Zdrava hrana-zelencuk

Page 1

Здрава храна

Зеленчук


Зеленчук-јадете и бидете здрави         

Домат; Краставица; Пиперки; Морков Зелка; Грашок; Кромид; Брокула; Компир.


Зошто е важно да се јаде зеленчук?   

 

Луѓето кои јадат повеќе зеленчук го намалуваат ризикот од хронични заболувања; Повеќето видови зеленчук содржат ниско ниво на масти и калории. Ниту еден вид природно не содржи холестерол; Зеленчукот е важен извор на многу хранливи материи, како калиум, диетални влакна, фолна киселина, витамин А, витамин Е и витамин Ц; Купувајте свеж сезонски зеленчук. Тој чини помалку, највкусен е и ја има максималната хранлива вредност ; Измијте го зеленчукот пред да го подготвувате или јадете. Тријте го енергично со рацете под млаз чиста вода за да се отстрани нечистотијата и површинските микроорганизми. Исушете го после миењето .


Домат-моќен природен зеленчук  

 

 

Вкусен и лековит зеленчук; Доматот е високовредна намирница која во себе содржи многу малку масти, калории и холестерол; Обилува со витамини, А и Ц, со бета каротен и минерали; Еден средно голем свеж домат има само 25 калории, а е одличен извор на витамини, минерали и други лековити состојки Свежи или исечени на парчиња или измешани во салати - тие се секогаш вкусни; Единствен вкус во природата и додаток на секоја храна која се готви; Доматите исто така се користат во форма на џус, супа, пире, сос и кечап.


Краставица-идеална за летните жештини  

Краставицата е богата со витамин Ц; Краставицата има многу фосфор, калциум, железо, манган и јод. Има малку натриум и многу калиум, поради што не треба да се соли за да не се наруши постоечкиот однос на овие два минерала; Неупатените мислат дека младите плодови се подобри за јадење од зрелите, како што е случај со повеќето зеленчуци. Но, всушност тие се во заблуда, бидејќи незрелите краставици се потешки за варење, предизвикуваат надуваност на стомакот и создаваат гасови во цревата .


Пиперки-Македонија,земја на разновидни пиперки(мали,големи, благи ,лути од кои се подготвува ајвар) 

Тие не само што се многу вкусни, туку претставуваат и права ризница на корисни и здрави состојки (минерали, витамини, каротиноиди, флавониди); Плодовите на пиперката ги разликуваме по форма, боја, но и по мирис и вкус; Пиперката се користи за подготвување на салати и јадења, но и за разни пијалоци. Таа го подобрува апетитот, а при тоа и ја поттикнува работата на желудникот.


Морков- природен лек  

  

Морковот е еден од најздравите видови на зеленчук, Содржи многу корисни и лековити состојки. Како храна се користи во целиот свет. Изразено антимикробно (антибиотско) дејство; Има улога на „чистач“ на организмот; Свеж,обарен,во супи,чорби,салати.


Зелка-заштита од многу болести   

Зелката има хранлива вредност, Богата со железо и витамини и има малку јагленохидрати, затоа има лековито дејство; За здравјето е важна како свежата, така и киселата зелка, која исто така треба да се јаде ,,жива". Потребно е во зимските месеци секојдневно да се јаде кисела зелка, а расолницата да се пие најмалку еднаш во текот на неделата.


Грашок-против замор

Грашокот е добар извор на витамин Б1, пантотенска киселина и витамин Б6, овој зеленчук е добар извор на рибофлавин и ниацин, нутритиенти кои се неопходни за метаболизмот на јаглехидрати, протеини и масти. Пантотенската киселина игра важна улога во регулација на стресот. Зелениот грашок е посебно добар извор на железо и минерали чиј недостаток често резултира со анемија, умор и намалена функција на имунитетот.


Кромид-храна,зачин,лек 

Во исхраната се користи преку цела година: млад (зелен) кромид, во пролет, млади главици кромид, преку летото и зрел кромид во зимата; Од хранливи состојки кромидот содржи многу јагленохидрати, во мали количини растителни белковини и масти; Тој е вистинска ризница на витамини, минерали, олигоелементи, билни хормони... Содржи калиум, сулфур, витамини Б1, Б2, Ц, К, П, бета каротен; Кромидот во организмот дејствува слично како инсулинот.


Брокула-супер храна 

   

Брокулата е зелен зеленчук и ретко е застапен во нашата македонска кујна; Ги штити слузниците, посебно цревната слузница Го одржува здравјето на срцето, крвните садови,белите дробови; Добра за мозокот; Таа содржи големи количества на витамини А, Ц и Е, минерали: калциум, магнезиум, железо, бетакаротен, фолна киселина и многу други корисни состојки.


Компир-богатство во нашите раце 

  

Компирот содржи јагленохидрати,растител ни влакна,големо количество на витамин Ц,Б-витамини и др.; 100 грама компир содржи само 70 калории; Се препорачува варен,во салати; Не се препорачува пржен во разни масла.


Деца:,,Јадете здрава храна за детство без мана“


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.