Tematsko procesno za sedmo-april

Page 1

ТЕМАТСКО ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ 1.Тематска целина 8-април 2.Наставен предмет:македонски јазик 3.Одделение на изучување:седмо

Број на часови Ред. Структура на тематската обработка на Друг вид бр. целина нова активност содржина 8.1 Јазик:Синтакса а) Составни независносложени реченици; б)Спротивни независносложени реченици; 4 1 в)Разделни независносложени реченици; г)Независносложени реченици добиени со нижење на делреченици -Исклучни; -Заклучни; д)Вежби за видови независносложени реченици . 8.2 Литература: а)Дневник; б)Автобиографија; в)Исказ на лик. 3 4 8.3 Изразување и творење:

вкупно

5

7


8.4

а)Усно изразување: Текст со изменет почеток; б)Писмена вежба: ,,Од мојата автобиографија“ Лектира ,,Девојките на Марко“Оливера Николова

/

2

2

/

2

2 16 часа

Распоред на наставните содржини во временска рамка: 1.Составни независносложени реченици; 2.,,Саканиот учител“-Григор Прличев;Автобиографија;

Прва седмица од април

3.,,Мерак по книгата“;од Автобиографијата на Марко Цепенков; 4.Писмена вежба:,,Од мојата автобиографија“(по дадени упатства); 5.Спротивни независносложени реченици; 6.,,Плоча на животот“-Ташко Георгиевски;Дневник;

Втора седмица од април

7.Анализа на домашни задачи:,,Една страница од мојот дневник“и на извадоците од ,, Дневникот на Ана Франк“ ; 8.Разделни независносложени реченици; 9.,,Рацин“-Борис Вишински-интерпретација;поим за исказ на лик 10.,,Чест“-Васил Иљоски-интерпретација;

Трета седмица од април

11.Пишување драмски текст и исказ на лик-вежби; 12.Усно изразување:Текст со изменет почеток;по текстот ,,Ѕвезди“-Видое Подгорец; 13.Независносложени реченици добиени со нижење на дел реченици; 14.Вежби за независносложени реченици; 15.Лектира:,,Девојките на Марко“-Оливера Николова; 16.Лектира:,,Девојките на Марко“-Оливера Николова.

Четврта седмица од април

Забелешка:По договор со учениците некои содржини се поместуваат


Развојно процесно планирање Јазик:Синтакса,8.1 Цели

- Да се запознае со видовите независносложени реченици; -да составува сложени од дел-реченици; -да разликува независносложени и зависносложени реченици; -да составува сврзнички и бесврзнички реченици; -да примени знаење од синтакса во контролна задача. Наставна 1.Составни независносложени реченци; содржина 2.Спротивни независносложени реченици; 3.Разделни независносложени реченици; 4.Независносложени реченици добиени со нижење на дел-реченици -исклучни; -заклучни. 5.Вежби за независносложени речници Активнос -Наставникот подготвува вежби,а преку табели сликовито се ти претставени учени содржини од синтакса, со цел повторување на содржини од синтакса(подмет,прирок,атрибут,апозиција,предмет, проста реченица,сложена реченица) ; -Наставникот ги поттикнува учениците на активности поврзани со учените содржини со цел поврзување со новите содржини од синтакса( независносложени реченици); -Учениците ги повториле учените содржини од синтакса-сложена реченица; -Учениците учествуваат во изработка на вежбите и во презентирањето на одговорите; -Наставникот преку прашање-одговор врши континуирано поврзување на содржините од синтакса во македонскиот јазик; -Наставникот подготвува табели,шеми ,илустрации и текстови- вежби за видови независносложени реченици; -Со помош на вежбите,учениците ги објаснуваат видовите независносложени реченици; -Наставникот упатува кон размислување со цел согледување разликите меѓу виовите независни реченици; -Со помош на ИТ,се подготвува Импрес презентација за видовите независносложени реченици со цел подобро усвојување на содржините за видовите независносложени реченици; -Презентацијата ја изработуваат парови ученици на секој час ,па на крај со помош на наставникот се дотерува и уредува; -презентацијата ќе биде објавена на вебстраната:www.rozemak.ucoz.com -Учениците активно учествуваат во решавањето на вежбите со цел стекнување и утврдување знаења за овие содржини - учениците активно учествуват во донесувањето на заклучоците; -наставникот изработува вежби-игри со цел полесно совладување на содржините од јазик; -Учениците решаваат вежби изработени од наставникот, со цел утврдување на содржините; -наставникот подготвува вежби за содржините од синтакса


Средства и услови Форми и методи Оценува ње

со цел проверување и оценување на учениците; Стандардно опремена училница,учебник,шеми,табели.табла, креда,креди во боја,тетратки,работни листови,ИТ-изработени вежби(игри),текстови за вежби и др. Индивидуална,парови,групна,фронтална;разговор,пишување,презентир ање,текст-метод,објаснување,илустративно-демонстративен метод(др. методи кои ќе произлезат во текот на работата) Преку активностите:шеми,табели,УПИ,ППИ,дискусија,белешки за следење на учениците ,аналитички лист,лист за проверка и др.ПЕП стандарди.

Вреднување,измени и дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________

Литература:Литературно-научен вид и Драма,8.2 Цели

Наставна содржина

-Да знае за особености на литературно-научен вид; -да препознава особини на дневник; -да препознава особини на автобиографија како творба и како форма на изразување; -да ги препознава карактеристиките на исказ на лик во драмски текст; -да примени стекнати знаења за литературно -научен вид; -да изработи ѕиден весник; -да учествува во пишување написи за блогот и веб- страната по македонски јазик .

1.,,Саканиот учител“-Г.Прличев;Автобиографија; 2.,,Мерак по книгата„(од Автобиографијата на М.Цепенков); 3.,,Плоча на животот“-Т.Георгиевски;Дневник; 4.Анализа на доашни задачи:,,Една страница од мојот дневник“и анализа на извадоците од,,Дневникот на Ана Франк“; 5.,,Рацин“-Б.Вишински;поим-исказ на лик; 6.,,Чест“-В.Иљоски-интерпретација; 7.Вежби за исказ на лик. Активности -Учениците добиваат задача ,дома,да прочитаат за Григор Прличев; -На часот се гледа краткото видео од снимениот проект за ,,Македонскиот 19 ти век“; - Се гледа видеото, се разгледува ,се дискутира за Григор Прличев; -Наставникот ги воведува учениците во новите содржини со потсетување на учени содржини(родови,видови); -Наставникот посочува на текстовите од учебникот со цел внимателно читање и доживување:,,Саканиот учител“ и ,,Мерак по книгата“; -Учениците активно учествуваат во усвојувањето на новата содржина за автобиографија; -Се интерпретираат извадоците,се прави план по нив,се дискутира за особеностите


Средства и услови Форми и методи Оценување

на автобиографијата; -преку Венов дијаграм се прави анализа и споредба на двата извадока; -Се интерпретира текстот ,,Плоча на животот“-Т.Георгиевски,се прави план, се истакнуваат особеностите на дневникот како литературно-научен вид; -Наставникот дава домашна задача за примена на знаење за дневник; -Наставникот дава упатство за работа ,а учениците работат дома на тема:,,Една страница од мојот дневник“; -Учениците активно се вклучуваат во активностите и се подготвуваат за час по упатства на наставникот; -Дискусија по завршената работа и вреднување на задачите ( наставникот); -се анализираат извадоците од ,,Дневникот на Ана Франк“,се дискутира за едно минато тешко време; -Од материјалите во учебникот и од други извори,учениците подготвуваат написи за веб-страната www.rozemak.ucoz.com -Се потсетуваат учениците на драмата како литературен род и во континуитет се запознаваат со содржината за исказ на лик; -Се читаат текстовите,,Рацин“ и ,,Чест“,анализираат и се заблежува разликата меѓу поетски и прозен текст; -се драматизираат текстовите,се претставуваат настаните и со гестови и мимики; -на часовите од драмската секција ,се подготвува едночинка на тема:,,Здрава храна“. Училница,учебник,табла,креда,тетратки,библиотека,Интернет,,дополнителна литература и др. Фронтална, индивидуална,групна,парови;разговор,текстметод,пишување,илустративно-демонстративен метод,анализа, дискусија,презентирање и други методи што ќе произлезат од работата Преку активностите и вежбите:УПИ,самооценување,следење со белешки од страна на наставникот,листи за проверка и др.ПЕП стандарди.

Вреднување,измени,дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________

Изразување и творење,8.3 Цели

Наставна

-Да применува знаења од јазик(сложена реченица и литература во писмена вежба; -да се оспособува аргументирано да дискутира со стилски збогатени реченици; -да применува правила од правопис при писмената вежба; -да се изразува убаво со стилски, збогатени реченици; -да изработува содржини за веб-страната и блогот по македонски јазик. 1. Текст со изменет почеток;по текстот,,Ѕвезди“-В.Подгорец;


содржина 2. Писмена вежба:,,Од мојата автобиографија“;по дадени упатства. Активности -Наставникот дава задача за подготовка на писмена вежба по дадена тема:,,Од мојата автобиографија“,по дадени упатства; -На часот се твори, се читаат составите,се дискутира по нив,се поправаат се насочуваат учениците; -дел од составите ќе бидат објавени на веб-страната; -Наставникот дава сугестија за читање на текстот,,Ѕвези“-Ташко Георгиевски(се договара со учениците како да се направи почетокот на текстот); -По упатствата ,учениците самостојно работат писмено изразувајќи се,а потоа се чита и се дискутира ,се советува; -Дел од текстовите се поставуваат на веб-страната и ѕидниот весник; -Секој ученик внимава на изразување и правопис; -Составите може и да се илустрираат; -Другите ученици слушаат,водат белешки,дискутираат ,вреднуваат; -Наставникот,дискутира за чуеното и оценува; Средства и Училница,табла,креда,учебник,упатства за работа ,тетратки, потребни извори кои услови ќе произлезат од самите часови. Форми и Фронтална,индивидуална;разговор,текст- метод,илустративно-демонстративен методи метод,пишување,објаснување,самостојна работа Оценување Преку активностите и вежбите:УПИ,ППИ,дискусија,белешки за следење на учениците ,аналитички лист

Вреднување,измени,дополнување на планирањето

___________________________________________________________ ___________________________________________________________ ___________________________________________________________ ___________________________________________________________ Лектира,8.4 Цели

-Да умее самостојно да го доживува делото; -да умее усно и писмено да прераскажува,да одговара прашања; -да се оспособува аргументирано да дискутира со стилски збогатени реченици; -да умее да анализира ликови од делото.

Наставна содржина

1.Лектира:,,Девојките на Марко“-Оливера Николова; 2.Лектира:,,Девојките на Марко“.

Активности -Наставникот претходно дава за задача да се прочита делото и кратко писмено прераскаже во тетратка за лектира; -Наставникот дава упатство за изработка на лектирата; -Учениците самостојно ја читаат и дома,прераскажуваат лектирата(може и преку прашања дадени од наставникот); -Наставникот поттикнува со прашања на дискусија и обработка на содржината на делото; -Наставникот дава упатство за домашна задача за анализа на ликови од делото; -Учениците во групи го анализираат ликот од делото и илустрираат на хамер;


Средства и услови Форми и методи Оценување

-Наставникот им укажува на постапките на ликот при анализата; -Наставникот внимателно ја следи презентацијата на учениците,а потоа се дискутира и вреднува(наставникот и учениците); -Наставникот јавно коментира и оценува ,а води и свои белешки во кои ги следи учениците; -Најдобрите изработки се изложуваат во кабинетот по македонски јазик; -Часот може да се сними со видео камера(видео час); Училница,табла,креда,упатства за изработка на лектирата претходно дадени,прашања за содржината на делото,тетратки за лектира,Лектирата,хамер или листови поголем формат и др. Фронтална,индивидуална,групна;разговор,текст метод,илустративнодемонстративен метод,пишување,објаснување Преку активностите и вежбите:УПИ,самооценување,дискусија,белешки за следење на учениците,скала на проценка ,листа за проверка-презентацијата .

Интеграција(поврзување) на часовите: - Час 1,5,8,13,14 : Јазик:Синтакса,Видови независносложени реченици - Час 2,3,4,6,7: Литература:Литературно-научен вид - Час 9,10,11:Литература:Драма-исказ на лик - Час 4,7,11,12 :Изразување и творење - Час 15,16:Лектира

Очекувани резултати по осмата тематска целина - знае за сложена реченица; - ги разликува видовите независносложени реченици; - правилно образува независносложена реченица; - самостојно синтаксички анализира реченица; - се оспособува аргументирано да дискутира со стилски збогатени реченици; - знае за автобиографија и особености на автобиографија; -знае за дневник и особености на дневник; -да применува правила од правопис при писмена вежба; -да се изразува убаво со стилски, збогатени реченици; -да применува знаења од јазик и литература во писмена вежба; - знае и пишува исказ на лик; - применува знаења во вежби за проверка и вреднување на знаењата; - изработува содржини за ѕиден весник; - учествува во пишување написи за блогот и веб- страната по македонски јазик; -да користи извори за подготовка наставна содржина(библиотека,Интернет, дополнителна литература и др.).



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.