Dopolnitelna nastava po makedonski jazik za sedmo

Page 1

Дополнителна настава за седмо одделение по македонски јазик Учебна: 2011/2012 год. Училиште : ,,Единство“,Октиси Предметен наставник :Роза Китрозоска Дополнителна настава е дел од воспитно-образовна работа, која училиштето ја организира за учениците на кои им е потребна ваква помош при совладување на содржините кои не можат да ги усвојат за време на редовната настава по македонски јазик.

Цели: -Повторување и усвојување на наставните содржини ,кои во текот на редовната настава,учениците не ги усвоиле или послабо ги владеат;

Цели на наставата по македонски јазик за 7(седмо): Ученикот/ученичката: -да ги разликува основните карактеристики на македонскиот јазик во 19 век и неговиот развој; -да се поттикне правилно да ги употребува акцентските целости во македонскиот литературен јазик; -да ги разликува и правилно да ги употребува глаголските форми; -да се оспособува да ги разликува простите(временски,начински и нелични) и сложените глаголски форми; -да се оспособува правилно да ги употребува неменливите зборови(прилози ,предлози ,сврзници); -да ги разликува независносложените реченици во рамките на сложената реченица; -да ги разликува зборовите според нивното потекло(домашни и странски); -да се оспособува да го применува правописот на одделни форми(при употребата на:ј,љ,њ,в,ф,џ,ќ,ѓ и х); -да се оспособува да ги разликува и објаснува социјалните песни и елегијата; -да се оспособува да ги разликува лирско-епските творби; -да ги препознава и применува стилските фигури:рефрен,градација,апострофа и хипербола; -да се оспособува со свои зборови да пренесе личен настан,мотив од прочитан роман; -да се запознае со литературно-научниот вид :дневник; -да ги познава основните белези на драмскиот текст; -да се оспособува да пишува различни форми(есеј,молба,жалба,записник,форми за автобиографија...);


-да се запознае со синопсис и сценарио за филм).

Наставни форми и методи: Фронтална,индивидуална,групна,работа во парови. Разговор,илустративно-демонстративен метод,текст-метод,објаснување,самостојна работа.

Наставни средства: -Учебник; -речници,енциклопедии,други стручни списанија и прирачници и сл.; -аудитивни и визуелни средства во зависност од потребата; -списанија; -Интернет,образовни софтвери; -други извори на знаења добиени од непосредната околина.

Средства и постапки за вреднување на резултатите: -Вежби од јазик; -говорни и писмени вежби; -домашна задача; -разработка на текстови; При вреднувањето на резултатите се користат различни инструменти присутни и користени и во редовната настава(аналитички лист,листа за проверка,усна повратна информација,писмена повратна информација).

Предлог содржини: Септември 1. Македонскиот јазик во 19 век; Првите македонски просветители и првите македонски учебникари 2. Автобиографијата на Григор Прличев и биографијата на Браќата Миладиновци -читање делови и користење разни извори за собирање податоци 3. Видови лирски песни- социјални песни. 4. Филм-главни и споредни артисти

Октомври 1. Акцент и акцентски целости-вежби 2. Лирско - епски творби- елегија и балада. 3. Содржински и стилски анализи на балади ( народни и уметнички ). 4. Медиумска култура- филмска идеја.


Ноември 1. Нелични глаголски форми-вежби 2. Прости и сложени глаголски форми-вежби 3. Романса ( лирско-епска творба )-читање текстови 4. Анализа на романси.

Декември 1. Минато определено свршено и несвршено време-вежби 2. Заповеден начин-вежби 3. Прилози 4. Рефрен и апострофа-препознавање учени стилски фигури

Јануари 1. Предлози и сврзници. 2. Стилска фигура- хипербола. 3. Обработка и стилска анализа на народни песни. 4. Говор- настап.

Февруари 1. Видови предмет-вежби 2. Структура на сложената реченица-вежби 3. Собирачката дејност на Браќата Миладиновци-разгледување и анализа на содржината на Зборникот 4. Творби со примена на градација-препознавање Март 1. Атрибут и апозиција-вежби 2. Независни и зависносложени реченици, Сврзнички и бесврзнички реченици-вежби 3. Роман и расказ-обработка на текстови


4. Медиумска култура- Синопсис и Сценарио Април 1. Литературно-научен вид- Дневник. 2. Драмски текст- монолог и дијалог, исказ на лик. 3. Речнички состав на македонскиот јазик според потеклото на зборовите. 4. Видови независносложени реченици. Мај 1. Правопис на одделни форми. 2. Различни форми на писмено изразување- автобиографија, есеј, молба, жалба, записник. 3. Самостојно говорење на дадена тема. 4. Прераскажување филмови.

Забелешка:Содржините може да се менуваат во зависност од проценките на наставникот и потребите на учениците ,како и од условите во училиштето. Кога се работи за дополнителната настава мора да се напомене дека се работи за пониски нивоа на знаења и стандарди.

Очекувани резултати: Учениците да ги усвојат и утврдат содржините кои послабо ги владеат во текот на редовната настава.



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.