Zdrava hrana

Page 1

Здрава храна Овошје


Овошје-нашиот вистински пријател • • • • • • •

Јаболко Круша Цреши Грозје Слива Дуња Јагода


• • • • • •

Зошто е важно да се јаде овошје? Повеќето видови овошје содржат ниско ниво на масти и калории. Ниту еден вид природно не содржи холестерол. Овошјето е важен извор на многу хранливи материи, како калиум, диетални влакна, фолна киселина и витамин Ц. Имајте во секое време овошје на маса или во фрижидер Исеченото овошје чувајте го во фрижидер за подоцна Купувајте свежо и сезонско овошје. Не само што чини помалку, туку и највкусно е и со најголема хранлива вредност. Измијте го овошјето пред да го подготвувате или јадете. Тријте го енергично со рацете под млаз чиста вода за да се отстрани нечистотијата и површинските микроорганизми. Исушете го после миењето ; Дајте им добар пример на децата со тоа што ќе јадете овошје секој ден.


Јаболко-"Едно јаболко на ден и доктор не ти треба" • • •

Јаболката содржат повеќе од 100 вредни биолошки активни соединенија; Витамин Ц , бета каротин, железо, етерични масла и органски киселини; Пектинот од јаболката ги зајакнува клетките, го намалува нивото на холестеролот во крвта и го блокира влијанието на некои микроби и отровни соединенија; Овој чудотворен плод ја стимулира работата на срцето и крвотокот и ги зајакнува крвните садови.


Круша-сочно и слатко овошје Крушата е богат извор на витамините Ц и К, бакар и растителни влакна. Витаминот Ц е познат борец против слободните радикали, а бакарот ги елиминира супероксидирачките радикали, додека влакната превентивно делуваат против ракот на дебелото црево. Најмногу влакна има во кората на крушата, па најдобро е таа да не се лупи. Една круша или 170 грама содржи: 3,98 грама влакна, 6,64 мг витамин Ц, 0,19 мг бакар, 7,47 мг витамин К и има само 97,94 калории.


Цреши-вистинско скриено богатство • Богати со бета каротен(19 пати повеќе од боровинката и јагодата); • Витамин Ц,А,Б1 и Б2,калиум, магнезиум,железо,растителни влакна... • Важни за имунолошкиот систем; • Регулатори на спиењето; • Го спречуваат губењето на меморијата; • Го одложуваат процесот на стареење.


Грозје-за здравје и виткост • Го чисти телото и поттикнува губење телесна тежина; • Извор на витамини А,Б,Б6 и фолна киселина; • Брз извор на енергија и ја подобрува крвната слика; • Силна антивирусна активност.


Слива-мала лековита овошка

Плодот на сливата содржи малку калории (околу 40 во 100 гр. плод), така што е погодна за: диетална исхрана, како дуеретик, за чистење на организмот, но содржи и многу корисни супстанци: Бета каротин, растителни влакна, растителни масти, растителни хормони, Б витамини, витамин В, витамин Е, витамин К, железо, етерични масла, калиум, калциум, магнезиум, минерални соли, органиски киселини, феноли, јаглени хидрати, целулоза, шеќер (природен). Во исхраната се користи свежа или сушена.


Дуња-за чисти крвни садови •

Во 100 грама свежа дуња има 57 kcal / 238 kJ, од што 0,4% белковини, 0,1% масти, 15,3% јагленохидрати. Богата е со растителни влакна и бакар, а содржи и многу танински материи. Дуњата е богат извор на витамин Ц (15 mg, што е 18,8% од препорачаниот дневен внес). Содржи и бета каротин и јаболкова кислеина. Поради присутниот пектин, од дуњата се приготвува вкусен мармалад и желе. Сокот од свежа дуња е корисен против кашлање, астма и акутни дијареи


Јагоди-моќни • Црвени, во срцевидна форма, украсени со мало зелено ливче. Неверојатно привлечни и исто толку вкусни. Јагодите се задоволство, здравје, љубов, убавина. • Тие се употребуваат за лекување на анемија, зајакнување на крвта, а исто така го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести. Содржат големо количество витамин Ц и железо. 100 грама јагоди ја покриваат потребната дневна доза за витамин Ц. • Јагодите помагаат за заздравување на непцата. Кога немате достап до паста за заби и четка, преполовете 2-3 јагоди и со нив протријте ги забите и непцата. Потоа исплакнете со вода.


Деца:,,Јадете здрава храна за детство без мана“


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.