Dodatna nastava za 7(sedmo) po makedonski jazik

Page 1

Додатна настава по македонски јазик за 7(седмо)одделение Учебна 2011/2012 год. ООУ,,Единство“,Октиси Наставник:Роза Китрозоска

*Додатна настава Додатната активност се организира за ученици кои во текот на редовната настава постигнуваат натпросечни резултати и кои покажуваат поголем интерес за проширување на стекнатите знаења.Со додатната настава кај учениците се развиваат креативни способности,ги применуваат знаењата во секојдневниот живот и ги насочува логички да размислуваат.Часовите се одржуваат согласно нормативот и условите во училиштето.

Цели: 1.Проширување на стекнати знаења за содржините од јазик: *историја на македонскиот јазик *фонетика *морфологија *синтакса *речник и стил *правопис -да ги разликува основните карактеристики на македонскиот јазик во 19 век и неговиот развој; -да се поттикне правилно да ги употребува акцентските целости во македонскиот литературен јазик; -да ги разликува и правилно да ги употребува глаголските форми; -да се оспособува да ги разликува простите(временски,начински и нелични) и сложените глаголски форми; -да се оспособува правилно да ги употребува неменливите зборови(прилози ,предлози ,сврзници); -да ги разликува независносложените реченици во рамките на сложената реченица; -да ги разликува зборовите според нивното потекло(домашни и странски); -да се оспособува да го применува правописот на одделни форми(при употребата на:ј,љ,њ,в,ф,џ,ќ,ѓ и х);

2.Проширување на стекнати знаења за содржините од литература и лектира: -да се оспособува да ги разликува и објаснува социјалните песни и елегијата; -да се оспособува да ги разликува лирско-епските творби; -да ги препознава и применува стилските фигури:рефрен,градација,апострофа и хипербола; -да се оспособува со свои зборови да пренесе личен настан,мотив од прочитан роман; -да се запознае со литературно-научниот вид :дневник; -да ги познава основните белези на драмскиот текст; -да анализира и самостојно доживува лектирно дело.


3. Примена на стекнати знаења во изразување и творење: -да се оспособува да пишува различни форми(есеј,молба,жалба,записник,форми за автобиографија...); -да се оспособува за убаво,стилско изразување(писмено и усно);

4.Проширување на стекнати знаења за медиумска култура: -да се запознае со синопсис и сценарио за филм -да се оспособува за анализа на филмски ликови како и препознавање и откривање главни и споредни ликови; -да умее самостојно да доживува гледан филм.

Наставни форми и методи: индивидуална Разговор,илустративно-демонстративен метод,текст-метод,објаснување,самостојна работа.

Наставни средства: -Учебник; -речници,енциклопедии,правопис,граматики и сл.; -аудитивни и визуелни средства во зависност од потребата; -списанија; -Интернет,образовни софтвери; -други извори на знаења добиени од непосредната околина.

Оценување на постигањата на учениците: Учениците ќе се оценуваат со различни инструменти на оценување применети во редовната настава.(УПИ;ППИ;листи за проверка,самооценување...)

Предлог содржини септември Историја на македонскиот јазик -Македонскиот 19 век -истражување и изработка на ѕиден весник;


Октомври Фонетика -Акцентски целости,правила за нивно акцентирање-вежби; Поезија -Видови лирски песни според мотивите; *Социјални песни Поврзување со знаења од претходното одделение -Елегија; Проект и изработено наставно средство по договор со учениците

Ноември Поезија -Балада; -Романса -Поврзување на содржините со содржините од претходниот месец -Творење: Лирска песна со употреба на учени стилски фигури -Активно учество во уредувањето на веб-страната: www.rozemak.ucoz.com

Декември Морфологија -Безлични глаголи; -Нелични глаголски форми; -Прости глаголски форми; -Проширување на знаењата околу читањето и обработката на лектирите.

Јануари Изразување и творење -Говор на тема по договор;

Февруари Синтакса -Структура на проста реченица; -Структура на сложена реченица; Поезија -Употреба на стилски фигури во поезијата-поврзување на сите содржини Изработка на ѕиден весник или презентација со примена на ИКТ.


Март-април Проза -Расказ; -Роман; -Литературно –научни видови; Учество во часови со примена на еко-стандардите и снимање на видео часови

Април Синтакса -Структура на сложена реченица; -Видови независно сложени реченици; -Синтаксичка анализа на реченици Видео часови и дискусија по нив и предлози за нови активности со цел збогатување на наставата.

Мај Изразување и творење -Записник и есеј; Филм -Анализа на филм и содржини од медиумска култура-поврзување *Забелешка:Содржините може да се менуваат во зависност од проценките на наставникот и потребите на учениците ,како и од условите во училиштето. Кога се работи за додатаната настава мора да се напомене дека се работи за повисоки нивоа на знаења и стандарди.Наставникот континуирано ги следи учениците со цел во 8(осмо)одд.да се направи избор на ученик за Државниот натпревар по македонски јазик. Очекувани резултати: Учениците да ги прошират знаењата за содржините кои се обработуваат во текот на редовната настава ,самостојно да истражуваат,изработуваат проекти и активно вклучат во работата на веб-страната www.rozemak.ucoz.com


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.