Тематско процесно за седмо-ноември

Page 1

ТЕМАТСКО ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ 1.Тематска целина 3-ноември 2.Наставен предмет:македонски јазик 3.Одделение на изучување:седмо

Број на часови Ред. Структура на тематската обработка на Друг вид бр. целина нова активност содржина 3.1 Јазик:Морфологија а)Нелични глаголски форми-глаголска лформа; б)Глаголски прилог,глаголска именка и глаголска придавка; в)Вежби за нелични глаголски форми; г)Контролна задача за 4 3 лични ,безлични и нелични глаголски форми; д)Прости глаголски форми; ѓ) Сегашно време; е )Вежби за прости глаголски форми и сегашно време. 3.2 Литература:Поезија а)Романса:,,Питал је Стојан Бојана“елементи на романса; б),,,Вечна љубов“Ј.Ј.Змај(романсабалада,споредба); в),,Јанка Влахинка“2 2 народна песна(романса) -анализа; г)Споредба:,,Јанка

вкупно

7

4


3.3

Влахинка“ и ,,Стојан и Лилјана“ Изразување и творење: а)Писмена вежбаподготовка за писмена работа; б)Прва писмена работа; в)Поправка на писмената работа; б)Говорна вежба:Анализа на прочитани романси- по сопствен избор.

/

5

5

16 часа

Распоред на наставните содржини во временска рамка: 1.Нелични глаголски форми-глаголска л-форма; 2.Интерпретација на романсата ,,Питал је Стојан Бојана“елементи на романса; 3.Анализа на песната,,Вечна љубов“-Ј.Ј.Змај 4.Глаголски прилог,глаголска именка и глаголска придавка;

Прва седмица од ноември

5.Вежби за нелични глаголски форми; 6.Самостојна анализа на ,,Јанка Влахинка“по даден план; 7.Анализа и споредба ,,Јанка Влахинка“ и Стојан и Лилјана“ ; 8.Писмена вежба-подготовка за писмена работа;

Втора седмица од ноември

9.Прва писмена работа; 10.Усно прераскажување на романса-по избор на ученикот; 11.Поправка на писмената работа; 12.Поправка на писмената работа;

Трета седмица од ноември

13.Контролна задача за лични,безлични и нелични глаголски форми; 14.Прости глаголски форми; 15.Сегашно време; 16.Вежби за прости глаголски форми и сегашно време.

Четврта седмица од ноември


Јазик:Морфологија,3.1 Цели

- Да ги препознава личните,безличните и неличните глаголски форми; - да ги разликува личните од неличните глаголски форми,посебно л- формата -да ја употребува правилно л-формата; - да ги разликува неличните глаголски форми(глаголски прилог,глаголска именка и глаголска придавка) и правилно да ги применува; - да ги препознава граматичките категории на неличните глаголски форми; - да ги разликува простите од сложените глаголски форми и правилно да ги употребува; -да го препознава дејството во сегашно време,разликувајќи го од минатите дејства и правилно да го употребува. Наставна 1.Нелични глаголски форми-глаголска л-форма; содржина 2.Глаголски прилог,глаголска именка,глаголска придавка; 3.Вежби за нелични глаголски форми; 4.Контролна здача за лични безлични и нелични глаголски форми; 5.Прости глаголски форми; 6.Сегашно време; 7.Вежби за прости глаголски форми и сегашно време. Активности -Наставникот подготвува вежби,а преку табели сликовито се претставени учени содржини од морфологија, со цел повторување на содржини од морфологија(лични глаголски форми,безлични глаголски форми) ; -Наставникот ги поттикнува учениците на активности поврзани со личните и безличните глаголски форми со цел поврзување со новите содржини за нелични глаголски форми; -Учениците ги повториле учените содржини од морфологија-лични и безлични глаголски форми; -Учениците учествуваат во изработка на вежбите и во презентирањето на одговорите; -Наставникот преку прашање-одговор врши континуирано поврзување на содржините од морфологија во македонскиот јазик; -Наставникот подготвува табели,шеми ,илустрации и текстови- вежби за нелични глаголски форми; -Со помош на Венов дијаграм,учениците ги откриваат сличностите и разликите меѓу лични и нелични глагоски форми; -Наставникот упатува кон размислување со цел согледување на особеностите и карактеристиките на глаголските:прилог,именка и придавка; -Со помош на ИКТ,се подготвуваат шеми и вежби за утврдување и проверување на знаењата за лични,безлични и нелични глаголски форми; -Учениците активно учествуваат во решавањето на вежбите со цел стекнување и утврдување знаења за овие содржини-со помош на табели се усвојува содржината за прости глаголски форми и сегашно време ,а улениците активно учествуват во донесувањето на заклучоците; -наставникот изработува вежби-игри со цел полесно совладување на содржините од јазик; -Учениците решаваат вежби изработени од наставникот, со цел утврдување на содржините.


Средства и услови Форми и методи Оценување

Стандардно опремена училница,учебник,шеми,табели.табла,креда,креди во боја,тетратки,ИКТ-изработени вежби(игри),текстови за вежби и др. Индивидуална,парови,групна,фронтална;разговор,пишување,презентирање,текстметод,објаснување,илустративно-демонстративен метод(др. методи кои ќе произлезат во текот на работата) Преку активностите:шеми,табели,УПИ,ППИ,дискусија,белешки за следење на учениците и др.ПЕП стандарди.

Вреднување,измени и дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________

Литература: Поезија,3.2

Цели

Наставна содржина

-Да ги знае специфичностите на лирско-епските творби во стих,конкретно на романсата како лирско-епска творба; -да знае да анализира лирско-епска песна,односно романса,прераскажувајќи ја и содржината на песната; -да примени стекнати знаења во самостојна анализа на романса; -да ги примени знаењата во вежби за проверка и вреднување на знаењата; -да изработи ѕиден весник; -да учествува во пишување написи за блогот и веб- страната по македонски јазик

1.,,Питал је Стојан Бојана“-елементи на романсата; 2.,,Вечна љубов“-Ј.Ј.Змај(романса-балада,споредба); 3.Анализа на ,,Јанка Влахинка“-романса,по даден план; 4.Анализа и споредба на ,,Јанка Влахинка“и ,,Стојан и Лилјана“. Активности - Преку прашања од наставникот се повторуваат особеностите на лирските и епските песни; - Учениците согледуваат дека во лирската песна доминира чувството ,а во епската песна раскажувањето; -Учениците даваат примери за балада и коментираат и дискутираат за елемнтите на баладата; -Наставникот посочува извори за собирање материјал за народни и уметнички романси; -Наставникот посочува на песните-романсите од учебникот со цел внимателно читање и доживување; -Учениците прават споредба меѓу балада и романса; -Наставникот подготвува наставно ливче за самостојна анализа на романса и дава потребни упатства,помага при самата анализа; -Наставникот дава упатство за работа ,а учениците самостојно работат,а потоа презентираат; -Учениците читаат ,размислуваат прават анализа по даден план;


-Учениците анализираат со убави стилско збогатени реченици; -Се прави план за анализа на романса-се пишува на табла и во тетратките; -Учениците презентираат,дискутираат се самооценуваат за успешноста на анализата; -Наставникот и учениците објаснуваат непознати зборови користејќи го речникот во учебникот и други речници; -Наставникот дава насоки и упатства за правење споредба на две романси; -Дискусија по завршената работа и вреднување на задачите (самооценување и наставникот); -Од материјалите во учебникот и од други извори,учениците подготвуваат написи за веб-страната www.rozemak.ucoz.com; -Учениците изработуваат ѕиден весник за романса и балада како домашна задача. Средства и услови Форми и методи Оценување

Училница,учебник,табла,креда,тетратки,библиотека,Интернет,наставно ливче,дополнителна литература за романса и др. Фронтална, индивидуална,групна,парови;разговор,текстметод,пишување,илустративно-демонстративен метод,анализа,дискусија,презентирање и други методи што ќе произлезат од работата Преку активностите и вежбите:УПИ,самооценување,следење со белешки од страна на наставникот,листи за проверка и др.ПЕП стандарди.

Вреднување,измени,дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________

Изразување и творење,3.3 Цели

Наставна содржина

-Да применува знаења од јазик и литература во писмената работа; -да умее самостојно(усно) да прераскажува романси; -да се оспособува аргументирано да дискутира со стилски збогатени реченици; -да знае да пронајде романса согледувајќи ги нејзините карактеристики; -да применува правила од правопис и правоговор при прераскажувањето; -да се изразува убаво со стилски, збогатени реченици. 1.Писмена вежба-подготовка за писмена работа; 2.Прва писмена работа(општа); 3.Поправка на писмената работа(индивидуална); 4.Говорна вежба:Анализа-прераскажување романса по сопствен избор.

Активности -Наставникот дава упатства за писмената работа,за начинот на творење,за критериумите за оценување на самата писмена;


Средства и услови Форми и методи Оценување

-Дава теми за писмена работа: 1.Споредба меѓу баладата,,Заљубиле се две луди млади“ и романсата:,,Питал је Стојан Бојана“; 2.Слободна тема:Желбата ми дава сила -По упатствата ,учениците самостојно работат писмено изразувајќи се,а потоа се чита и се дискутира ,се советува, со цел успешно изработена писмена работа; -На часот за писмена работа учениците работат самостојно по дадена тема; -Наставникот ги оценува писмените работи,а оценката се пишува во дневник; -на часовите за поправка се анализира писмената(Општо-најчестите јазично – стилски грешки,се дискутира околу композицијата на составите,содржината...),се читаат најдобрите изработки;индивидуално-секој ученик по консултација со наставникот ги поправа своите грешки во тетратката); -Дел од составите се поставуваат на веб-страната и ѕидниот весник; -Ученик прераскажува романса што ја подготвил,кажува по кои елементи се вбројува во овој вид творби и ја прераскажува накратко; -Секој ученик внимава на изразување; -Ученици ги презентираат своите подготовки; -Другите ученици слушаат,водат белешки,дискутираат ,вреднуваат; -Наставникот,исто така,дискутира за чуеното и оценува; -Наставникот посочува извори за пронаоѓање романси; -Учениците самостојно работат,а потоа се презентира и дискутира ,се оценува; -Најдобрите анализи се објавуваат на ѕидниот весник и на веб страната:www.rozemak.ucoz.com,како и на блогот:www.rozemakrozemak.blogspot.com Училница,табла,креда,учебник,текстови со балади ,упатства за работа ,тетратки,тетратки за писмена работа, потребни извори кои ќе произлезат од самите часови. Фронтална,индивидуална,групна;разговор,текст метод,илустративнодемонстративен метод,пишување,објаснување Преку активностите и вежбите:УПИ,ППИ,самооценување,дискусија,белешки за следење на учениците ,листа за проверка-презентацијата .

Вреднување,измени,дополнување на планирањето

___________________________________________________________ ___________________________________________________________ ___________________________________________________________ ___________________________________________________________


Интеграција(поврзување) на часовите: - Час 1,4,5,6,13: Морфологија:Лични,безлични и нелични глаголски форми - Час 2,3,6,7,8,9,10,11,12: Романса - Час 8.9,10,11,12,2,3,6,7:Писмена работа - Час14,15,16:Прости глаголски форми и сегашно време

Очекувани резултати по третата тематска целина - Ги препознава личните,безличните и неличните глаголски форми; - ги разликува личните од неличните глаголски форми,посебно л- формата - правилно ја употребува л-формата; - ги разликува неличните глаголски форми(глаголски прилог,глаголска именка и глаголска придавка) и правилно ги применува; - ги препознава граматичките категории на неличните глаголски форми; - ги разликува простите од сложените глаголски форми и правилно ги употребува; - го препознава дејството во сегашно време и го разликува од минатите дејства; - правилно го употребува сегашното време; - ги знае специфичностите на лирско-епските творби во стих,конкретно на романсата како лирско-епска творба; - знае да анализира лирско-епска песна,односно романса,прераскажувајќи ја и содржината на песната; - применува стекнати знаења во самостојна анализа на романса; - самостојно(усно) прераскажува романси; - се оспособува аргументирано да дискутира со стилски збогатени реченици; - знае да пронајде романса согледувајќи ги нејзините карактеристики; -да применува правила од правопис и правоговор при прераскажувањето; -да се изразува убаво со стилски, збогатени реченици; -да применува знаења од јазик и литература во писмената работа; - применува знаења во вежби за проверка и вреднување на знаењата; - изработува содржини за ѕиден весник; - учествува во пишување написи за блогот и веб- страната по македонски јазик; -да користи извори за подготовка наставна содржина(библиотека,Интернет, дополнителна литература и др.).


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.