Симболи на франција

Page 1

Симболи на Франција


Le fromage


Le formage • „Камембер“ Поголемиот број видови сирења датираат уште од средниот век и најчесто биле правени во манастирите, а историјата на сирењето „камембер“ датира од пред 200 години. Тоа, всушност, е и единственото сирење, чиј изумител е познат. Станува збор за Мари Харел, која доаѓа од селото Камембер во Нормандија. „Камембер“ е меко сирење, кое од надворешната страна е бело, а во внатрешниот дел е со жолта боја. Од 1880 година се пакува во дрво, што особено ја зголемило неговата популарност. Формата му е во облик на круг и тежи околу 200 грама, а карактеристичен е по посебниот вид бактерија, која е важна за неговото созревање. Освен „камембер“, во Франција се произведуваат уште многу други видови бело сирење, а како најпознати се варијациите на сирењето „бри“.


Le fromage


Le fromage • „ • Рокфорот“ изгледа како мрамор, блед и шарен со сина огнена боја. Станува збор за овчо сирење кое потекнува од областа Рокфор-сур-Сузон, каде што живеат 900 жители и се наоѓа на југот од Франција и во тој предел се занимаваат исклучиво со овчарство. • Изворното сирење „рокфор“ може да созрее исклучиво во тамошните печки, додека сите негови останати облици се чиста имитација. Печките во кои созрева ова сирење имаат 90% влага, низ која постојано струи ладен воздух, додека температурата е константно ниска. Тоа се идеални услови за развој на зелената пеницилинска бактерија, па оттаму ова сирење важи за едно од најскапите и највкусните во светот.


Марсељеза • Марсељеза (франц.: La Marseillaise, што значи: Марсејска песна) е државна химна на Франција. • Марсељезата ја напишал Клод Жозеф Руже де Лил[1] во ноќта помеѓу 25. и 26. април 1792 година, во текот на објавувањето на војната на Австрија во Стразбур. Најпрво таа се викала Марш на армијата на Рајна (Chant de guerre pour l'armée du Rhin) и била посветена на грофот Николас Лакнер, заповедник и гувернер на Стразбур. Името го добила на 30. јули 1792 година, затоа што се пеела при влегувањето на 500 доброволци од Марсеј во Париз. • На 14. јули 1795 година Марсељезата била прогласена за државна химна на Франција.


• Марсељезата е составена од 7 строфи и рефрен, но на официјални настани се исполнуваат само првата строфа и рефренот. Музиката и текстот на песната претрпеле многу промени во текот на годините. • Поради воениот карактер на оваа песна, често нејзиниот текст бил критикуван како агресивен. Затоа, имало повеќе обиди за повторно пишување на текстот, но сепак тој останал непроменет, бидејќи се смета за симбол на Француската револуција.


(првата строфа и рефренот:)

Allons enfants de la Patrie, Le jour de gloire est arrivé ! Contre nous de la tyrannie, L'étendard sanglant est levé, (bis) Entendez-vous dans les campagnes Mugir ces féroces soldats ? Ils viennent jusque dans vos bras Egorger vos fils et vos compagnes ! рефрен: Aux armes, citoyens, Formez vos bataillons, Marchons, marchons ! Qu'un sang impur Abreuve nos sillons !

Ајде, деца на татковината! Дојде денот на славата! Против нас е подигнато Крвавото знаме на тиранијата! Го слушате ли во полињата Викањето на здивените војници? Тие ви доаѓаат во прегратка Да ги убијат вашите синови, вашите сопруги. рефрен: На оружје, граѓани! Формирајте свои баталјони! Да маршираме! Да маршираме! Нека нечистата крв Ги натопи нашите бразди!


MONT BLANC


Coq Gaulois


• Ајфеловата Кула (француски: Tour Eiffel, се изговара: /tuʀ efɛl/) е железна кула изградена на Марсовите полиња покрај реката Сена во Париз. Тоа е највисоката градба во Париз и меѓу најпрепознатливите симболи во светот. Именувана според нејзиниот архитект Густав Ајфел, денес преставува една од најпосетените туристички атракции.



Marianne • Француски симбола означува разум и слобода • Ликот го има насекаде


Coco Chanel


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.