Folklor i Mit

Page 1

ФОЛКЛОРОТ И МИТОТ КАКО ИЗВОР НА ЛИТЕРАТУРАТА Мит е збор кој води потекло од грчкиот збор mythos - говор , јазик , кажување приказна. Се смета дека митот настанал многу одамна како потреба на човекот да го организира хаосот создавајќи го редот , поредокот . Примитивниот човек поттикнат од желбата да проникне во тајните на природните појави немајќи научни сознанија за светот и животот , измислувал фантастични објаснувања и со својата слободна фантазија почнал да ги толкува тие појави создавајќи приказни на кои ние и денес им се восхитуваме . Митовите се дело на народниот гениј , тие се колективно народно творештво што се создадени уште во првобитното општество . Според својата суштина митот ја претставува првобитната поезија , наука и теологија , со други зборови , првобитната култура . Белези на митовите: а) митско време; б) митски простор; в) митска свест.

Митско време- митот нема историско време. Неговото време е измислено (фиктивно)).

Митски простор- во митот секогаш постои средишно место во кое е сместен некој храм, светилиште или планина што претставува „оска на светот“.

Митска свест- различните форми на култура кај секој народ овозможуваат и специфичен облик на мислење. Митовите се поделени на: 1. Митови за настанувањето на животните и растенијата. а) Митови кои сметаат дека човекот настанал од животно (тотем).Таквите животни се сметаат за свети и тие се заштитени со забрана за лов (табу). б) Митови кои сметаат дека животните и растенијата се настанати од луѓе (пример: митот за Нарцис). 2. Митови за настанувањето на небеските тела. 3. Космогониски митови (митови за настанувањето на вселената како целина, за создавање на космосот (редот) од (хаосот - нередот);Во нив е предадено настанувањето на светот благодарение на моќта на еден бог (пр.:Библијата). 4. Есхатолошки митови (митови за крајот на светот).Како последица на човековиот неморал, поретко како казна од боговите доаѓа до одредени состојби, (како потопи) кои го уништуваат светот. 5. Митови за потеклото- почетокот на употребата на определени средства, орудија. 6. Аграрни митови- митови кои го раскажуваат кружниот пат на вегетативниот циклус на растенијата. 7. Култни митови- митови кои го објаснуваат настанувањето на некои ритуали (ритуалот на иницијација*) 8. Етиолошки митови- митови за некоја одредена одлика на некоја појава пр.: зошто лисицата е итра). Митовите се сакрални (свети) творби, а не литературни, тие се во тесна врска со литературата, бидејќи имаат раскажувачка структура, ама не се литература, но затоа и` служат на литературата како извор на мотиви употребувани до денденес.

Влијанија на митот


Митовите се пренесувале усно од поколение на поколение и придонесле за развивање на говорот.  Многу митови се поврзани со важни историски настани.  Митовите послужиле како инспирација и извор за создавање врвни уметнички дела , од антика до наши денови.  Најмногубројни митови се создадени во сумерската, древноиндиската, египетската,древногрчката и римската литература.

игра (ора), како и народната материјална култура -ликовна орнаментика, народни носии, занаети, архитектура итн. Народната литература води потекло од митологијата. Од обредните песни посветени на божествата и од митолошките приказни подоцна се развиле нови литературни творби познати како народна литература. Првите создадени песни го означиле и појавувањето на првобитната синкретична уметност, бидејќи биле придружувани со музика, мимика и игра. Секој народ има луѓе кои се креативни и талентирани за нешто.

Белези на народното творештво: Разни народи со текот на времето создавале бројни митски приказни оформувајќи збир од митови наречен митологија. Сите делови на светот имаат своја митологија, но најпознати се: египетската, сумерската, индиската, кинеската,старогрчка, римската и др. Под поимот фолклор се подразбира усното ворештво на еден народ, кое се пренесувало од поколение на поколение и во одреден момент некој собирач го запишал. Фолклорот е англиски збор и значи народно знаење. Се појавил уште во времето на неолитот и е тесно поврзан со појавата на говорот. Сите народи создавале творби кои се именувани како народно творештво. Тоа се пренесувало усно од генерација на генерација, затоа што во тоа време се` уште немало писмо. Тоа творештво е наречено народна литератураили анонимна литература и неа ја сочинуваат: песни, гатанки, пословици, приказни, преданија, легенди и др. Фолклорот уште ги опфаќа народната музика,народните ора,везот и накитот. Фолклор е целокупното духовно творештво на еден народ. Тука ја подразбираме освен народната литература и севкупната народна традиција и народните обичаи, народните верувања, народната музика и

1. Устен начин на создавање(се`уште нема писмо), 2. Анонимност (неговиот автор е непознат). 3. Варијантност и колективност. 4. Традиција во колективното создавање.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.