Тематско -процесно за шесто (ноември)

Page 1

ТЕМАТСКО- ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ 1.Тематска целина 3-ноември 2.Наставен предмет:македонски јазик 3.Одделение на изучување:шесто

Ред. Структура на тематската бр. целина 3.1 Јазик:Морфологија - Видови именкиглаголска именка; - Вежби за видовите именки; - Определеност кај именките; - Вежби за определеност на именките; - Граматичка категорија начин кај глаголите; - Вежби за граматичката категорија начин; - Контролна задача за именки и за глаголи. 3.2 Литература:Проза - Приказ за расказ(за расказот „ Шампион“,во тетратка или во нас.лист); - Видови раскази- „Средба со Аладин“од Р.Давчевски (читање и анализа на текстот); вежби во нас.лист (откривање на видот на расказот преку извадоци од нив); - Задача за на час (од учебникот)-работа во групи (избор од три задачи); - Домашна задача-според задача од учебникот (прочитан научно-

Број на часови обработка на Друг вид нова содржина активност

вкупно

3

4

7

2

2

4


фантастичен расказ); 3.3

Изразување и творење: - Говорна вежба:Презентација на разни видови раскази; - Подготовка за писмена работа (пишување расказ со научно-фантастична содржина- „Разговор со облакот“); - Писмена работа - Поправка на писмените работи (два часа) .

2

3

5

16 часа

Распоред на наставните содржини во временска рамка: 1.Скелетен приказ на текстот „Шампион“; 2.Видови именки-глаголска именка;ИКТ 3.Вежби за видови именки; 4.Читање и анализа на расказот„Средба со Аладин“;Видови раскази;/ИКТ 5. Задача за на час (од учебникот)-работа во групи (избор од дадени задачи); 6. Домашна задача-според задача од учебникот (прочитан научно-фантастичен расказ); 7. Определеност кај именките; 8. Вежба за определеност на именките; 9. Говорна вежба:Презентација на разни видови расказ ИКТ 10. Подготовка за писмена работа (пишување расказ со научно-фантастична содржина- „Разговор со облакот“); 11.Писмена работа; 12. Граматичка категорија начин кај глаголите; 13. Вежби за глаголи и нивни грам.категории; 14.Поправка на писмената работа; 15.Поправка на писмената работа; 16.Контролна задача за именки и глаголи.

од 1.до 8.ноември

од 11. до 16.ноември

од 18. до 23.ноември

Од 25. до 30. ноември


Јазик:Морфологија,3.1 Цели

-Да ги препознава видовите именки;

-да ја препознава глаголската именка; -да ја препознава членуваната именка и да знае правилно да ги членува именките; -да умее да ги примени знаењата за именки (да ги посочува и да го определува видот на именките;правилно да членува); -да умее да ги препознава граматичките категории кај глаголите,односно категоријата начин; -да примени знаење за граматички категории кај глаголите во вежби; -да примени знаење за именки и глаголи во контролна задача. Наставна 1.Видови именки-глаголска именка;ИКТ содржина 2. Вежби за видовите именки; 3.Определеност кај именките; 4. Вежби за определеност на именките; 5. Граматичка категорија начин кај глаголите; 6.Вежби за граматичката категорија начин;ИКТ 7.Контролна задача за именки и глаголи. Активности -Наставникот подготвува вежби,а преку табели сликовито се претставени учени содржини од морфологија, со цел повторување на содржини од морфологија(именки и учени видови именки) ; -Наставникот подготвил Импрес или Прези презентација со цел повторување на учените содржини за именки од претходните одделенија; -Наставникот ги поттикнува учениците на активности поврзани со именки и видови именки со цел поврзување со новите содржини за видови именкиглаголска именка(1); -Новата содржина за глаголска именка се обработува со откривање преку вежби; Пример:игра-играње;пее-пеење;купува-купување соопштение;признание;уверение,издание -Учениците учествуваат во изработка на вежбите и во презентирањето на одговорите и откриваат како се образува глаголска именка; -Посебно се нагласува поврзаноста на глаголската именка и со глаголот(има глаголска основа и значи име на дејство во најопшт вид без укажување на вршител) и со именката(во среден род,има еднина и множина,се членува).Се нагласува дека во понатамошните одделенија ќе се утврди повторно глаголската именка, во делот за нелични глаголски форми. -Наставникот подготвува вежби за глаголски именки: -посочување во реченици глаголски именки Пример:Смеењето е здравје. -трансформирање на глаголи во глаголски именки Пример:гледа-гледање;оди-одење;грее-греење и др. -самостојно пишување реченици со глаголски именки Пример:Раѓањето на мојата внука ми е најубав момент од животот.


Вежбите за видовите именки(2) ќе бидат комбинација од изучените содржини од претходните одделенија; -работа со текст(текстот може да биде напишан на табла или на нас.лист,а и во Импрес или друга презентација заедно со одговорите)-во текстот ќе има различни видови именки,а учениците ќе ги откриваат и поставуваат во табела според барањата: сопствени

општи конкретни

збирни

глаголска именка

апстрактни

-Наставникот и учениците заедно по одреденото време ги проверуваат одговорите и се дава УПИ,а учениците се самооценуваат во парови,разменуваат тетратки и забележуваат колку грешки има другарчето; Пример за текст: Радост Селма,Амела,Тамара и Ремзије тргнаа кон училиштето.Во дворот ги пречека многу народ.Учениците се насобрале и нестрпливо чекаа да тргнат кон паркираните автобуси.Весело пеење се слушаше од група нивни другарчиња.Радост и возбуда се гледаше на сите лица.Тука се и родителите.Толку свет немало одамна во училишното игралиште. Ѕвонење,строење и тргнување кон Скопје.Децата се подготвени за авантура. -Резултатите ќе бидат дел од наставничкото портфолио; -Наставникот преку прашање-одговор врши континуирано поврзување на содржините од морфологија во македонскиот јазик; -Наставникот подготвува табели,шеми ,илустрации и текстови- Определеност кај именките(3); -Наставникот дава краток текст од учебникот со цел објаснување на поимот определеност на именките(стр.19) -Со помош на различни техники,учениците откриваат како се определуваат именките и кои се членските морфеми за сите три рода и двата броја ; -Наставникот упатува кон размислување преку конкретни примери; Пример за определеност на именките: Прашања 1. Од дадениот пример определи кои се членските наставки за именките од машки род, еднина и множина? Молив-моливот,моливов,моливон Моливите,молививе,моливине 2. Од дадениот пример определи кои се членските наставки за именките од женски род, еднина и множина? Клупа-клупата,клупава,клупана Клупите,клупиве,клупине 3. Од дадениот пример определи кои се членските наставки за именките од среден род, еднина и множина?

Одговори 1. еднина:-от,-ов,-он; множина:-те,-ве,-не

2.еднина:-та,-ва,-на Множина:-те,-ве,-не

3.еднина:-то,-во,-но Множина:-та,-ва,-на


Дете-детето,детево,детено Децата,децава,децана 4. Дали се членуваат сопствените именки? (Амзо,Љупчо,Едина,Наталија,Струга, Октиси...)

4.Не се членуваат(но можно е кај некои,кога изразуваме посебен однос на говорителот.Пример: Денес, Македонијава многу студена! Часот-вежби за определеност(4) ќе биде исполнет со различен тип вежби: -работа со текст-се посочува текст од учебникот и се бараат членувани именки; -работа со реченици-учениците пишуваат по пет реченици во кои има барем по една членувана именка,а потоа со другарчето во клупата ги разменуваат тетратките и проверуваат дали е точно; -работа со зборови-учениците добиваат именки кои треба да ги членуваат; (брзината и точноста ќе го даде победникот во оваа вежба). Пред да биде усвоена содржината за граматичката категорија начин кај глаголите(5) се подготвуваат вежби со цел повторување изучени содржини за глаголи. Пример за вежби-глаголи:

Прашања 1.Пронајди ги глаголите во следниве реченици: -Имер пие овошен сок. -Девојчето скока со јаже. -Фудбалерите тренираа на теренот. 2. Што се искажува со глаголите?

Средства и услови Ресурси

Одговори 1. пие скока тренираа 2. Зборови со кои се означува дејство и состојба. 3. три-прво,второ,трето 4.два-еднина и множина 5. сегашно,минато и идно

3.Колку лица имаат глаголите? 4.Колку броја имаат глаголите? 5.Кои се основните глаголски времиња? -Наставникот подготвил реченици од кои учениците посочуваат глаголи и ги определуваат досега изучените грам.категории; -Глаголите во речениците се употребени со различен начин,па наставникот со прашања ги насочува кон заклучоци за грам.категорија начин. -Наставникот ги упатува кон шемата во учебникот,од која учениците ќе ја согледаат трансформацијата на трите начини. -Во тетратките учениците ги трансформираат речениците од исказен во можен и во заповеден начин,а потоа ги кажуваат одговорите во кои ги примениле стекнатите знаења. -Со помош на ИКТ,се подготвуваат шеми и вежби(презентации) за утврдување и проверување на знаењата за граматичката категорија начин(6); -Учениците активно учествуваат во решавањето на вежбите со цел стекнување и утврдување знаења за овие содржини; -наставникот изработува вежби-игри со цел полесно совладување на содржините од јазик; -Учениците решаваат контролни задачи(7) изработени од наставникот, со цел утврдување и проверување на содржините како и вреднување и оценување на знаењата. Стандардно опремена училница,учебник,шеми,табели.табла,креда,креди во боја,тетратки,ИКТ-изработени вежби(игри),текстови за вежби и др. Импрес или Прези презентации за именки и глаголи; www.rozemak.ucoz.com


Форми и методи Оценување

Индивидуална,парови,групна,фронтална;разговор,пишување,презентирање, текст-метод,објаснување,илустративно-демонстративен метод(др. методи кои ќе произлезат во текот на работата) Преку активностите:шеми,табели,УПИ,ППИ,дискусија,белешки за следење на учениците и др.ПЕП стандарди.

Вреднување,измени и дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________

Литература: Проза,3.2

Цели

-Да умее самостојно да анализира текст; -да ги препознава елементите и видот на расказот; -да ги согледува особеностите на текст кој го чита; -да знае да даде солиден одговор за задача која сам ќе ја одбере,а се однесува на познат текст; -да ги примени знаењата во вежби за проверка и вреднување на знаењата; -да изработи ѕиден весник; -да учествува во пишување написи за блогот и веб- страницата по македонски јазик

Наставна содржина

1.Скелетен приказ за расказ(за расказот „ Шампион“,во тетратка или во нас.лист); 2.Видови раскази- „Средба со Аладин“од Р.Давчевски (читање и анализа на текстот); вежби во нас.лист (откривање на видот на расказот преку извадоци од нив);ИКТ 3.Задача за на час (од учебникот)-работа во групи (избор од дадени задачи); 4.Домашна задача-според задача од учебникот (прочитан научнофантастичен расказ); Активности -Наставникот дава упатства за извршување на задачата:Скелетен приказ на текстот „Шампион“(1) во наст.листови или во тетратките(тогаш приказот е напишан на табла). -ПРИМЕР: 1.Реченица(за што се зборува во текстот) _____________________________________________________ 2.Мисла(за најважното во текстот) _____________________________________________________ 3.Еден збор(ја објаснува содржината) _____________________________________________________ 4.Симбол или слика(со која би ја претставил содржината) __________________________________________________


Средства и услови

5.Боја(со која би ја претставил содржината) ______________________________________________________ Вреднување на знаењата:За презентираните прикази учениците добиваат усна и писмена повратна информација за сработеното. 2.Видови раскази- „Средба со Аладин“од Р.Давчевски (читање и анализа на текстот); вежби во нас.лист (откривање на видот на расказот преку извадоци од нив) -Повторување на елементите(особините) на расказот-ИКТ како вид куса прозна творба; -Текстот„Средба со Аладин“-Р.Давчевски, прво го читаат во себе,а потоа го читаат дел по дел на глас,применувајќи ги знаењата за изразно читање; -Со прашањата од учебникот и од наставникот,ја интерпретираат содржината на текстот; -Доаѓаат до заклучоци за особините на научно-фантастичниот расказ-цитирајќи ги тие делови од текстот; -Со помош на наставен лист се презентираат извадоци од различни видови раскази според содржина:реалистични,хумористични,фантастични,сатирични, семејни,филозофски и др. 3.Задача за на час (од учебникот)-работа во групи (избор од дадени задачи); -Наставникот дава објаснување за задачата која ги очекува;ги дели во групи;тој ги координира активностите,ја следи работата на учениците,го објаснува оценувањето. -Учениците сами одбираат која задача ќе ја одберат од посочените во учебникот под насловот задача за час;пишуваат,илустрираат и ги презентираат одговорите,а и самите се оценуваат според табелата што веќе ја имаат од претходните активности. Задачи: (според текстовите од учебникот-Средба со Аладин и Расказ за цветот) 1.Подели го текстот по делови и дај им наслови; 2.Опиши ги ликовите од текстот. 3.Илустрирај! Вреднување на знаењата:Наставникот дава прво усна,а потоа и писмена повратна информација(во листот и во досието) според оваа табела на барања: 1.Точност и прецизност во одговорите на задачите. 2.Стилски средени,јасни и богати реченици. 3.Правопис,уредност на листот и разбирлив,читлив ракопис. 4.Домашна задача-според задача од учебникот (прочитан научнофантастичен расказ); -Наставникот прегледува домашна задача; -Ученици читаат дом.задачи,се води дискусија за презентациите,за позитивните,но и за елементите кои не задоволуваат; -Наставникот ги собира листовите со дом.задача,објаснува дека ќе ги прегледа и ќе ги оцени,ќе напише писмена повратна информација; потоа ќе им ги предаде на увид, па ќе бидат дел од нивното досие; -Наставникот ги разгледува прочитаните задачи,укажува на правописните грешки кои ученици ги пишуваат на табла и ги коригираат со објаснување на правописното правило. -Најдобрите раскази-разработки ќе бидат објавени на www.rozemak.ucoz.com I www.rozemak.blogspot.com ; -Учениците изработуваат ѕиден весник за видови раскази(додатна работа); -По содржините може да се сними видео час. Училница,учебник,табла,креда,тетратки,библиотека,интернет,дополнителна литература и др.


Форми и методи Оценување

Фронтална, индивидуална,групна,парови;разговор,текстметод,пишување,илустративно-демонстративен метод,анализа, дискусија,презентирање и други методи што ќе произлезат од работата Преку активностите и вежбите:УПИ,самооценување,скала за проценка,холистичка листа,следење со белешки од страна на наставникот,листи за проверка и др.ПЕП стандарди.

Вреднување,измени,дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________

Изразување и творење,3.3 Цели

-Да применува знаења од јазик и литература во писмената работа; -да се оспособува аргументирано да дискутира со стилски збогатени реченици; -да работи тимски согледувајќи ги нејзините карактеристики; -да применува правила од правопис и правоговор при прераскажувањето; -да се изразува убаво со стилски, збогатени реченици. Наставна 1.Говорна вежба:Презентација на разни видови раскази ИКТ содржина 2.Подготовка за писмена работа (пишување расказ со научно-фантастична содржина- „Разговор со облакот“); 3.Прва писмена работа; 4.Поправка на писмената работа(општа) 5.Поправка на писмената работа(индивидуална); Активности -Претходна подготовка како задача дадена на учениците: да прочитаат разни видови раскази; -Како подготовка ,наставникот подготвува презентација(1) или наоѓа аудио,видео записи од раскази кои се проследуваат на час; -На часот се анализираат особините на расказот,особено сличностите и разликите во обработените теми; 2.Подготовка за писмена работа (пишување расказ со научно-фантастична содржина- „Разговор со облакот“); -Наставникот дава упатства за писмената работа,за начинот на творење,за критериумите за оценување на самата писмена; -Дава тема за писмена работа: „Разговор со облакот“ -На часот за подготовка се пишуварасказ со научно-фантастична содржина; -По упатствата ,учениците самостојно работат писмено изразувајќи се,а потоа се чита и се дискутира ,се советува, со цел успешно изработена писмена работа; -На часот за писмена работа учениците работат самостојно по дадената тема(во проза); -Наставникот ги оценува писмените работи,а оценката се пишува во дневник; -на часовите за поправка се анализира писмената(Општо-најчестите јазично –


Средства и услови Форми и методи Оценување

стилски грешки,се дискутира околу композицијата на составите,содржината...),се читаат најдобрите изработки;индивидуално-секој ученик по консултација со наставникот ги поправа своите грешки во тетратката); -Дел од составите се поставуваат на веб-страницата и ѕидниот весник; Училница,табла,креда,учебник ,упатства за работа ,тетратки,тетратки за писмена работа, потребни извори кои ќе произлезат од самите часови. Фронтална,индивидуална,групна;разговор,текст метод,илустративнодемонстративен метод,пишување,објаснување Преку активностите и вежбите:УПИ,ППИ,самооценување,дискусија,белешки за следење на учениците ,листа за проверка-презентацијата .

Вреднување,измени,дополнување на планирањето

___________________________________________________________ ___________________________________________________________ Интеграција(поврзување) на часовите: Час: 2, 3, 7, 8, 12, 13,16 - Видови именки-глаголска именка - Вежби за видовите именки - Определеност кај именките - Вежби за определеност на именките - Граматичка категорија начин кај глаголите - Вежби за граматичката категорија начин (и во наст.листови) - Контролна задача за именки и за глаголи Час: 1, 4, 5, 6 -Скелетен приказ за расказ(за расказот „ Шампион“,во тетратка или во наст.листови) - Видови раскази- „Средба со Аладин“од Р.Давчевски (читање и анализа на текстот); вежби во наст.листови (откривање на видот на расказот преку извадоци од нив) - Задача за на час (од учебникот)-работа во групи (избор од дадени задачи) - Домашна задача-според задача од учебникот (прочитан научно-фантастичен расказ) Час:9,10, 11, 14, 15 - Говорна вежба:Презентација на различни видови раскази - Подготовка за писмена работа (пишување расказ со научнофантастична содржина- „Разговор со облакот“) - Писмена работа - Поправка на писмените работи (два часа)

Очекувани резултати по третата тематска целина


- изработува скелетен приказ на текст; - препознава видови именки; - знае и образува глаголски именки ; - посочува различни видови раскази; - работи во група,соработува и успешно одговара по избрана задача; - знае и членува именки; - препознава категорија начин кај глаголите; -пишува расказ; -да применува правила од правопис и правоговор при творење; -да се изразува убаво со стилски, збогатени реченици; -да применува знаења од јазик и литература во писмената работа; - применува знаења во вежби за проверка и вреднување на знаењата; - изработува содржини за ѕиден весник; - учествува во пишување написи за блогот и веб- страницата по македонски јазик; -да користи извори за подготовка наставна содржина(библиотека,интернет, дополнителна литература и др.).

Примена на ИКТ во третата тематска целина Наставна содржина 1.Видови именкиглаголска именка; 2. Вежби за граматичката категорија начин 3. Видови раскази„Средба со Аладин“од Р.Давчевски (читање и анализа на текстот); вежби во нас.лист (откривање на видот на расказот преку извадоци од нив) 4. Говорна вежба:Презентација на разни видови раскази

Време на реализација Ресурси ноември www.rozemak.ucoz.com www.rozemakrozemak.blogspot.com Flashcards,Prezi ноември www.rozemak.ucoz.com www.rozemakrozemak.blogspot.com ноември www.rozemak.ucoz.com www.rozemakrozemak.blogspot.com

ноември

www.rozemak.ucoz.com www.rozemakrozemak.blogspot.com www.makedonski.info


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.