Tematsko procesno za 6-noemvri

Page 1

ТЕМАТСКО ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ 1.Тематска целина 3-ноември 2.Наставен предмет:македонски јазик 3.Одделение на изучување:шесто

Ред. Структура на бр. тематската целина 3.1 Акцент а)Акцентирање на сложените зборови и на броевите; б)Отстапување од третосложното акцентирање; в)Вежби за акцентирање на сложените зборови и броевите; г)Контролна задача (акцент-изучени содржини). 3.2 Поезија 1.Композиција на песна а)Видови строфи; б)Рима и видови рими според местото на акцентот; в)Самостојна анализа на композиција на песна.

Број на часови обработка на Друг вид нова активност содржина

вкупно

2

2

4

2

1

3


3.3

3.4

3.5

3.6

Стилски фигури а)Ономатопеја; б)Компарација; в)Вежби со учените стилски фигури.

Изразување и творење а)Опис на личност; б)Опис на лик.

Лектира а),,Оливер Твист“Чарлс Дикенс б)Анализа на ликот Оливер Твист,според лична замисла Медиумска култура а)Анимиран филм; б)Изработка стрип(знаења за анимиран филм).

2

1

3

/

2

2

2

2

1

2

1

16 часа

Распоред на наставните содржини во временска рамка: 1.Акцент и акцентирање на сложените зборови и броевите; 2.Композиција на песна.Видови строфи; 3.Рима и видови рими според местото на акцентот-нова наставна содржина; 4.Отстапување од третосложното акцентирање-нова наставна содржина; 5.Самостојна анализа на песна(композиција и рима) ,по договор со учениците; 6.Стилска фигура ономатопеја; 7.Вежби за акцентирање на сложените зборови и броевите; 8.Стилска фигура компарација;

Прва седмица од ноември

Втора седмица од ноември


9.Изразување и творење:Опис на личност; 10.Контролна задача за акцентирање на сложените зборови и броевите; 11.Вежби за стилските фигури ономатопеја и компарација; 12.Анимиран(цртан)филм;

Трета седмица од ноември

13. Изработка стрип; 14.Изразување и творење:Опис на лик; 15.Лектира:,,Оливер Твист“-Чарлс Дикенс; 16.Анализа на ликот Оливер Твист,според лична замисла.

Четврта седмица од ноември

Акцент,3.1 Цели

Наставна содржина

Активности

- да утврди и примени знаење за акцент од претходното одделение; -да се запознае со акцентирањето на сложените зборови и броевите; - да ги согледа правилата за отстапување од третосложното акцентирање ; -да има чувство за изговор и правилно акцентирање на сложените зборови и броевите; -да примени стекнати знаења во вежби и контролна задача. 1.Акцентирање на сложените зборови и броевите; 2.Отстапување од третосложното акцентирање; 3.Вежби за акцентирање на сложените зборови и броевите; 4.Контролна задача на изучените содржини од акцентирање на сложените зборови и броевите. -Разговор со учениците за учени содржини(акцент-поим,правила и др); -Наставникот изготвува вежби за повторување на учени содржини од претходото одделение; -цртање шеми за повторување и за согледување на новата наставна единица; -наставникот покажува шема со сложени зборови и броеви; -учениците разгледуваат и учествуваат во донесување заклучоци; -заклучоци од објаснувањата-заклучок според шемата; -вежби низ разговор,објаснување,заклучоци; -примена на знаењата(индивидуално)-презентирање на вежбите. -се подготвуваат табели со вежби(по можност со ИТ) за акцентирање на сложени зборови и броеви ,наставни ливчиња за примена на стекнато знаење; -по пат на разни игри ,наставникот прави овие содржини да бидат поинтересни и прифатливи за учениците; -дел од содржините се објавуваат на блогот:www.rozemak-rozemak.blogspot.com; -учениците активно учествуваат во секој сегмент од часот,решавајќи ги вежбите и соработувајќи; -подобрите ученици им помагаат на послабите работејќи во парови;


-наставникот,следи,забележува,вреднува ,оценува-контролна задача; -во заклучокот на овие содржини,учениците се упатуваат и поттикнуваат да размислуваат и правилно изговараат и пишуваат. Средства и услови Форми и методи Оценување

Стандардно опремена училница,учебник,шеми,табели.табла,креда,креди во боја,тетратки,илустрации,ИКТ. Индивидуална,групна,фронтална,парови;разговор,текстметод,објаснување,илустративно-демонстративен метод(др. Методи кои ќе произлезат во текот на работата) Преку активностите:шеми,табели,УПИ,ППИ(контролна задача)

Вреднување,измени и дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________

Поезија,3.2 Цели

Наставна содржина Активности

Средства и

-да знае што е стих и строфа; -да ги класифицира строфите според бројот на стихови; -да знае што е рима; -да препознава и толкува видови рими според местото на акцентот; -да објаснува и анализира композиција на песна; -да умее да пронаоѓа објаснување на непознати и архаични зборови; -да знае да пронајде извори на знаења за да се подготви за час(библиотека,речник,зборници,збирки со народни творби,интернет и сл.) . 1. Композиција на песна Видови строфи; 2.Рима и видови рими според местото на акцентот; 3.Самостојна анализа на композиција на песна,по договор со учениците; -Наставникот поставува прашања со цел потсетување и утврдување на претходно стекнати знаења за поезија(стих,строфа,лирско јас,мотив...); -Наставникот поттикнува активности за класификација и именување на строфите според бројот на стихови; -Наставникот подготвува наставни ливчиња, шеми,дава домашни задачи како помош при изведување на заклучоците; -Наставникот помага при определување на римата во песните,а учениците самостојно ги определуваат видовите рими според местото на акцентот ; -Наставникот посочува средства и начини за подготовка на часот(ги дели во групи,им помага во пронаоѓање извори за работа); -Учениците самостојно анализираат композиција на песна,избрана по договор; -Се водат дискусии по презентацијата на задачите,а потоа се оценува и вреднува. Училница.табла,креда,учебник,шеми,друга дополнителна литература корисна за


услови Форми и методи Оценување

изучување на содржините и сл. Фронтална ,индивидуална,групна,парови; разговор,текстметод,објаснување,илустративно-демонстративен метод,работа со наставно ливче Преку активностите и вежбите:УПИ,ППИ,самооценување,листа за проверка,скала на проценка и сл.

Вреднување,измени,дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________

Изразување и творење,3.3

Цели

Наставна содржина Активности

Средства и услови Форми и методи Оценување

-да умее усно да се изразува со стилски збогатени реченици; -да умее да опишува со личност; -да умее да опишува лик; -да разликува и споредува личност и лик; -да примени знаења од литература и јазик во творење –опишување лик и личност; -да знае да истакне свој став,свои размислувања за различните особини на лик и личност,да разграничува позитивно од негативно.; 1.Опис на личност; 2.Опис на лик. -Слободен разговор за поимите лик и личност,нивно разграничување -наставникот посочува на текстови од учебникот со цел полесно разбирање на содржините; -учениците ги читаат текстовите и учествуваат активно во разграничувањето на лик и личност; -наставникот дава упатства за работа по нивоа,учениците сами избираат што ќе работат; -Учениците презентираат што сработиле,а по задачата се дискутира и се оценува сработеното; -По дадени упатства се опишува лик и се издвојува внатрешниот и надворешниот опис на ликот -најдобрите творби ќе бидат објавени на ѕидниот весник ,на веб страницата:www.rozemak.ucoz.com; Училница,учебник,табла,креда,тетратки Фронтална, индивидуална;разговор,текст-метод,пишување Преку активностите и вежбите:УПИ,самооценување,следње со белешки од страна на наставникот и др.ПЕП стандарди.


Вреднување,измени,дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________

Стилски фигури,3.4

Цели

Наставна содржина Активности

Средства и услови Форми и методи Оценување

-Да знае за ономатопеја; -да знае за компарација; -да објаснува ономатопеја; -да објаснува компарација; -да применува стилски фигури во вежби. 1.Стилска фигура ономатопеја; 2.Стилска фигура компарација; 3.Вежби за стилски фигури ономатопеја и компарација. -Наставникот подготвува вежби со цел полесно сфаќање на стилските фигури; -Наставникот црта шеми,дијаграми ,носи илустрации со цел полесно совладување на содржините; -По можност ,во вид на игри ја донесува содржината за полесно совладување; -Учениците активно се вклучуваат во донесување на заклучоци и изработка на план за часот; -Практично на песни ,учениците пронаоѓаат и објаснуваат ономатопеја и компарација; -Индивидуално ,во парови или групи,пишуваат стилски фигури и ги употребуваат во неколку стихови или строфи. -Наставникот подготвува и дава домашна што ќе им даде можност на учениците да истражуваат и откриваат нови примери на ономатопеја и компарација. Училница,креда ,табла,тетратки,дополнителна литература,шеми,дијаграми,илустрации,игри Индивидуална,фронтална,парови,групна;разговор,самостојна работапишување,текст-метод,илустративно-демонстративен метод УПИ.ППИ,белешки на наставникот во рефлексивниот дневник со цел подоцна формирање бројчана оценка за тримесечие.

Вреднување,измени,дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________


_____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________

Лектира,3.5 Цели

Наставна содржина Активности

Средства и услови Форми и методи Оценување

-Да умее самостојно да го доживува делото; -да се изразува усно и писмено со сопствени зборови,граматички точно ,со јасни и убави реченици; -да умее усно и писмено да анализира лик,да одговара прашања; -да се оспособува аргументирано да дискутира со стилски збогатени реченици. 1.Лектира:,,Оливер Твист“-Чарлс Дикенс; 2.Анализа на ликот Оливер Твист,по сопствена замисла. -Наставникот претходно дава за задача да се прочита делото и кратко писмено обработи делото во тетратка за лектира; -Наставникот дава упатство за изработка на лектирата; -Учениците самостојно ја читаат и дома,го прераскажуваат (може и преку прашања дадени од наставникот); -Наставникот поттикнува со прашања на дискусија и обработка на содржината на делото; -покажува илустрации на делови од делото,снимки од филмуваната верзија на ,,Оливер Твист’’; - Наставникот прави споредба со други дела со слична содржина(Козета,Девојчето со кибритчиња); -учениците читаат свои обработки; -Наставникот внимателно ја следи презентацијата на учениците,а потоа се дискутира и вреднува(наставникот и учениците); -Наставникот јавно коментира и оценува ,а води и свои белешки во кои ги следи учениците; -посебно се нагласува начинот на прераскажување-редослед на настаните,јасноста,граматичката точност; -Самостојно се анализира ликот Оливер Твист,сопствена замисла-се издвојуваат неговите особини се опишува надворешниот изглед ,се следат неговите постапки; - се изработува ѕиден весник на кој се црта ликот и се опишува со зборови; -Најдобрите изработки се изложуваат во кабинетот по македонски јазик; -Часот може да се сними со видео камера(видео час); Училница,табла,креда,упатства за изработка на лектирата претходно дадени,прашања за содржината на делото,тетратки за лектира,Лектирата,хамер или листови поголем формат ,ТВ,ДВД,Компјутер каде што ќе се следта слики,снимки од филмот,фломастери и сл. Фронтална,индивидуална,групна;разговор,текст метод,илустративнодемонстративен метод,пишување,објаснување Преку активностите и вежбите:УПИ,самооценување,дискусија,белешки за следење на учениците,скала на проценка ,листа за проверка-презентацијата .

Вреднување,измени,дополнување на планирањето

___________________________________________________________ ___________________________________________________________


___________________________________________________________ ___________________________________________________________ Медиумска култура,3.6 Цели

Наставна содржина

-да знае што е анимиран филм ; -да стекнат сознание за појавата,развојот,начин на создавање на анимираниот филм; -да разликува цртан филм,куклен,со силуети,со предмети и сл.; -да умее да презентира анимиран филм и да дискутира за ликовите и нивните карактери; -да знае да истакне свој став,свои размислувања за проследен анимиран филм; -да изработува стрип применувајќи знаење за анимиран филм; -да се примени еко- стандардот за уреден и еколошки двор. 1.Анимиран(цртан филм); 2.Изработка на стрип(примена знаења за анимиран филм).

Активности

-Слободен разговор со учениците за учени содржини од филм со цел континуирано поврзување на содржините,па се до појавата,развојот и особеностите на анимираниот филм; -наставникот објаснува-дава воведни насоки за анимиран филм; -наставникот го обмислува и реализира текот на часот, планира разговори; -Наставникот започнува разговор за цртаните филмови (кој им е најинтересен, за јунаците од цртаните филмови, добри и лоши карактерни особини оживеани преку цртежите на јунаците и нивното однесување). -Следи објаснување со план: - Цртежите по пештерите сведочат за дамнешната желба на човекот да ги регистрира предметите. - Со пронаоѓање на хартијата се произведувале разни цртежи. - Желбата да ги стави цртежите во движење ги реализирал со тн. Играчки: зуотроп, матноскоп и тауматроп. (Наставникот им ги дава матноскопот и тауматропот да ги разгледаат). - Со појава на камерата почнува снимањето на цртаните филмови и до денес оваа техника се’ повеќе се усовршува. - За цртан филм од 5 минути се цртаат 7 200 слики; се прожектираат 24 слики во секунда. - Главни јунаци во цртаните филмови се цртежи, кукли, предмети и сл. За секое нивно движење се црта нов цртеж. -наставникот подготвил филмски играчки(матноскоп и тауматроп),истражувал и на Интернет пронашол содржини за овие први филмски играчки; *Објаснување: Матноскоп е всушност тетратка во која на средина на листовите се нацртани фигури во разни ситуации и при брзо вртење со палецот се добива впечаток дека фигурите се движат. Тауматроп е картонски круг од 5 см, на едната страна е нацртано, на пример маче, а на другата кафез; го оспособуваш кругот од картон да се движи во круг и


се добива впечаток дека мачето е во кафезот. -Наставникот објаснува како се изработува зуотроп,па ги дели учениците во двојки кои за домашна ќе изработат зуотроп,а други двојки ќе изработат тауматроп. *Објаснување: Зуотроп, или колце на животот, всушност е цилиндер направен од картон; на внатрешната страна се цртаат сликички (на пример, раце во разни ситуации: кренати, спуштени, полукренати, мавтаат и сл.) од надворешната страна се сечат вертикални отвори; при движењето се добива впечаток дека сликите се движат. -се разгледуваат слики и анимации на Интернет со цел поблиску да им се објасни изработката на овие филмски играчки. -Учениците се вклучени активно со свои размислувања ,прашања и забелешки; -од направените ученички изработки ќе се организира изложба која ќе биде документирана со слики или снимена со видео камера; -Наставникот ги подготвува за изработка на стрип(матноскоп) и презентирање на следен час; -дава упатства како да се изработи стрипот(матноскоп) и кои прашања се значајни за одговор како и средства кои треба да се донесат за изработка; -самостојно работат по претходно дадени упатства-изработуваат стрип(матноскоп); -Презентација на изработките; -Дискусија по завршената работа и вреднување на задачите (самооценување и наставникот) ; -најдобрите изработки ќе бидат изложени на изложбата. -за сите активности ќе има информации на www.rozemak.ucoz.com Средства и услови Форми и методи Оценување

Училница,учебник,табла,креда,тетратки.дома: подготовка-изработка филмски играчки,хартија,лепак,бои ,ножици,Интернет,фотоапарат,камера и др. Фронтална, индивидуална,парови,групна;разговор,текст-метод,пишување, Илустративно- демонстративен метод Преку активностите и вежбите:УПИ,самооценување,следење со белешки од страна на наставникот и др.ПЕП стандарди.

Интеграција(поврзување) на часовите: - Час 1,4,7,10: Акцентирање на сложените зборови и броевите,отстапување од третосложното акцентирање - Час 2,3,5,6,8,11: Композиција на песна и стилски фигури - Час 9,14,15,16:Изразување и творење и лектира,,Оливер Твист“ - Час 8,10,2,3,4,5,9,10,15,16:Изразување и творење - Час 12,13:Анимиран филм

Очекувани резултати по третата тематска целина - Знае учени содржини од фонетика-акцент;


-знае да ги акцентира сложените зборови и броевите; - разликува и препознава отстапување од третосложното акцентирање; -умее правилно да ги изговори акцентираните зборови; -препознава и објаснува композиција на песна; -знае стих и строфа; -разликува видови рима според местото на акцентот; -ги објаснува и пронаоѓа стилските фигури компарација и ономатопеја; -пребарува примери со стилските фигури; - дава пример за стилските фигури ; -умее да опишува личност и лик; -разликува лик од личност; -анализира лик од литературно дело; -прераскажува,дискутира лектирно дело; -критикува,дискутира лектирно дело; -работи во двојки и тимски и изработува филмски играчки ; -применува стекнато знаење во контролна задача.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.