајќи 39 голови на 96 27 / MИГ-Август 2019

натпревари во лига.После долгогодишно играње во екипи низ цела Источна Европа (Моравјан, Словачка, Викторијашиќ, Металург Скопје и Интер Запрешиќ), на 6 јануари 2016 година, Палермо го објави својот ангажман, додека останува во Хрватска до крајот на сезоната, затоа што во тоа време, компанијата „Росанеро“ не можеше да регистрира играч кој не е член на ЕУ. Неговиот трансфер беше официјализиран на 3 август 2016 година, и покрај тоа што веќе учествуваше во Сицилијанскиот тим во Германија. Неговото деби во дресот на Сицилија се случи на 12. август 2016 година, на натпреварот во италијанскиот куп Палермо Бари, додека своето деби во Серија А го направи на 21 август во играта Палермо-Сасуоло.


И покрај падот од прва во втора лига, Несторовски во овие три години стана бомбардер, талисман и капитен на „Росанеро“. Всушност, од 2019 година, во моментов, тој е на деветтата позиција на рангирањето на најдобрите стрелци во историјата на Палермо со 37 гола на 90 натпревари. Според неговите зборови, никогаш не недостасувале убави зборови и љубов кон градот, и неговата чест да се биде капитен на еден од најпознатите тимови на италијанскиот фудбал. Кога тој постигнува гол, во лицето се гледа задоволство што скоро би

можеле да го дефинираме како „оргазам“. Кога, од друга страна, шансите за гол не успеваат, „трагедијата“ на Несторовски се појавува со рацете на главата, очите кон небото и рацете широко, како да го молат богот на фудбалот. Накратко, тој ја живее играта со таков интензитет што е речиси невозможно да се задржи надвор во сабота. Но, секоја бајка има крај и Несторовски, оставен откако Палермо ’не успеа да го обнови договорот, на 26 јули 2019 година е купен на бесплатен трансфер од Удинезе каде има потпишано тригодишен договор.

MИГ-Август 2019 / 28


NEW PEOPLE UNLOCK NEXT LEVELS IN YOUR LIFE GAME

www.facebook.com/loesjemacedonia

macedonia@loesje.org


Job Shadowing проект: "Are your views forever / or you want a change of scenery"

од Александра Гатовска Христијан Јорданоски Антонио Бошковски

ТУРЦИЈА Овoј мај, младински работници од Loesje Берлин и Инфо Фронт Прилеп (во соработка со Loesje Битола) го посетија нашиот партнер во Анкара- System and Generation Association - S&G и заедно го имплементираа првиот дел од job shadowing проектот "Дали твоите гледишта се засекогаш/или сакаш промена на сценографијата". Тие разменуваа информации за моменталните активности, дискутираа за предизвиците на младинските работници и имплементираа работилници за Loesje кративно пишување со младите од Анкара. Потоа при посетата на Турскиот Парламент и Турската 29 / MИГ-Август 2019

Национална Агенција, младинските работници имплементираа активности со Еразмус+ канцеларијата на Haci Bayram Veli Универзитетот во Анкара. Освен идните планови и засилената соработка, ние имаме и нови Loesje постери и скоро очекуваме да посакаме добредојде на нова Loesje група Loesje Турција. Овај проект е поддржан од Jugend für Europa во рамките на Еразмус+ програмата.


БОСНА И ХЕЦ Е Г О В И Н А Втората мобилност од Job Shadowing- проектот се одржа во Босна и Херцеговина. Тоа беше комбинација од Loesje работилници за креативно пишување, сесии за споделување на Loesje методот, за споделување на нови дигитални алатки кои се корисни при работа со млади, информативни состаноци со претставниците на организациите- домаќини, културни посети итн. Сесиите и состаноците во првата седмица се одржаа во Бихаќ. Организација-домаќин беше Нахла-Бихаќ, организација за едукација и охрабрување/оспособување на жени и истражување. Резултатот од оваа работна седмица беа 8 прекрасни Loesje постери на различни теми, на босански и англиски јазик. Во текот на наредната седмица бевме во Високо и наш домаќин беше НВО „Млади волонтери“. Овие денови беа исполнети со работилници, состаноци со нивните волонтери и ги споделивме нашите искуства поврзани со Loesje методот, дигитални алатки и платформи и сл. Имавме состаноци и со други

организации: Ромска Младинска Иницијатива „Биди ми пријател“ и Центар за поддршка на Ромите „Ромален“ од Какањ. Исто така и овде изработивме прекрасни Loesje постери на босански и англиски јазик. Третата седмица беше посветена на состаноци со претставниците на старата босанска Loesje група во Сараево, претставници на Нахла-Тузла и посета на Мостар и директно учење за моменталната ситуација во градот.

А З Е РБ Е Ј Џ А Н Баку... Една огромна мешавина од култури каде Азербејџан е токму на крстосницата од Европа, Азија и Блискиот Исток, па така присутни се и влијанијата од секој регион во поглед на кујната, религијата, културата итн. Овој град е единствениот што ме "фати" неспремен. Добро, скоро неспремен. Дојдов тука со само тронка знаење (голем град, богат итн), она што се манифестираше пријатно ме изненади и импресионира.

MИГ-Август 2019 / 30


Самиот град Баку паѓа во очи, бидејќи се наоѓа на нафтениот брег на Каспиското Море. Неговата елеганција е ненадмината во регионот. Пристигнав на интернационалниот аеродром во Баку без никаква идеја што да очекувам. Не направив претходно истражување (како и секогаш), бидејќи сакав сѐ да биде изненадување. Се упативме кон најблискиот банкомат, заменивме евра во манати (азербејџанската валута), влеговме во такси со телефонот во раце и тргнавме во авантура. Одлично е чувството кога шеташ низ улиците на една тотално непозната држава, со свеж поглед без никаков план. Веднаш забележав дека постои стар и нов Баку. Старото чувство надојде од Стариот град, обиколен со огромни камени ѕидови од сите страни. А новото чувство пак надојде од модерните облакодери (Огнените Кули) и многу други урбани атракции околу градот. Парите од нафтената индустрија придонесле кон брз развој на економијата кој од ден на ден е во подем. Исто така морам да признам дека храната е фантастична - едноставно премногу кебапи, кафиња, зеленчук, месо и леб.

31 / MИГ-Август 2019

Всушност причината зошто ја посетуваме оваа преубава држава, особено "Градот на огнот" е зацврстување на соработката помеѓу три организации од Македонија (Инфо фронт – Прилеп во соработка со Loesje Битола), Германија (Loesje Berlin) и Азербејџан (Bridge to the Future) организирајќи го овој проект. Главната цел е да имплементираме работилници на различни теми како пишување на проекти и проектен менаџмент, Loesje креативно пишување, пишување резиме и CV итн. Првите 10 дена остануваме во главниот град, а потоа одиме во Ганџа и Мингечевир. Со имплементирање на овие креативни работилници, исто така ја набљудуваме и нивната работа и дискутираме во врска со менаџирање на проекти, воедно разменувајќи искуства и идеи за идни проекти. Бидејќи не постои Loesje група во Азербејџан, нашата цел е да формираме. Па ако сакаш и ти да бидеш доволно мотивиран да направиш промена во твоето општество, провери кои се можностите кои ги нуди Еразмус+ програмата, особено за младите луѓе.


I NEED A BRAKE SAID THE BICYCLE TO THE CYCLIST

www.facebook.com/loesjemacedonia

macedonia@loesje.org


ЗДРУЖЕНИЕ НА МЛАДИ ИНФО ФРОНТ - ПРИЛЕП Андон Слабејко бб. 7500 Прилеп, Македонија infofrontprilep@gmail.com facebook.com/infofrontprilep +389 70 719945 Статиите содржани во списанието ги отсликуваат личните ставови на авторите и не ги одразуваат мислењата или ставовите на членовите или на самото здружение. “Поддршката од Европската комисија за издавање на оваа публикација не се состои во прифаќање на содржините кои ги одразуваат единствено ставовите на авторите и Комисијата не може да биде одговорна за било какво користење кое може да произлезе од информациите содржани во истата.”

НАЦИОНАЛНА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.