Dopolnitelna nastava po makedonski jazik za sesto odd.

Page 1

Дополнителна настава по македонски јазик за шесто одделение Учебна: 2011/2012 год. Училиште : ,,Единство“,Октиси Предметен наставник :Роза Китрозоска Дополнителна настава е дел од воспитно-образовна работа, која училиштето ја организира за учениците на кои им е потребна ваква помош при совладување на содржините кои не можат да ги усвојат за време на редовната настава по македонски јазик.

Цели: -Повторување и усвојување на наставните содржини ,кои во текот на редовната настава,учениците не ги усвоиле или послабо ги владеат;

Цели на наставата по македонски јазик за 6(шесто) одделение Ученикот/ученичката: • • • • • • • • • • • • •

да се оспособи да прави разлика меѓу македонскиот јазик во неговиот историски развој,црковнословенските варијанти и појавата на македонските дијалекти; да се оспособи да ги разликува видовите согласки(според начинот на образување) и слоговното р во писменото и усното изразување; да го применува правилото за зборовно акцентирање во македонскиот стандарден јазик во сложените зборови и броевите и правилата за отстапување од третосложното акцентирање; да ги разликува зборовите од именската група зборови(именки ,придавки,заменки и броеви),нивните заеднички и одделни граматички категории; да ги разликува граматичките категории(вид,лице ,број и време) кај глаголите; да ги разликува основните(главните реченични членови) и второстепените членови на реченицата; да ги разликува зборовите со различно лексичко значење во усната и писмената комуникација; да се оспособи за правење разлика и композициска анализа меѓу авторска и народна поезија(стих ,строфа,рима и видови рима); да ги класифицира лирските песни според мотивите; да прави разлика меѓу мит ,легенда и предание; да разликува фабула од содржина и формите на раскажување(1 лице и 3 лице сезнаечки раскажувач); да ги препознава карактеристиките на комедијата и трагедијата,современата драма и радио драмата; да се оспособи за разни форми на пишување ,со посебен акцент на


• • •

креативното пишување; да се оспособи за интерпретирање и вреднување на литературни,сценски,филмски,телевизиски и друг вид медиумски дела; да умее да прави корелација со други наставни подрачја; да се оспособи за примена на информациите до кои се доаѓа преку ИКТ.

Наставни форми и методи: Фронтална,индивидуална,групна,работа во парови. Разговор,илустративно-демонстративен метод,текстметод,објаснување,самостојна работа.

Наставни средства: -Учебник; -речници,енциклопедии,други стручни списанија и прирачници и сл.; -аудитивни и визуелни средства во зависност од потребата; -списанија; -Интернет,образовни софтвери; -други извори на знаења добиени од непосредната околина.

Средства и постапки за вреднување на резултатите: -Вежби од јазик; -говорни и писмени вежби; -домашна задача; -разработка на текстови; При вреднувањето на резултатите се користат различни инструменти присутни и користени и во редовната настава(аналитички лист,листа за проверка,усна повратна информација,писмена повратна информација).

Предлог содржини: Септември 1.Македонска варијанта на старословенскиот јазик 2.Белези на авторската и народната поезија 3.Македонски народни говори 4.Говорни и писмени вежби со различна содржина

Октомври 1.Поделба на согласките според начинот на образување 2.Поделба на лирските песни според мотивите 3.Аудитивни и визуелни елементи во песните 4.Слоготворно и неслоготворно р и согласките на крајот од зборовите


Ноември 1.Акцентот кај сложените зборови и броевите и отстапување од третосложното акцентирање 2.Рима и видови рими според местото на акцентот 3.Стилски фигури:ономатопеја,компарација,метафора 4. Медиумска култура:цртан филм и стрип

Декември 1.Именска група зборови и заеднички граматички категории 2.Граматички категории кај именките 3.Како се пишуваат писмените работи; 4.Разговорот како вид комуникација

Јануари 1.Граматички категории кај глаголите 2.Елементот фабула во прозен текст 3.Хронолошко и ретроспективно раскажување

Февруари 1.Поделба и граматички категории кај придавките 2.Тема и идеја-елементи на прозен текст 3.Исказ на лик:директен и индиректен 4.Говор на лик:монолог и дијалог

Март 1.Бројни форми за лица и приближна бројност 2.Наратор(1во и 3 то лице)-јас ,тој 3.Продолжување на текст по даден почеток 4.Медиумска култура-Документарен филм

Април 1.Второстепен реченичен член-атрибут 2.Лексичко значење на зборовите:синоними,антоними,хомоними,пароними 3.Известување:соопштение и вест 4.Делови на печатено дело:пасус,предговор,поговор,глава ,том

Мај


1.Новосоздадени зборови-неологизми 2.Народна проза:мит,легенда и предание 3.Основни драмски видови:трагедија,комедија,современа драма 4.Забавни и образовни радио емисии. *Забелешка:Содржините може да се менуваат во зависност од проценките на наставникот и потребите на учениците ,како и од условите во училиштето. Кога се работи за дополнителната настава мора да се напомене дека се работи за пониски нивоа на знаења и стандарди. Очекувани резултати: Учениците да ги усвојат и утврдат содржините кои послабо ги владеат во текот на редовната настава.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.