Godisno planiranje za 7(sedmo) po makedonski jazik

Page 1

ГОДИШНО (ГЛОБАЛНО ИЛИ ПЕРСПЕКТИВНО ) ПЛАНИРАЊЕ Идентификациони податоци: 1. Училиште: ,,Единство“,Октиси 2. Општина: Струга 3. Наставен предмет: Македонски јазик 4. Одделение на изучување: VII (седмо) 5. Предметен наставник: Роза Китрозоска Ред. бр.

Програмско подрачје

1

Јазик:

Нови наставни содржини

Друг вид содржина

- Од историјата на македонскиот јазик

3

2

5

- Фонетика

3

2

5

- Морфологија

8

7

15

- Синтакса

9

7

16

- Речник и стил

1

1

2

- Правопис

1

2

3

-Проверка 2.

Вкупно

Време за реализација

Септември-јуни 2011/2012

4 ------------50

Литература и лектира: -Поезија

12

12

24

- Проза

3

4

7

- Драма

3

4

7

- Научнолитературни видови

2

4

6

- Лектира

10

10

Септември-јуни 2011/2012


3.

4.

Изразување и творење: - Писмено и усно изразување Медиумска култура

10

24

34

5

5

10 ------------144

Септември-јуни 2011/2012 г.

Цели на наставата по македонски јазик за 7(седмо): Ученикот/ученичката: -да ги разликува основните карактеристики на македонскиот јазик во 19 век и неговиот развој; -да се поттикне правилно да ги употребува акцентските целости во македонскиот литературен јазик; -да ги разликува и правилно да ги употребува глаголските форми; -да се оспособува да ги разликува простите(временски,начински и нелични) и сложените глаголски форми; -да се оспособува правилно да ги употребува неменливите зборови(прилози ,предлози ,сврзници); -да ги разликува независносложените реченици во рамките на сложената реченица; -да ги разликува зборовите според нивното потекло(домашни и странски); -да се оспособува да го применува правописот на одделни форми(при употребата на:ј,љ,њ,в,ф,џ,ќ,ѓ и х); -да се оспособува да ги разликува и објаснува социјалните песни и елегијата; -да се оспособува да ги разликува лирско-епските творби; -да ги препознава и применува стилските фигури:рефрен,градација,апострофа и хипербола; -да се оспособува со свои зборови да пренесе личен настан,мотив од прочитан роман; -да се запознае со литературно-научниот вид :дневник; -да ги познава основните белези на драмскиот текст; -да се оспособува да пишува различни форми(есеј,молба,жалба,записник,форми за автобиографија...); -да се запознае со синопсис и сценарио за филм).


ТЕМАТСКО ПОДРАЧЈЕ ЈАЗИК(50 ЧАСА)

Цели: Ученикот/ученичката: -да ги разликува основните карактеристики на македонскиот јазик во 19 век и неговиот развој; -да се поттикне правилно да ги употребува акцентските целости во македонскиот литературен јазик; -да ги разликува и правилно да ги употребува глаголските форми; -да се оспособува да ги разликува простите(временски,начински и нелични) и сложените глаголски форми; -да се оспособува правилно да ги употребува неменливите зборови(прилози ,предлози ,сврзници); -да ги разликува независносложените реченици во рамките на сложената реченица; -да ги разликува зборовите според нивното потекло(домашни и странски); -да се оспособува да го применува правописот на одделни форми(при употребата на:ј,љ,њ,в,ф,џ,ќ,ѓ и х);

Наставни форми и методи: Фронтална,индивидуална,групна,работа во парови. Разговор,илустративно-демонстративен метод,текстметод,објаснување,самостојна работа.

Наставни средства: -Учебник; -речници,енциклопедии,правопис,граматики и сл.; -аудитивни и визуелни средства во зависност од потребата; -списанија; -Интернет,образовни софтвери; -други извори на знаења добиени од непосредната околина.

Оценување на постигањата на учениците: 1.Дијагностичко оценување и проверување На почетокот на учебната година се проверува и оценува нивото на постигнувањата на учениците од претходното одделение(со помош на различни инструменти-усно или писмено).

2.Формативно оценување


Учениците ќе се следат во текот на целата настава со употреба на различни методи на формативно оценување поврзани со ПЕП стандардите(аналитички листи,рефлексивендневник,чек листи,самооценување,холистички листи,есејски прашања и др.)

3.Микросумативно оценување На крајот од секое тримесечје се оценуваат учениците врз основа на формативното оценување.

4.Сумативно оценување Врз основа на добиените податоци(како и личното портфолио ) од целокупното следење на учениците во текот на реализирањето на Наставната програма се оценуваат учениците(бројчано).Посебно се внимава на различните нивоа на нивните постигања претходно утврдени.

Структура на тематското подрачје Јазик(50 часа) 1.Историја на македонскиот јазик,5 часа а)Македонскиот јазик во 19 век-Првите македонски просветители б) Граѓанска литература во Македонија в) Македонските учебникари г) Од Автобиографијата на Григор Прличев д) Јазични особености на песната ,,Т’га за југ“-К.Миладинов

Време на реализација:септември

2.Акцент,5 часа а) Повторување за акцент б) Акцентски целости в) Видови акцентски целости и правила за нивно акцентирање г) Вежби за акцентски целости д) Контролна вежба за акцент

Време на реализација:октомври

3.Морфологија,15 часа Безлични глаголи Вежби за безлични глаголи,2 часа

Време на реализација:октомври а) Нелични глаголски форми-глаголска л-форма б)Глаголски:прилог,именка,придавка в) Вежби за лични,нелични и безлични глаголски форми г) Прости глаголски форми д)Сегашно време ,5 часа

Време на реализација:ноември


а) Минато определено несвршено и свршено време б) Заповеден начин в) Прилози г)Вежби од подрачјето Јазик,5 часа

Време на реализација:декември а)Предлози б)Сврзници в)Честици,3 часа

Време на реализација:јануари

4.Синтакса,16 часа а)Предмет-видови предмет b)Удвојување на директниот и индиректниот предмет в)Вежби за предмет г)Структура на сложена реченица д)Вежби за сложена реченица,6 часа

Време на реализација:февруари а) Вежби за атрибут и апозиција б) Независни и зависни сложени реченици в) Сврзнички и бессврзнички сложени реченици г) Вежби за сложена реченица д) Контролна вежба за атрибут,апозиција и сложена реченица,5 часа

Време на реализација:март a) Составни независносложени реченици b) Спротивни независносложени реченици v) Разделни независносложени реченици g) Исклучни и заклучни независносложени реченици d)Вежби за видови независносложени реченици,5 часа

Време на реализација:април

5.Речник и стил,2 часа a) Речнички состав на македонскиот јазик

Време на реализација:мај

6.Правопис,3 часа b) Правопис на одделни форми v) Вежби-Контролна задача

Време на реализација:мај

7.Проверка (6 часа) Дијагностичко проверување на стекнатите знаења од претходното одделение, 1 час


Време на реализација:септември Подготовка за полугодишниот тест Полугодишен тест,2 часа

Време на реализација:декември

7.Проверување на знаењата,3 часа a) Повторување на учените содржини од првото полугодие b) Повторување на учените содржини од второ полугодие v) Годишен тест

Време на реализација:јуни

Забелешка:Часовите за проверување на знаењата ќе бидат комбинирани со содржини од сите подрачја.Во зависност од потребите ,часовите може да се заменуваат.

Тематско подрачје Литература и лектира(50 часа)

Цели: Ученикот/ученичката: -да се оспособува да ги разликува и објаснува социјалните песни и елегијата; -да се оспособува да ги разликува лирско-епските творби; -да ги препознава и применува стилските фигури:рефрен,градација,апострофа и хипербола; -да се оспособува со свои зборови да пренесе личен настан,мотив од прочитан роман; -да се запознае со литературно-научниот вид :дневник; -да ги познава основните белези на драмскиот текст;


Наставни форми и методи: Фронтална,индивидуална,групна,работа во парови. Разговор,илустративно-демонстративен метод,текстметод,објаснување,самостојна работа.

Наставни средства: -Учебник; -речници,енциклопедии,други стручни списанија и прирачници и сл.; -аудитивни и визуелни средства во зависност од потребата; -списанија; -Интернет,образовни софтвери; -други извори на знаења добиени од непосредната околина.

Оценување на постигањата на учениците: 1.Дијагностичко оценување и проверување На почетокот на учебната година се проверува и оценува нивото на постигнувањата на учениците од претходното одделение(со помош на различни инструменти-усно или писмено).

2.Формативно оценување Учениците ќе се следат во текот на целата настава со употреба на различни методи на формативно оценување поврзани со ПЕП стандардите(аналитички листи,рефлексивендневник,чек листи,самооценување,холистички листи,есејски прашања и др.)

3.Микросумативно оценување На крајот од секое тримесечје се оценуваат учениците врз основа на формативното оценување.

4.Сумативно оценување Врз основа на добиените податоци(како и личното портфолио ) од целокупното следење на учениците во текот на реализирањето на Наставната програма се оценуваат учениците(бројчано).Посебно се внимава на различните нивоа на нивните постигања претходно утврдени.

Структура на тематското подрачје Литература и лектира(50 часа) 1.Поезија,24 часа а) Социјални песни б)Елегија,4 часа

Време на реализација:септември а),,Балада за прадедовската пушка“-С.Јаневски б) ,,Заљубиле се две луди млади“-Н.песна в ) ,,Балада за непознатиот”- К.Рацин г ) Стилски фигури во баладите,4 часа

Врема на реализација:октомври а) Романса:,,Питал је Стојан Бојана“


б) ,,Вечна љубов„-Ј.Ј.Змај(романса и балада-споредба) в) ,,Јанка Влахинка” – Н.песна(романса) г) Споредба:,,Јанка Влахинка“ и ,,Стојан и Лилјана“,4 часа

Време на реализација:ноември а) Рефрен б)Апострофа,4 часа

Време на реализација:декември а )Хипербола(,,Димо и змија голема“) б ),,Силата на Крале Марко“-Н.песна в),,Невеста момче фалеше“ и ,,Надеж“,3 часа

Време на реализација:јануари а)Песни за рале Марко б)Браќа Миладиновци-собирачка дејност в),,Никола и соколот” – Н.песна и ,,Песна за татко ми“-В.Подгорец-градација г),,Шупељка” –К.Миладинов ,,Димана,Диман девојко“-Н.песна,4 часа

Време на реализација:февруари а) ,,Болен лежи Шико Капидан” –Н.песна,анализа,1 час

Време на реализација:март Забелешка:Часовите се испреплетуваат со часови од Изразување и творење .

2.Проза(7 часа) а) ,,Разделба” –Г.Петревски; поим за роман б) Прераскажување и анализа на извадокот в) ,,Изложба” –Б.Конески; расказ(повторување) г) Споредба меѓу расказ и роман(од текстовите),5 часа

Време на реализација:март

3.Научно- литературни видови(6 часа) а) Дневник б)Автобиографија,4 часа +2

Време на реализација:април


4.Драма(7 часа) в)Исказ на лик,3 часа

Време на реализација:април а) ,,Лепа Ангелина” –Б.Ристески-Платнар,4 часа

Време на реализација:мај 5.Лектира(10 часа) Во текот на целата година со исклучок на месеците кога се прави писмена работа. Лектири според Наставниот план и програма Забелешка:Плус –минус, 2- 4 часа се менуваат и отстапуваат поради корелација на подрачјата. Според содржините се вметнуваат еколошки проблеми.

Тематско подрачје Изразување и творење(34 часа)

Цели: Ученикот/ученичката: -да се оспособува да пишува различни форми(есеј,молба,жалба,записник,форми за автобиографија...); -да се оспособува за убаво,стилско изразување(писмено и усно);

Наставни форми и методи: Фронтална,индивидуална,групна,работа во парови. Разговор,илустративно-демонстративен метод,текстметод,објаснување,самостојна работа.

Наставни средства: -Учебник; -речници,енциклопедии,други стручни списанија и прирачници и сл.;


-аудитивни и визуелни средства во зависност од потребата; -списанија; -Интернет,образовни софтвери; -други извори на знаења добиени од непосредната околина.

Оценување на постигањата на учениците: 1.Дијагностичко оценување и проверување На почетокот на учебната година се проверува и оценува нивото на постигнувањата на учениците од претходното одделение(со помош на различни инструменти-усно или писмено).

2.Формативно оценување Учениците ќе се следат во текот на целата настава со употреба на различни методи на формативно оценување поврзани со ПЕП стандардите(аналитички листи,рефлексивендневник,чек листи,самооценување,холистички листи,есејски прашања и др.)

3.Микросумативно оценување На крајот од секое тримесечје се оценуваат учениците врз основа на формативното оценување.

4.Сумативно оценување Врз основа на добиените податоци(како и личното портфолио ) од целокупното следење на учениците во текот на реализирањето на Наставната програма се оценуваат учениците(бројчано).Посебно се внимава на различните нивоа на нивните постигања претходно утврдени.

Структура на тематското подрачје Изразување и творење (34 + 1 час) 1.Писмени работи(12 часа) Време на реализација:ноември,март,мај 2.Писмено и усно изразување(23 часа) а)Писмена вежба-од летниот распуст б) Од биографијата на Браќата Миладиновци в) Анализа на социјална песна( ,,Денови”-К.Рацин) 3 часа

Време на реализација :септември а)Прераскажување на учените балади(говорна вежба) б) Прераскажување и анализа на балада по сопствен избор(народни и уметнички),2 часа

Време на реализација:октомври а)Говорна вежба:прочитани романси–анализа,1 час

Време на реализација:ноември а) Самостојна анализа на песна-домашна задача б)Писмена вежба- новогодишни пораки,2 часа

Време на реализација:декември Говор,1час а),,Цвеќе на мирот“

Време на реализација:јануари


а)Писмена вежба:,,Еден мој викенд“ б)Домашна задача: Лична творба со примена на градација в)Настап со говор г)Писмена вежба според задача на стр.40, 4 часа

Време на реализација:февруари

а)Продолжување текст б)Вежба за автобиографија,2 часа

Време на реализација:април а) Анализа на ликови од текст преку искази и изразни форми б) Од автобиографиите на Г.Прличев и М.Цепенков в) Текстови за практична примена г) Записник,5 часа

Време на реализација:мај а)Есеј б)Презентирање есеи в)Писмена вежба– Моите впечатоци од оваа учебна година,3 часа

Време на реализација:јуни

Тематско подрачје Медиумска култура(10 часа)

Цели: Ученикот/ученичката: -да се запознае со синопсис и сценарио за филм -да се оспособува за анализа на филмски ликови како и препознавање и откривање главни и споредни ликови; -да умее самостојно да доживува гледан филм.

Наставни форми и методи: Фронтална,индивидуална,групна,работа во парови. Разговор,илустративно-демонстративен метод,текстметод,објаснување,самостојна работа.

Наставни средства: -Учебник;


-речници,енциклопедии,други стручни списанија и прирачници и сл.; -аудитивни и визуелни средства во зависност од потребата; -списанија; -Интернет,образовни софтвери; -други извори на знаења добиени од непосредната околина.

Оценување на постигањата на учениците: 1.Дијагностичко оценување и проверување На почетокот на учебната година се проверува и оценува нивото на постигнувањата на учениците од претходното одделение(со помош на различни инструменти-усно или писмено).

2.Формативно оценување Учениците ќе се следат во текот на целата настава со употреба на различни методи на формативно оценување поврзани со ПЕП стандардите(аналитички листи,рефлексивендневник,чек листи,самооценување,холистички листи,есејски прашања и др.)

3.Микросумативно оценување На крајот од секое тримесечје се оценуваат учениците врз основа на формативното оценување.

4.Сумативно оценување Врз основа на добиените податоци(како и личното портфолио ) од целокупното следење на учениците во текот на реализирањето на Наставната програма се оценуваат учениците(бројчано).Посебно се внимава на различните нивоа на нивните постигања претходно утврдени.

Структура на тематско подрачје Медиумска култура(10- 2 часа) 1.Главни и споредни артисти а),,Спасувачка улога “-Рајко Јовчески б) Главни и споредни артисти Говорна вежба,прераскажување филмови,3 часа

Време на реализација:септември 2.Филмска идеја,1 час

Време на реализација:октомври 3Синопсис-сценарио,1 час

Врема на реализација:март 4.Пишувам сценарио,2 часа

Време на реализација:април 5.Анализа на филм(во работни листови),1 час

Време на реализација:мај Забелешка:Часовите се испреплетени со Литература и лектира,Изразување и творење Забелешка:Екологијата ќе биде дел од подрачјата:Литература,Изразување и творење.


,,Природата е најголемо богатство’’


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.