тематско процесно за шесто-јануари

Page 1

ТЕМАТСКО ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ 1.Тематска целина 5-јануари 2.Наставен предмет:македонски јазик 3.Одделение на изучување:шесто

Ред. Структура на бр. тематската целина 5.1 Јазик:Морфологија а)Граматички категории кај глаголите (лице,број,време); б)Граматичка категорија вид кај глаголите ; в)Вежби за граматички категории кај глаголите 5.2

5.3

Литература а)Елементи на прозен текст Фабула преку текстот,,Малата жетварка“; б)Вежби за фабула ,,Девојчето и дванаесетте месеци“Народна приказна Изразување и творење а)Хронолошко и ретроспективно раскажување; б)Вежби за хронолошко и ретроспективно раскажување.

Број на часови обработка на Друг вид нова активност содржина

вкупно

2

1

3

1

1

2

1

1

2


7 часа

Распоред на наставните содржини во временска рамка: 1.Граматички категории кај глаголите(лице,број и време); 2.Елементот фабула кај прозниот текст ,,Малата жетварка“-Г.Петревски;

јануари

3.Хронолошко и ретроспективно раскажување ,,Збогум мои петнаесет години“-К.Кампањ 4.Граматичката категорија вид кај глаголите; 5.Вежби за граматички категории кај глаголите; јануари 6.Вежби за фабула и содржина преку текстот ,,Девојчето и двнаесетте месеци“-Н.приказна 7.Писмена вежба:Настан од моето детство(со елементи на хронолошко и ретроспективно раскажување);

Развојно процесно планирање

Морфологија,5.1 Цели

Наставна содржина Активности

-Да ги разликува граматичките категории кај глаголите: лице, број и време -Да ги разликува свршените од несвршените глаголи и да умее да ги трансфор мира од еден во друг вид; -да се утврдат и применат стекнатите знаења за граматички категории кај глаголите. 1.Граматички категории кај глаголите(лице,број,време); 2.Граматичка категорија вид кај глаголите; 3.Вежби за граматички категории кај глаголите -Разговор со учениците за учени содржини(морфологија -поим,глаголи, граматички категории:лице,број,време);


-Наставникот поставува прашања: На пример: Што се искажува со глаголите? Колку лица разликуваме кај глаголите? Колку броја имаат? Што се искажува со сегашното, со минатото и со идното време? -Наставникот изготвува вежби за проширување и продлабочување на учени содржини од претходото одделение, а поврзани со ова подрачје; -Наставникот посочува текст (или делови од текстови) во учебникот, од кои учениците, низ дијалошка форма, ги посочуваат граматичките категории лице, време и број од текстот (од извадоците). -Им дели наставни ливчиња, индивидуално за секој ученик, со вежби за определување на граматичките категории на глаголите. Потоа, откако ќе ги одоворат, учениците ги презентираат одговорите. -Наставникот подготвува вежби и табели за граматичката категорија вид; -цртање шеми-табели за повторување и за согледување на новата наставна единица; -наставникот покажува табела со глаголи на кои треба да им се определи видот или да се трансформираат од еден вид во друг; -учениците разгледуваат и учествуваат во донесување заклучоци; -заклучоци од објаснувањата-заклучок според табелата; -вежби низ разговор,објаснување,заклучоци; -примена на знаењата(индивидуално)-презентирање на вежбите. -се подготвуваат табели со вежби(по можност со ИТ) за граматичките категории кај глаголите,наставни ливчиња за примена на стекнато знаење; -по пат на разни игри ,наставникот прави овие содржини да бидат поинтересни и прифатливи за учениците; -дел од содржините се објавуваат на блогот:www.rozemak-rozemak.blogspot.com; -учениците активно учествуваат во секој сегмент од часот,решавајќи ги вежбите и соработувајќи; -подобрите ученици им помагаат на послабите работејќи во парови; -наставникот,следи,забележува,вреднува ,оценува; -во заклучокот на овие содржини,учениците се упатуваат и поттикнуваат да размислуваат и правилно ги применуваат своите знаења. Средства и услови Форми и методи Оценување

Стандардно опремена училница,учебник,шеми,табели.табла,креда,креди во боја,тетратки,илустрации,ИКТ. Индивидуална,групна,фронтална,парови;разговор,текстметод,објаснување,илустративно-демонстративен метод(др. Методи кои ќе произлезат во текот на работата) Преку активностите:шеми,табели,УПИ,ППИ,листа за проверка.

Вреднување,измени и дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ Литература,5.2 Цели

-Да знае фабула;


Наставна содржина Активност

Средства и услови Форми и методи Оценување

-да разликува фабула од содржина; -да објаснува фабула и содржина; -да примени стекнато знаење во вежби. 1.Елементот фабула во прозниот текст преку текстот,,Малата жетварка“Г.Петревски; 2.Вежби за фабула и содржина преку текстот,,Девојчето и дванаесетте месеци“Народна приказна -Наставникот го посочува текстот,,Малата жетварка“; -Учениците дел по дел го читаат текстот со претходно упатство на наставникот да ги забележат нејасните зборови и да внимаваат што е најбитното во деловите кои ќе ги читаат учениците; -Наставникот го прекинува ученикот токму на деловите во кои завршува еден настан (за подоцна полесно да објасни што е фабула); -По објаснувањето на евентуално непознатите зборови, наставникот бара од учениците за секој прочитан дел да кажат реченица со која ќе го опфатат настанот, -Секоја реченица ученик ја бележи на табла, под насловот на текстот кој е напишан на таблата, -Наставникот со компарирање објаснува ги објаснува термините фабула и содржина на текстот; учениците забележуваат во тетратките; -Учениците ,дома,го подготвуваат текстот,,Девојчето и дванаесетте месеци“,по насоки дадени од наставникот; -Поделени во две групи,прераскажуваат содржина и фабула од приказната(се внимава во поделбата да бидат опфатени ученици од различно ниво на знаење); -На час се читаат составите и се дискутира по чуеното; -Се води разговор за пораката на текстот; -подобрите ученици им помагаат на послабите работејќи во парови; -наставникот,следи,забележува,вреднува ,оценува; -во заклучокот на овие содржини,учениците се упатуваат и поттикнуваат да размислуваат и правилно ги применуваат своите знаења. Училница,креда,табла,учебник,тетратки,дополнителна литература ,илустрации,игри Индивидуална,фронтална;разговор,самостојна работа-пишување,текстметод,илустративно-демонстративен метод УПИ.ППИ,белешки на наставникот во рефлексивниот дневник со цел подоцна формирање бројчана оценка

Вреднување,измени,дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________


_____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________

Изразување и творење,5.3

Цели

Наставна содржина Активности

Средства и услови Форми и методи Оценување

-Да умее усно да се изразува со стилски збогатени реченици; -да прави разлика меѓу хронолошкото и ретроспективното раскажување со што ќе умее и да ги применува; -да умее хронолошки и ретроспективно да раскажува со примена на стилски богати реченици. 1.Хронолошко и ретроспективно раскажување; 2.Писмена вежба:Настан од моето детство(со елементи на хронолошко и ретроспективно раскажување) -Слободен разговор и потсетување на поимите фабула и содржина и потсетување на учените текстови; -Наставникот посочува на текстот,,Збогум мои петнаесет години“-К.Кампањ; -Учениците го читаат текстот внимавајќи на редоследот на настаните; -Се утврдува лицето во кое е раскажан текстот; -Се разговара за редоследот на настаните правејќи план по текстот; -Учениците со помош на наставникот донесуваат заклучок за хронолошко раскажување; -На ист начин се обработува и извадокот ,,Прво пеење“-Т.Петровски; -Се донесува заклучок за ретроспективно раскажување; -наставникот дава упатства за подготовка за писмена вежба на тема:,,Настан од моето детство“ -Наставникот дава насоки за подготовка,дома; -Составот треба да содржи елементи на хронолошко и ретроспективно раскажување; -Самостојно работат подготовка за составот во вид на писмена вежба; -Учениците презентираат,на час, што сработиле,а по задачата се дискутира за сработеното; -најдобрите творби ќе бидат објавени на ѕидниот весник ,на веб страницата:www.rozemak.ucoz.com; -изработка плакат со зборови за културно обраќање. Училница,учебник,табла,креда,тетратки,ИТ Фронтална, индивидуална;разговор,текст-метод,пишување,илустративнодемонстративен метод Преку активностите и вежбите:УПИ,самооценување,следње со белешки од страна на наставникот и др.ПЕП стандарди

Вреднување,измени,дополнување на планирањето


_____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ ___

Интеграција(поврзување) на часовите: - Час 1,4,5: Граматички категории кај глаголите - Час 2,3,6,7,: Фабула,Хронолошко и ретроспективно раскажување

Очекувани резултати по петтата тематска целина - да ги владее содржините за граматички категории на глаголите; -знае да трансформира свршен во несвршен глагол и обратно; - разликува фабула од содржина ; -прераскажува фабула; -разликува хронолошко и ретроспективно раскажување; -раскажува хронолошки и ретроспективно.

-учествува во уредувањето на веб-страната и блогот.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.